Skip to main content

Автор: инфодеск

Над 70 илјади пријавени, 22 илјади веќе вакцинирани против сезонски грип

Post Views: 139 Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонски грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70 илјади граѓани, а вакцинирани се повеќе од 22 илјади лица низ државата.Вакцинацијата се спроведува на 35 вакцинални пункта, а сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку својот матичен лекар.Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, меѓу кои: лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца од 6 месеци до...

Продолжи со читање

16. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура во Охрид

Post Views: 112 Народната банка на Република Северна Македонија и Централната банка на Холандија денеска и утре во Охрид ја организираат 16. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на заедничко разгледување на можностите и предизвиците во областа на платежните услуги.На годинашната конференција, која се одржува под мотото „Преповрзување на плаќањата за дигиталната ера – приклучувањето кон СЕПА: Ново поглавје за плаќањата“, се очекува присуство на претставниците на централни банки, деловни банки, финтек-компании, небанкарски...

Продолжи со читање

Четврток претпремиера, петок премиера на театарската претстава „Парите се отепувачка“

Post Views: 203 Четврток и петок, охриѓани ќе уживаат во најновото драмско остварување на Народен театар Охрид, драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле.Во претставата играат Стрезо Стаматовски (Митре), Филип Кипровски (Анѓеле), Марија Новак (Мара), Адријана Билаловиќ – Тодороска (Ката) и Никола Тодороски (Софре). Адаптацијата и режија е на Андреј Цветановски, сцена, костими и видео дизајн Сергеј Светозарев, а за музиката е задолжен Димитар Андоновски.Премиерата е закажана за петок, 31 октомври, а претпремиерата ќе се одржи ден претходно, на 30 октомври,...

Продолжи со читање

Земјотрес во западна Турција, повредени над 22 лица

Post Views: 147 Силен земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала денеска ја погоди провинцијата Баликесир во Турција. Земјотресот беше почувствуван во околните провинции, особено во Истанбул, Измир и Бурса. Само неколку минути по првиот потрес, истата област ја погоди уште еден земјотрес со јачина од 4,2 степени.Според последните информации, урнати се три згради, а пристигнати се над 500 пријави за оштетени објекти. Властите изјавија дека спортските сали, училиштата и џамиите се отворени како засолништа и дека образовниот процес денеска е прекинат.

Продолжи со читање

Светите четириесет битолски преподобномаченици

Post Views: 108Кога, според неиспитливото допуштение на Господа, Турците муслимани нападнаа на православните народи на Балканот, по поробувањето на Прилеп, дојдоа да го освојат градот Битола, во 1385 година. По четиримесечна опсада, кога успеаја во освојувањето, се оддадоа на секаков вид убивања, опустошувања, поробувања, насилство, колежи, пљачкање, разорување на домови и свештени храмови, а се зафатија и со насилно исламизирање на православниот народ. Но, откако мноштвото верни покажаа силен и необичен отпор, беззакониците особено се устремија да постигнат одрекување од...

Продолжи со читање

УХМР: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Post Views: 109 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Од УХМР во нивното соопштение додаваат дека под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура наместа ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла.Минималните температури во Охрид од 7, а максималните до 13 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Во петок за најмладите детскaта интерактивна претстава „Другарство“

Post Views: 138 Во рамки на програмата „За сите деца“ на Општина Охрид под мотото „Културата расте со децата“, овој петок на сцената во Охрид мол ќе биде прикажана детската интерактивна претстава „Другарство“.Приказната е во изведба на „Провокација“, а почетокот е закажан за во 19 часот.

Продолжи со читање

Во петок „Креативна есенска работилница“ во просториите на Младински Центар Охрид  

Post Views: 127 Во просториите на Младински Центар Охрид во петок ќе се одржи „Креативна есенска работилница“.-Време е да ја разбудиме креативноста и да ја почувствуваме магијата на есента! Ќе создадеме нешто убаво, инспирирано од боите и топлината на ова годишно време, велат од Младински Центар Охрид.Материјалите се обезбедени од организаторот, а работилницата започнува во 14:30 часот.

Продолжи со читање

Ново поскапување на горивата

Post Views: 121 Од ноќеска на полноќ дизел горивата поскапуваат за еден денар по литар, а цената на бензините се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Со одлуката зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати е во просек за 0,88 отсто повеќе во споредба на претходната пресметка.Новата малопродажна цена на еуросупер БС – 95 е 73,5 денари за литар, еуросупер БС – 98 ќе се продава за 75,5, еуродизел БС (Д-Е V) за 68, а екстра лесното масло за горење ЕЛ-1) за 67,5...

Продолжи со читање

Два златни и два бронзени медали за таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ на „Дубровник Опен 2025“

Post Views: 287 Таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид, член на Македонската традиционална таеквондо федерација, викендов учествуваше на меѓународниот натпревар „Дубровник Опен 2025“ во Хрватска. На турнирот настапија над 700 натпреварувачи од 9 европски земји – Хрватска, Словенија, Србија, БиХ, Албанија, Бугарија, Полска, Австрија и Македонија.Боите на охридскиот клуб, под водство на Христијана Парулеска, ги бранеа пет млади натпреварувачки кои се натпреваруваа во дисциплината форми. И покрај силната конкуренција, тие постигнаа одличен успех, освојувајќи два...

Продолжи со читање

Прличевци дел од завршната мобилност на проектот „Climate Change Data Journalism“ во Турција

Post Views: 201 Од ООУ „Григор Прличев“ информираат за нивната последна посета во Ескишехир, Турција, во рамките на завршната мобилност од Erasmus+ проектот Climate Change Data Journalism, заедно со наставници од партнер-училиштето од Италија и координаторите од Португалија.-Со оваа завршна мобилност беа финализирани сите проектни активности во траење од две години. Горди сме што нашето училиште имаше успешно претставување во семејството на Erasmus+, бидејќи квалитетната работа, посветеноста и трудот секогаш го наоѓаат својот пат, се вели во нивното...

Продолжи со читање

Денес извлекување на наградите од хуманитарната акција „За посреќно детство“

Post Views: 107 Денес со почеток во 19 часот ќе биде извршено извлекувањето на добитниците на 30 вредни награди од овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“.Во соработка со Мега Продукција, извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на линкот.-Доколку биде извлечен бројот на вашето талонче, истото треба да го приложите во просториите на Црвен крст Охрид за да ја подигнете наградата. Во овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ беа собрани 50.364...

Продолжи со читање