Skip to main content

Автор: инфодеск

Прекин вода

Прекин на водоснабдувањето на ул. “Гоце Делчев” и сите споредни улици

Post Views: 42 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 09:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата: “Гоце Делчев”, вклучувајќи ги и сите споредни улици на потегот од Дрвара до Здружение на возачи, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Продолжи со читање

Акција за чистење на дното на Охридско Езеро кај Пештани

Post Views: 49 Согласно годишната програма на Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад за 2023 година, на 30.09.2023 година се одржа акција за чистење на дното на Охридското Езеро пред село Пештани.Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња и покуќнина.Чистењето го реализираше „Клубот за подводни активности“, а целта на акцијата е подигање на јавната свест на населението за заштита на Охридското Езеро.

Продолжи со читање

канео

Сончево со температура до 23 степени

Post Views: 49 По свежото утро со температура до 9 степени, преку денот во Охрид ќе имаме сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната дневна температура до 23 степени.Во четврток и петок во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и услови за појава на краткотраен локален дожд претежно во западните делови од земјата.

Продолжи со читање

Јавен повик за еднократен паричен надоместок за студенти од семејства во социјален ризик

Post Views: 70 Градоначалникот на општина Oхрид го објави Јавниот повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина Охрид за академската 2023/2024 година.Општина Охрид, во врска со својата надлежност за социјална заштита за академската 2023/2024 година ќе додели еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои студираат надвор од општина Охрид и потекнуваат од семејства со социјален ризик, а се со место на живеење во општина Охрид.Потребните...

Продолжи со читање

Во Црвена Вода и Белчишта одбележани 80 години од Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ

Post Views: 92 Денес во Црвена Вода и Белчишта, беше одбележан јубилејот 80 години од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, до македонскиот народ, на 03 Октомври 1943 година. Овој значаен датум од историјата е патронен празник на општина Дебрца.Во село Црвена Вода делегации од Општина Дебрца и општинсата организација на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓани продолжувачи ја посетија Спомен собата на ГШ НОВ и ПОМ и се одржа историски час, а во село Белчишта беше промовирана обновената Спомен соба од НОБ.Во Дебрца се испишани најсветлите страници од...

Продолжи со читање

игралиште Пештани

Заврши изградбата на повеќенаменското игралиште во Пештани

Post Views: 46 Активностите за изградба на повеќенаменско игралиште во Пештани завршија. Игралиштето е опремено со спортски реквизити за баскет и мал фудбал, обложено со специјална подлога и поставена е заштитна ограда.Реализацијата на ова игралиште е во рамки на проектот за изградба на повеќенаменски игралишта на територијата на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Работа на пат

Дел од ул „Димитар Влахов“ утре затворен за сообраќај

Post Views: 42 Заради изведување на градежни активности, утре на 04.10.2023 година (среда) ќе биде затворена за сообраќај улицата „Димитар Влахов“, на потегот од пресекот со улица „Караорман“ до пресекот со улица „Јане Сандански“.Сообраќајот на овој потег од улицата ќе биде прекинат во периодот од 7 часот до завршување на градежните активности.Местото на изведување на градежните работи ќе биде соодветно означено и обележано.

Продолжи со читање

нобелова-физика

Нобелова за физика за тројца научници за истражување на светот на електроните

Post Views: 52 Пјер Агостини, Ференц Краус и Ен Л’Хилие ја добија Нобеловата награда за физика за 2023. Тие ја добија наградата за „експериментални методи кои генерираат атосекундни пулсирања на светлина за проучување на динамиката на електроните во материјата“, објави Нобеловиот Комитет.„Експериментите на лауреатите произведоа пулсирања на светлина толку кратки што се мерат во атосекунди, што покажува дека овие импулси може да се користат за да се добијат слики од процеси во атомите и молекулите“, објави Кралската шведска академија на науките.„Нивните експерименти...

Продолжи со читање