Skip to main content

Автор: инфодеск

Прашалник

Новата сезона на емисијата „Прашалник“ со толкувач на знаковен јазик

Post Views: 98 Започна новата сезона на дебатната емисија Прашалник на Регионална ТВМ телевизија. Оваа, петта сезона  за прв пат се воведува толкувач на знаковен јазик. Целта на ТВМ, единствената приватна телевизија  во регионот,  е приближување на  темите од локално и регионално значење до лицата со оштетен слух.Вклучувањето на толкувач на знаковен јазик засега е само препорака за медиумите, но од следната година ќе биде и законска обврска.ТВМ телевизија години наназад го има прилагодено и Дневникот , еден од информативните појаси е прилагоден за глуви и наглуви...

Продолжи со читање

Сончево со температура до 22 степени

Post Views: 45 Денеска во Охрид сончево време со слаб ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 22 степени.Во недела попладне и во понеделник облачноста ќе се зголеми, ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 5 до 7 степени. Од вторник повторно ќе биде во постепен пораст.фото: фејсбук Зоран Киклески

Продолжи со читање

ГКК Охрид победа над Соколи

ГКК Охрид ќе го донира приходот од влезниците од утрешниот натпревар

Post Views: 62 Градскиот кошаркарски клуб Охрид, кој за прв пат во историјата е дел од првата лига, парите собрани од карти од утрешниот натпревар ќе ги донира за хуманитарни цели за граѓани на Охрид кои собираат пари за лекување. ГКК Охрид утре во 18 часот игра со со ФМП Академија во второто коло од Првата кошаркарска лига.Кошаркарите и тренерот велат нивната амбиција е да останат во првата лига.“Нашите амбиции се да го задржиме местото во првата лига каде што од ланската сезона се задржани сите играчи кои ја сочинуваа екипата во втоа лига. Сега сме засилени со...

Продолжи со читање

Се поставува атмосферска канализација на ул “Караорман”

Post Views: 49 Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведба на атмосферска канализација на улицата „Караорман“.Линијата е во должина од 145 метри, а се поставуваат цевки со Ф50 и Ф95.Вредноста на зафатот изнесува 1 332 058 денари, средства од буџетот на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Охрид кеј ружи, фото Ѓоко СИМЈАНОСКИ

Променливо облачно со сончеви периоди

Post Views: 51 Денеска во Охрид времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 22 степени.За време на викендот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во недела попладне и во понеделник ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе допринесе дневната температура во понеделник да опадне за 4 до 6 степени.

Продолжи со читање

Учебници

Комисијата за заштита од дискриминација ќе го тужи МОН поради недостигот на учебници

Post Views: 36 Поради недостигот на учебници, деневовие ќе биде поднесена тужба против државата односно  министерството за образование  Тужбата ја поднесува Комисијата за спречување и заштита од дискриминација а ја изработува Македонското здружение на млади правници.Одлуката е донесена поради повреда на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема група ученици од основното образование, извршена со необезбедување учебници по секој предмет и на сите јазици на кои се изведува наставата во задолжителното деветгодишно образование.„Ќе...

Продолжи со читање

Улици Орман

Се асфалтираат улици во Орман

Post Views: 48 Денеска се одвиваат активности за асфалтирање на локални улици во село Орман, објави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на Фејсбук.„Во рамки на зафатот предвидено е да се асфалтираа во должина од 500 метри и ширина од 3 метри.“ – информира градоначалникот.Средствата за овој зафат се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Во Струга започна Првата светска конференција за верски дијалог и соработка

Post Views: 57 На отворањето на Првата светска конференција за верски дијалог и соработка, во Струга, присутните ги поздрави министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која потенцираше дека темата на оваа конференција „Религиозните конфликти во светот: Причини и можни решенија“   е секогаш исклучителна, важна и, за жал, постојано актуелна.„Затоа сме тука – заедно да ги детектираме причините, да разговараме, да трагаме и да препорачаме можни решенија и да дадеме поддршка на ваквите мисии. Да најдеме начин како најдобро да учествуваме во овие процеси за да...

Продолжи со читање