Автор: инфодеск
Post Views: 16 Од денес до недела на ФФМ тренинг центарот „Петар Милошевски” ќе се играат натпреварите од финалниот турнир од Детска Лига за сезона 2022/23.Турнирот започна денес , а ќе трае заклучно со недела во 13:30 часот. На ФФМ тренинг центарот учество ќе земат најуспешните 96 екипи од цела Македонија, поделени во 6 натпреварувачки категории (2010 – 2015).Од Охрид ќе учествуваат екипите на ФК Некст Левел, ФК Евро Фудбал и ОСК Фер Плеј, како и Јанг Тим од Струга.Ова е завршница на годишеното издание на Детската лига при Фудбалската федерација на...
„Нов материјал“ стенд ап во култниот JAZZ INN
Post Views: 10 Во недела на 28ми мај, во култниот клуб за џез и комедија JAZZ INN, стенд-ап шоу „Нов материјал“.Не пропуштајте ултра интензивна вечер. За вежбање на вашите стомачни мускули ќе се погрижат:Зоран Донев, Никола Тодороски, Никола Братучед Сиљаноски, Илија Богданоски.Билети може да се резервираат на 075 283 066 или онлајн на линкот https://shorturl.at/hvKS0Билет 250 ден.JAZZ INN 28.05.2023 старт 20:00 часот.
Средба на градоначалникот Пецаков со германската амбасадорка Дрекслер
Post Views: 19 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со новоименуваната германска амбасадорка во земјава Н.Е. Петра Дрекслер.На средбата се разговараше за Евро атланските интеграции на Р. Македонија и за неопходноста од реформи во повеќе општествени сфери со цел враќање на довербата кај народот во државниот систем.Заеднички беше заклучено дека двете држави Македонија и Германија може да работат на зајакнување на соработката во областа на туризмот преку ...
Комуналец и Нискоградба добија модерни возила за подобри услуги за граѓаните
Post Views: 25 ЈП „Охридски комуналец“ и ЈП „Нискоградба“ добија современи возила – трактори од најновата генерација на мешовитата компанија „Солис Јанмар“ кои се опремени со дополнителна механизација за вршење на комунални теренски активности. Со новата опрема ќе се подобрат услугите на овие јавни претпријатија. Новата опрема е набавена во рамки на регионалниот проект „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“ кој Општина Охрид го реализира во партнерство со Центарот за развој на Југозападниот плански регион.Градоначалникот Кирил Пецаков информираше дека...
Во државава загрижувачки многу се пушат цигари
Post Views: 19 Пушењето и употребата на тутун во нашата држава е на загрижувачки високо ниво, покажуваат резултатите од направените студии за бихевиоралните и културолошки аспекти за употребата и откажување од тутунот. Половина од населението секојдневно консумира цигари и производи од тутун. 70% од нив започнале да пушат на возраст до 21 година. Пушачите, просечно пушат по 18 цигари на ден – скоро една кутија. Република Северна Македонија е една од земјите со највисока преваленца на пушење тутун во европскиот регион на СЗО.Денеска се одржа национална презентација на...
Се превртел трактор полн со матуранти во Хрватска, околу 30 повредени
Post Views: 14 Тракторот со приколка во кој се наоѓале матурантите излетал од патот Лабин-Пртлог при што десеттина ученици се здобиле со повреди и биле пренесени во Општата болница во Пула и КБЦ Риека .Најголем дел од повредите се предизвикани од остри камења, објави порталот истарски.хр. Според првичните информации нема потешко повредени, но триесетина од нив се здобиле со полесни физички повреди. Повеќе од десет амбулантни возила од цела Истра се упатиле кон Пртлог.Несреќата се случила околу 10:40 часот на патот Лабин – Пртлог. Според неофицијални информации,...
Две лица се обиделе да украдат Голф на булевар Железничка
Post Views: 8 На 26.05.2023 година во 01.15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата на булеварот Железничка со улицата „Кленоец” во Охрид, две лица се обиделе со употреба на сила да влезат во патнички автомобил „Голф” со охридски регистарски ознаки, сопственост на Г.К.(44) од Охрид и притоа го оштетиле. Се преземаат мерки за расчситување на настанот, информираат од СВР Охрид.
Од 1-ви јули повторно дневна евтина тарифа, а ДДВ за струјата се враќа на 18%
Post Views: 19 Од први јули оваа година, граѓаните повторно ќе имаат можност да користат евтина дневна тарифа на електричната енергија, најави во интервју за утринската програма на Телевизија Телма, вице премиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи.„Се прават последните анализи дали може да се врати евтината тарифа и таа најверојатно ќе биде вратена од први јули, кажа Битиќи, додавајќи дека цената на електричната енергија ја утврдува Регулаторната комисија за енергетика преку соодветни параметри.„Ние пред година и половина кога донесовме...
