Skip to main content

Автор: инфодеск

Карневалско лудило во Вевчани

Post Views: 567 Првиот човек на општина Вевчани ја повика јавноста да не замерува за маските, василичарите немаат намера да навредат никого ни по верска, ни по национална основа.Има многу хумор многу сатира и тоа е убавината на овој карневал. Ќе ја прикажат годината онаква каква што била со сите позитивности и негативности во неа. Не треба да бидеме суетни. Тоа се маски кои не сакаат никого да навредат или повредат никакви национални или верски чувства. Во овој театар на отворено ако се види многу грубост не треба да се груби ако видите многу вулгарност не треба да сте...

Продолжи со читање

Манастирскиот комплекс Св. Наум во зимски амбиент

Post Views: 608 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа прекрасни фотографии од манастирскиот комплекс Св. Наум. Фотографиите ги испрати Ивана Христовска која вели дека откако го видела билбордот на ТиСиТвојотГрад во Охрид, одлучила да направи убави слики од Св. Наум и нашиот прекрасен Охрид.Денес ќе имате можност да уживате во фотографии направени во околината на Св. Наум, а деновиве ќе ви ги претставиме и останатите фотографии од Ивана Христовска.Сите Вие, кои што сакате да учествувате во „Ти си твојот град“, Вашите слики испратете ги на нашата...

Продолжи со читање

За Божик бесплатен паркинг во Охрид

Post Views: 220 ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека ден 07. 01. 2022 (петок) јавниот градски паркинг со кој стопанисува јавното претпријатие ќе е бесплатен за сите нејзини корисници.Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Божик и на таков начин ЈП “Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на христовото раѓање.  ЈП „Билјанини Извори“ им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет. За многу години “Христос се роди” – се вели во...

Продолжи со читање

Камиони го оштетуваат новиот асфалт

Post Views: 510 Слика во коментар на социјалните мрежи ни испрати Марјан Ѓузелоски кој реагира на нова база за песок сместена на улицата 15-ти корпус во Охрид. Ова е неговиот коментар : Нова база за песок, шљунак и камен на ул. 15-ти корпус каде со камионите за транспорт и машините за утовар го оштетуваат и валкаат новиот асфалт на улицата која е пуштена во употреба пред 3 месеци – вели Ѓузелоски за „Ти си твојот град“.

Продолжи со читање

Кривична за жител на Радолишта кој дивеел во Струга

Post Views: 295 ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.Е. (22) од струшкото село Радолишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. Тој на 12.12.2021 во угостителски објект на улица „Ристо Крле” во Струга упатил закани кон А.Р. (24) од Струга, а потоа го оштетил инвентарот и опремата во објектот – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

МАСОВНА ТЕПАЧКА НА СКИ-ТЕРЕНИТЕ ВО МАВРОВО

Post Views: 413 На ски-терените во Маврово, во неделата околу 14 часот избила жестока тепачка која не била со голи раце, меѓу лица од Гостивар и неколкумина косовски државјани кои меѓусебно тешко се повредиле, јавија во САКАМДАКАЖАМ.МК очевидци на настанот кои скијале на падините.По пријавата во полиција, околу 18:15 часот полицијата привела осум лица, четворица од Гостивар: Б.Д.(29),Г.Ѓ.(25), М.Ѓ.(41) и С.Ѓ.(30), и четворица Косово: Ј.О.(27), Д.О.(30), Ф.О.(29) и А.О.(19).Во тепачката кај бачилото на галичкиот ски-лифт биле користени и скии и стапови за скијање, а две...

Продолжи со читање

Коронавирусот не е глупост

Post Views: 612 Пост на Фејсбук сугерира луѓето да престанат да носат маски „за се да се врати во нормала“, бидејќи тие биле основа на сите глупости. Маските штитат од пренесување на коронавирусот и има научни истражувања кои го докажуваат тоа. Ако во постот под глупости се подразбира пандемијата, која го зафати цел свет, тогаш воопшто не станува збор за никаква глупост.Само прекинете да носите маски и ќе видите како сè ќе се врати во нормала. Маскиве се основа на сите овие глупости. Без основата сè ќе се распадне. Бидете достоинствени и сами одлучувајте за...

Продолжи со читање

Столе Димитриевски пред трансфер во Барселона

Post Views: 430 Во пресрет на јануарскиот преоден рок медиумите во Шпанија објавија дека македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е пред можен трансфер во Барселона.Чуварот на мрежата на Рајо Ваљекано во првиот дел од сезоната брани во одлична форма и е еден од најзаслужните за четвртото место на табелата. Димитриевски е најдобриот голман во лигата со највисок процент на одбранети удари кон неговиот гол. Има одлична година зад себе, не само во дресот на Рајо туку и во репрезентацијата на Македонија. Тој сигурно дека би бил резерва на Тер Штеген, но има квалитет и...

Продолжи со читање

Вакцините против ковид не содржат отров

Post Views: 596 Рецензираме пост на Фејсбук во којшто се тврди дека вакцините се отровни. Иако експлицитно не се наведува видот на вакцината, сепак, поради тоа што повеќепати од страна на антивакцинални кругови е проширена дезинформацијата дека вакцините против ковид-19 се отровни, а и поради контекстот на масовна имунизација против ковид, може да се заклучи дека се алудира на овие вакцини.Арно ама, не е вистина дека вакцините против ковид содржат отров. Во минатото во повеќе различни наврати, се тврдеше дека ,,отровот” потекнува од различни места , на пример, дека вакцините...

Продолжи со читање

Пуштени во оптек фалсификувани евра во Струга

Post Views: 260 На 24-ти септември 2021 година, во Полициската станица во Струга било пријавено дека во три спортски обложувалници во Струга биле пуштени во оптек фалсификувани евра.Според пријавеното, во трите обложувалници, во периодот од 21:00 до 21:30 часот влегле по три лица и од вработени размениле фалсификувани банкноти од по 100 евра. Банкнотите биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случаите – информираат од МВР.

Продолжи со читање

Денеска стартува летот Санкт Петербург – Скопје

Post Views: 344 Со летот што треба да пристигне денеска во 13:35 часот на Меѓународниот аеродром Скопје, руската авиокомпанија „Нордвинд Ерлајнс” ја стартува новата авиолинија Санкт Петербург – Скопје.Како што соопшти компанијата, летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник.По повод воспоставувањето на новата линија, на аеродромската платформа ќе обратат министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, генералниот директор на ТАВ Македонија, Метин Батак и претставникот на Нордвинд, Ибрахим Јилдиз.На 4-ти јуни годинава „Нордвинд Ерлајнс” почна со директни летови...

Продолжи со читање

Пештани во вечерните часови

Post Views: 1.027 Мануела Гигоска во склоп на „Ти си твојот град“ ни испрати прекрасни слики од селото Пештани, кои се направени во вечерните часови. Пештани е доста атрактивно туристичко место, а покрај домашните гости, голем е бројот на посетители од странство кои доаѓаат да уживаат во убавините со кои изобилува овој дел од Охридскиот регион.

Продолжи со читање