Автор: инфодеск
Post Views: 42 ВМРО-ДПМНЕ денеска од Охрид започнува со теренска кампања „Важно е! Од тебе зависат промените“.Кампањата, како што информираат од ВМРО – ДПМНЕ, ќе биде во два дела. Во текот на неделата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе има по две теренски посети на општини, каде што ќе оствари средби со голем број на целни групи, како и средби со граѓани. Најавени се и по две дебати во текот на неделата во различни општини.Денеска на стартот на кампањата, во 12:00 часот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе оствари средба со туристичките...
Поради дефект без вода ќе бидат Лескоец, Велгошти и Горно Лакочереј
Post Views: 74 Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната цевка со профил ф450 мм) , денес од 08:30 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улицата: “Јордан Мијалков ” и селата Лескоец, Велгошти и Горно Лакочереј, информираат од ЈП Водовод Охрид.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Сончево со температура до 22 степени
Post Views: 49 Времето денеска во Охрид, по свежото утро со температура до 8 степени, преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Максималната дневна температура ќе достигне 22 степени.Стабилно време метеоролозите најавуваат и за среда. Во четврток и петок во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.
Казнети 39 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината
Post Views: 51 На 01.10.2023 во периодот од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 39 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-10, Струга-11, Кичево-15,Дебар-03), информираат од СВР Охрид.
Поевтинуваат бензините, дизелот поскап за полoвина денар
Post Views: 58 Од полноќ поевтинуваат Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Со новата одлука на РКЕ, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 0,25 проценти.Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а Еуросупер БС-98 за половина денар. Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 86 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 88, 5 денари за литар. Новата цена на дизелот ќе биде 86 денари за литар. Непроменета останува малопродажната цена на Екстра...
Црвен крст Охрид го одбележа Меѓународниот ден на старите лица
Post Views: 52 Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Охрид и оваа година се вклучи во одбележувањето на 1 Октомври, Меѓународниот ден на старите лица, воспоставен од страна на Обединетите нации во 1990 година. Целта на одбележување на овој ден е да се охрабруваат земјите во светот да привлечат внимание и да ги оспорат негативните стереотипи и заблуди за постарите лица и стареењето и да им овозможат на постарите лица да го реалзираат својот потенцијал.Годинава, темата на одбележувањето на 1 Октомври е „Исполнување на ветувањата од...
Кај учениците расте интересот за угостителско туристичките струки
Post Views: 51 Расте интересот за угостителско -туристичките струки, кај учениците, но, потребен е посериозен пристап за стимулирање и задржување на најдефицитарниот кадар на пазарот на трудот.Да се мотивираат младите за вработување во угостителскиот сектор преку зголемување на платите, редовен работен однос и ценење на струката.Изминатава летна сезона, поради недостиг на стручен кадар, кој редовно заминува во странство, поголемиот дел од учениците беа сезонски ангажирани во хотелите и рестораните.„Оваа година и Регионалниот центар бележи раст на бројот...
Успешно реализиран проектот „Екологијата дел од нашата култура“
Post Views: 105 Со повеќе еко акции за чистење на струшкото крајбрежје на потегот од Евро хотел до Елен камен, подводно чистење на езерото, мапирање на еколошки чисти плажи, и едукативна работилница успешно се реализира проектот „Екологија, дел од нашата култура“ како дел од програмата на Министерството за животна средина и просторно планирање.Во рамките на проектот, кој има за цел подигнување на еколошката свест, изработен е и видео спот преку кој младите испратија силни и јасни пораки за здрава и чиста животна средина.„Младите, помогнати од граѓаните кои се...







