Автор: инфодеск
Post Views: 48 ЈП Градски Пазар Охрид објави оглас за давање под закуп објекти (деловен простор) за период од две години.Деловните простории се наоѓаат во административниот објект на јавното претпријатие на ул. Булевар Туристичка бр.79 Охрид.Деловен простор евидентиран на кп бр.14766/4 со вкупна квадатура од 30 м2 и означен како деловен простор бр.3, со почетна цена на јавното наддавање од 14,349.56 денари или 0,5% од проценентата вредност на овластениот проценител.Деловен простор евидентиран на кп бр.14766/4 со вкупна квадатура од 30 м2 и означен како...
Дневната евтина тарифа на струјата ќе стартува во декември
Post Views: 43 Дневната евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски.“Енергетската криза го зголеми темпото на енергетската транзиција и инвестициите во обновливи извори ја намалија значајно цената на електрична енергија преку ден, со што се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден.“...
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Post Views: 42 Министерството за труд и социјална политика информира дека од денеска почнува исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за септември.“Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка од денеска ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.“ – се наведува во соопштението.За оние кои немаат дебитни картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во филијалите и експозитурите на банките.
Поевтинуваат бензините
Post Views: 43 Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за три денари. Нема промени на цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 83,50 денари, а 85,5 денари ќе чини ЕУРОСУПЕР БС – 98.Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува 86 денари за литар, а на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85 денари. За 1,691 денар се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 46,976...
Се гради детско игралиште во Косел
Post Views: 60 Започнаа градежни активности за изградба на детско игралиште во Косел, информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков преку објава на Фејсбук.„Во моментов се работи на партерно уредување, по што ќе следува поставување на соодветни детски реквизити.“ – напиша градоначалникот.Средствата за иградба на игралиштетот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.
ЈУНП Галичица ќе спроведе оценување на ефикасноста на управувањето со заштитеното подрачје
Post Views: 55 На ден 12.10.2023 (Четврток), ЈУНП Галичица ќе спроведе процес на оценување на ефикасноста со управувањето со Заштитеното подрачје Национален Парк Галичица со помош на МЕТТ4 алатката, со засегнати и заинтересирани страни.Јавната установа Национален парк Галичица (ЈУНПГ) поминува низ процес на оценување на ефективноста на управувањето со паркот со помош на Management Effectives Tracking Toll (METT 4).„Оваа алатка е глобално распространета и една од најчесто користените за оценување на ефективноста на управувањето со заштитените подрачја. Изработена е од...
Отворен ден во градската библиотека и бесплатно членство за млади
Post Views: 58 Во рамки на одбележувањето на Неделата на млади, Клубот на млади од Црвен крст Охрид во соработка со НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во петок (6 октомври ) организира отворен ден.Во периодот од 8:30 до 18:30 часот, сите млади читатели од прва година во средно образование, па се’ до 29 годишна возраст кои ќе ја посетат библиотеката, ќе добијат бесплатно годишно членство во библиотеката.Целта на оваа активност е поттикнување на љубовта кон книгата и читањето меѓу младите.Црвен крст – Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“ Ве канат во светот на...
Сончево со температура до 23 степени
Post Views: 33 Денеска во Охрид ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Утринската температура до 10 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 23 степени.Во Македонија ќе преовладува сончево време со умерена, а на места повремено со значителна облачност. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во петок наместа ќе има значителна облачност, а претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Во недела во поголем дел од...







