Автор: инфодеск
Views: 241 Поради дефект на водоводната мрежа, денес од 10:00 часот, неколку часа без вода ќе останат корисниците од делови на улиците „Булевар Туристичка“, „Галичица“, „Никола Карев“ и „Мирче Ацев“.Од ЈП „Водовод“ – Охрид информираат дека нивни екипи се на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот.
Мироносица рамноапостолна Марија Магдалина
Views: 156 Мироносица рамноапостолна. Родум од местото Магдала крај Генисаретското Езеро, од племето Исахарово, заради што е наречена Магдалина. Претходно мачена од седум зли духови, од кои ја ослободи Господ Исус и ја направи здрава. Верна следбеничка и служителка на Господа за време на Неговиот земен живот. Стоеше под Крстот на Голгота заедно со Пресветата Богородица и тагуваше горко. По смртта на Господа трипати го посети Неговиот гроб. Кога Господ воскресна, таа Го виде двапати: еднаш додека беше сама, а вториот пат заедно со останатите жени Мироносици. Отпатува во Рим, излезе пред...
Сончево и топло до 33 степени
Views: 144 Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Денес во Охрид минималните температури од 16, а максималните до 33 степени Целзиусови.
Слика што не доликува: Автомобил со скопски регистарски таблички паркиран врз ѓубре во старото градско јадро
Views: 707 Несовесното паркирање повторно предизвика негодување кај жителите и посетителите на стариот дел од Охрид, откако автомобил со скопски регистарски таблички беше забележан паркиран директно врз куп отпад, наместо на соодветно место за паркирање. Оваа слика испрати понижувачка порака и остави впечаток дека никој не води грижа за редот и заштитата на еден од највредните делови на градот.-Освен неодговорното паркирање, се поставува и сериозно прашање, како воопшто ова возило влегло во стариот дел на градот, каде што режимот на сообраќај е строго регулиран? Дали некој го...
Полициски билтен: Физички напади во Велгошти и Охрид, приведен охриѓанец за семејно насилство
Views: 283 Во текот на изминатото деноноќие, СВР Охрид евидентираше повеќе случаи на физички напади, како и едно лишување од слобода по пријава за семејно насилство.На 2 август 2026 година, во 00:20 часот, во СВР Охрид било пријавено дека по спортски натпревар во охридското село Велгошти, едно лице физички, а потоа и со метален предмет, нападнало 55-годишен жител на Вевчани, при што му било оштетено и неговото патничко моторно возило. Со повреди се здобиле и уште две лица од Вевчани. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.Истиот...
Од 10 до 14 август, Недела на млади во Младинскиот центар Охрид
Views: 238 Младинскиот центар Охрид, во соработка со Општина Охрид, од 10 до 14 август ќе ја организира манифестацијата „Недела на млади 2026“, која ќе понуди низа креативни, едукативни и забавни активности по повод Меѓународниот ден на младите.Програмата започнува на 10 август со Летна школа за гитара, која ќе се одржува секој ден од 10:00 до 14:00 часот, како и Летна школа за Flipbook анимација од 10:00 до 12:00 часот во просториите на Младинскиот центар.Истиот ден, со почеток во 19:00 часот, ќе биде организирано свечено отворање на манифестацијата, изложба, проекција на...
Австриецот Рикардо Гартнер и годинава беше дел од Илинденскиот коњички марш во Ташмаруништа
Views: 273 Австриецот Рикардо Гартнер и годинава беше дел од коњичкиот марш по повод Илинден во струшкото село Ташмаруништа. Облечен како комита, рамо до рамо со војводите и комитите, им оддаде почит на илинденците, покажувајќи дека споменот на Илинден ги поврзува луѓето без разлика од каде доаѓаат.Рикардо е од Австрија, но е оженет со вевчанка. Го научил македонскиот јазик, го зборува течно и не пропушта да биде дел од чествувањето на Денот на републиката.„Знаеме дека е голем државен празник. И лани бев овде, а денес сум комита. Повеќепати доаѓаме во Македонија, а секое лето...
Сончево и многу топло, започнува период на екстремни горештини
Views: 270 Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.Денес во Охрид температурите од 16 до 32 степени Целзиусови.До крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 33°C, а на некои места ќе надмине 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.









