Автор: инфодеск
Post Views: 283 Последните години забележано е ширум светот во морињата и океаните дека е се поголем бројот на медузите, феномен кој научниците го припишуваат на прекумерниот риболов и на климатските промени. Медузите денес се присутни во сите океани и мориња без разлика на температурта на водата. На истражувачите им е тешко да го предвидат развојот на оваа глобална инвазија бидејќи не располагаат со информации за развојот во минатото. Најпогодени се рибарите, особено оние кои ловат околу Јапонија. Медузите кои се размножуваат во тие води се изузетно големи и тешки. Мрежите каде...
Исчезнувањето на малезискиот авион било добро испланирно
Post Views: 288 Пилот и новинар, авторите на книгата “Добра ноќ Малезија 370”, повеќе месеци ги анализирале сите докази за исчезнувањето на авионот и дошле до шокантни откритија. Исчезнувањето на малезискиот авион MH370 бил добро испланиран и ни малку случен настан. Ова го тврдат во својата книга новозеландските автори Ewan Wilson, пилот на комерцијални авионски летови и Geof Tylor, новинар во Waikito Times. Wilson рекол, а пренесува Daily Mail, дека нивниот заклучок во книгата “Добра ноќ малезија 370” ќе ги шокира сите оние кои патуваат со авиони. “По прв пат ја претставуваме...
Неверојатна приказна за 15 годишен претприемач
Post Views: 262 Кога на 13 години имал илјада долари, тој не ги потрошил, туку ги вложил и заработил 100 илјади долари, а со 15 години ја отворил фирмата која има повеќе од 20 вработени. Eric Finman на 13 години добил од баба му илјада долари – иако многу негови врсници би ги потрошиле за нов компјутер, iPhone, Плеј стејшн и слично, Eric воопшто не размислувал за тоа туку својот капитал го вложил во онлајн валутата bitcoin и таа своја инвестиција ја продал една година подоцна, а 1000 долари ги претворил во 100.000. Ова дете не се задоволило ниту со таа сума, па решил и тоа да го...
Чаша која вреди 200 долари
Post Views: 275 Било потребно седум години стартап фирмата Mark-one да го развие својот голем производ – паметната супер чаша Vessyl, која ќе чини 200 долари. Како што пренесуваат американските медиуми, станува збор за чаша со волумен од 0.38 литри која се напојува со батерија, а има овозможена блутут врска и смартфон синхронизација. Оваа чаша работи на следниот принцип: ја полните со било каков пијалок и на дисплејот ќе добиете прецизно покажување што пиете. Редакцијата на порталот Верџ ја тестирале чашата со неколку десетици различни напитоци и Vessyl без исклучоци секој пат...
Откритие кое би можело да ја смени картата на светот
Post Views: 258 Наскоро на картата на светот можеби ќе се додаде уште еден океан, меѓутоа овој е скриен стотици километри под површината на земјата. Новото истражување тврди дека скриениот океан е сместен во длабочините под земјината површина на околу 640 километри длабочина под Северна Америка. Скриениот резервоар, наводно е заклучен во плав кристален минерал, и може да содржи три пати повеќе вода отколку сите океани заедно на површината на земјата. Доказите за постоењето на масивниот резервоар на вода ги пронашле истражувачите од универзитетот Northwest на чело со Steven...
Необичен и нелегален подарок за роденден
Post Views: 271 Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун, добил подарок за својот 70 роденден од боливијскиот претседател Ево Моралес, колач направен од лисја на кока. Бан Ки-мун се наоѓа во посета на Боливија во градот Санта Круз на состанок на групата G77, на кој се разговара за мерките за сузбивање на сиромаштијата, пренесува Reuters. Коката се користи за производство на кокаин, а домаќинот Моралес, е поранешен производител на кока кој долго ја бранел легалната употреба на ова растение како “древен ритуал” во правење чај, слатки и лекови. Народот во регионот на...
