Skip to main content

Автор: инфодеск

Прекин на водоснабдувањето на “15ти Корпус” и дел од “7ми Ноември”

Post Views: 41 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 14:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: “15ти Корпус”, дел од „7ми Ноември“ и сите споредни улици на потегот од кружниот тек кај ЕМУЦ до бензиската пумпа Макпетрол, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Продолжи со читање

Струга Црн Дрим

Во петок Струга неколку часа без вода

Post Views: 55 Поради изведување работи од страна на „ЕВН“ на 06.10.2023 год. (петок) ќе биде прекинато снабдувањето со вода за пиење на целата територија на општина Струга.Прекин во водоснабдувањето ќе има во период од 09:30 до 12:00 часот, информираат од ЈП „Водовод и Kанализација”-Струга

Продолжи со читање

цени

„Гарантираните цени’ не го подобруваат животниот стандард на граѓаните

Post Views: 64 И покрај воведувањето на гарантирани цени на основните прехрамбени производи, односно намалување од 10%, граѓаните се жалат на високите цени. Велат дека едвај врзуваат крај со крај. Цените на лебот  и пекарските производи, млеко и млечни производи, месото, тестенините се уште се превисоки. Најпогодени се пензионерите со ниски месечни примања.„По мое мислење европски ги имаат направено цените за овде и за домашните. Пензионер овде тешко да опстане, каде се другите трошоци, струја да дојде данок или други трошоци. Болен ако остане каде? По мое мислење цените се...

Продолжи со читање

Јабланица

Приведени македонски и албански државјанин, затекнати при пустошење шума на Јабланица

Post Views: 42 Полициски службеници на Единицата за брзо распоредување во подножјето на планинскиот врв Стрижак на планината Јабланица го лишиле од слобода албанскиот државјанин Ф.Н.(41), затекнат при нелегална сеча на шума, поради што се сомничи дека сторил кривично дело „пустошење на шума“, казниво по член 226 од Кривичниот законик, информираа денеска од МВР.„При преглед на теренот, била пронајдена и локацијата каде што исечените дрва биле складирани и подготвени за транспорт, каде бил затекнат на И.Б.(50) од с.Велешта, струшко, со патничко возило „ауди“, а на...

Продолжи со читање

Охриѓанец доби кривична пријава за бесправно градење

Post Views: 41 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 57 годишен жител на Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.„Тој, на катарстарска парцела на улицата „Даме Груев” во Охрид, спротивно на Законот за градба и без соодветна документација за градба, издадена од надлежен државен орган, бесправно изградил стамбен објект за домување.“ – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Брачен пар од Холандија десет години по ред годишниот одмор го поминува во Охрид

Post Views: 41 Брачен пар од Холандија една деценија летува на брегот на Охридското Езеро. Тие се вистински вљубеници во Охрид. Покрај природата, културното богатство, најмногу им се допаѓа вкусната македонска храна и гостопримливоста на луѓето.„Многу ни е убаво, па еве годинава е десетти пат како доаѓаме на одмор во Охрид. Луѓето , најмногу ни се допаѓаат бидејќи се многу фини и пријателски расположени и токму затоа доаѓаме”, вели гостин од Холандија.Неговата сопруга вели дека имаат создадено голем број пријателства во Охрид што ги прави посебно...

Продолжи со читање

Пијано концерт

„Балет за четири раце“- пијано концерт во петок во големата сала на Општина Охрид

Post Views: 42 Во петок со почеток во 19 часот во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи концерт „БАЛЕТ ЗА ЧЕТИРИ РАЦЕ“.На концертот ќе настапи пијано дуо Нина Костова и Ивона Базгалоска.На програмата се дела на П. И. Чајковски, С. Рахмањинов и С. Лангер.Настанот е поддржан од Општина Охрид .

Продолжи со читање

Игралиште Лескајца

Лескајца доби повеќенаменско игралиште

Post Views: 77 И Лескајца добива повеќенаменско игралиште. Игралиштето е во склоп на ОУ “Братство единство”, објави денеска на социјалната мрежа Фејсбук, градоначалникот на Охрид, Кирили Пецаков.На игралиштето поставени се спортските реквизити, теренот е ограден со заштитна ограда и поставена е специјализирана подлога.

Продолжи со читање