Интересни факти за брендот Drogerie Markt – DM
Post Views: 294 Ланецот дрогерии DM ви е најверојатно познат бренд, но еве некои факти за оваа германска компанија која е присутна и кај нас. Компанијата DM е основана 1973 година кога се отвора и првата продавница во Карлсруе, Германија. Првата продавница во Австрија е отворена во 1976 година Компанијата денес е застапена во 12 европски земји – Австрија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Чешка, Германија, Унгарија, Романија, Србија, Словачка и Македонија. Drogerie Markt денес вкупно има 2.893 канцеларии. Компанијата има преку 49.314 вработени. Во изминатата работна година отстварила...
Се случило неверојатно откритие
Post Views: 280 Неверојатно откритие се случило во луксузната лондонска населба Wards Wharf, додека сниматели следеле судски извршители кои биле на задача по сосем друга основа. Имено, телевизиската екипа на британскиот Канал5 снимала емисија за судски извршители кога случајно пронашле 8,5 милиони долари во дрвена кутија која била скриена во еден стан. Неверојатното откритие се случило додека снимателите ги следеле судските извршители кои биле на задача по сосем друга основа. Не е објавено како дошло до пронаоѓање на овие пари, но веднаш била повикана полицијата која ги...
Еве како Џорџ Буш постариот го прослави својот 90 роденден
Post Views: 289 Екс претседателот Џорџ Буш постариот го прослави својот 90 роденден со скок со падобран во близина на својата куќа во Мејн. Тој скокнал од хеликоптер од висина од околу 1850 метри, во тандем со пензионирани членови на падобранската единица на американската војска, пренесува АР. На Буш, кој боледува од паркинсонова болест и не може да ги користи нозете, ова му бил осми скок со падобран. “Денес е прекрасен ден во Мејн и доволно добар за скок со падобран”, најавил Буш на Твитер, кој на ист начин го прославил и 85 роденден. Стотина луѓе се собрале на карпестиот брег...
Некогаш освојуваше медали а сега муштерии
Post Views: 273 Беше позната гимнастичарка, која својата татковина ја претставуваше на разни меѓународни натпревари, и има освоено сребрен медал на светско првенство, сребрен медал на европско првенство, и злато и сребо на јуниорско европско првенство. Флориса Леонида (27) беше позната романска гимнастичарка, меѓутоа јавноста се шокира кога дозна од што живее таа сега. Бидејќи од гимнастика не можела да живее, а како тренер во Романија можела да заработи само неколку стотини евра што било недоволно да ја издржува фамилијата, Флориса пронашла извор на полесна заработувачка....
Едноставно решение за разладување
Post Views: 296 Топлотниот бран сигурно спаѓа во непријатните појави ако немате клима уред. Меѓутоа постои една метода која може да помогне. Многу е тешко за време на топлотниот бран да одржувате пријатна температура на просторијата ако немате клима уред. Се што ви е потребно е вентилатор, вода и сол. Во шест мали шишиња ставете вода и по две до три лажици сол, а потоа ставете ги во замрзнувач. Утредента извадете ги и ставете ги пред вентилаторот а под шишињата ставете некоја подлога да ја собира водата која ќе капе. Кога и да ја користите оваа метода потребно е да ја замрзнувате...
Истражувачот кој го пронајде Титаник повторно во акција
Post Views: 271 Американскиот научник и истражувач Robert Ballard кој е заслужен за откривање на Титаник во 1985 година, тргна во нова експедиција по Карибите и Мексиканскиот залив. За командантот на Nautilus, скоро четири месеци ќе ги истражуа екосоставите и тектонските пореметувања во тој регион. „Тргна нашата експедиција 2104. Се упативме кон првото место на нуркање и предвидуваме дека прв пат ќе се нурнеме околу Bimini на Bahami”, пишува екипата на својата интернет страница. Љубителите на нуркањето можат директно да го следат истражувањето на големиот брод долг 65 метри на...