Автор: инфодеск
Post Views: 37 Денеска во Охрид снчево време со умерен до засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до 23 степени.Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време со повремена умерена облачност. Во понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во четврток и петок ќе има делумно зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.
Над 200 ученици од Балканот во Охрид се натпреваруваат во готварство, угостителство и туризам
Post Views: 98 Регионaлниот центар за средно стручно образование “Ванчо Питошески”- Охрид, е домаќин на единаесеттиот по ред, Меѓународен натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта (GATUS – 2023).Над 200 учесници од 15 училишта од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Србија, Црна Гора и Република Македонија се натпреваруваат во дисциплините, угостителско послужување и подготовка на туристички аранжман, со акцент на планинскиот рурален туризам.Директорот на Регионaлниот центар за средно стручно образование и обука...
Привршува поставувањето нова атмосферска канализација на ул. „7ми Ноември“
Post Views: 55 Градежните активности за поставување на нова атмосферска канализација на улицата „7ми Ноември“ привршуваат. Градоначалникот Кирил Пецаков изврши увид на активностите.„Можам да констатирам дека градежните зафати се одвиваат според предвидената динамика.“- вели градоначалникот.OLYMPUS DIGITAL CAMERAВо моментов се прават приклучоци за атмосферска канализација со пресеците на улиците „Егејска“, „Кленоец“ и „Васил Главинов“, додека паралелно со тоа се одвива и спуштањето на каблите под земја.Во наредниот период предвидено е да започнат активностите за...
ЈП „Нискоградба“ набави багер со кој ќе се подобри ефикасноста во работата
Post Views: 40 Со сопствени средства, ЈП „Нискоградба“ Охрид набави багер – натоварувач. Во кругот на јавното претпријатие денеска беше извршена презентација за можностите на возилото.Вредноста на багерот изнесува околу 7 милиони денари.„За споредба во минатото за потребите на јавното претпријатие се ангажираше ваква механизација која чинеше околу 3 милиони денари годишно, што значи дека со средствата кои се одвојувале за ангажирање на ваква механизација за околу 2 години, ние набавивме исти таков багер кој ќе остане во сопственост на ЈП „Нискоградба“. –...
Од 1-ви октомври поевтинува јавниот паркинг во Охрид
Post Views: 107 Од 1 октомври ќе има измена на цените на паркинг услугите кои ги стопанисува ЈП “Билјанини Извори”.„Од 1 октомври цените на сите зони, вклучувајќи ја и Премиум зона, ќе изнесуваат 30 денари за секој еден час паркирање на јавно паркиралиште со кое ние стопанисуваме. За потсетување досегашните цени за користење на зона А и Б изнесуваа 40 денари за еден час паркинг додека зона Премиум 100 денари за еден час паркинг. Измената важи за период од 01. 10. 2023 до 31. 03. 2024 година.“ – информираат од ЈП „Билјанини извори“Од јавното...
Велгоштанец се однесувал агресивно и недолично кон средношколки во училишен двор
Post Views: 46 На 28.09.2023 во 15.05 часот во СВР Охрид, од средно училиште во Охрид било пријавено дека околу 12.00 часот во дворот на училиштето, лице од с.Велгошти се однесувал агресивно и недолично кон две ученички во училиштето.Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.
Кардиолошки центар Охрид го одбележува Светскиот ден на срцето
Post Views: 90 ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид го одбележува Светскиот ден на срцето под мотото „Користи го срцето! – Познавај го срцето!“„Годинашното мото на Светскиот ден на срцето, кој се одбележува денес на сите континенти во светот, а во организација на Светската федерација за срце, бројни стручни здравствени здруженија, медицински установи и невладини организации не потсетува дека срцето треба да си го сакаме и да го познаваме- Затоа што го сакаме и чуваме само она што го знаеме! Затоа што кога знаеме повеќе ние можеме подобро...
Викендов граѓаните на Охрид и Струга ќе се информираат за бесплатна правна помош
Post Views: 50 Утре (30.09.2023 ) од 9:00ч пред градскиот пазар во Струга и на 01.10.2023 (недела) во 9:00ч пред градскиот пазар во Охрид ќе се се одржи промоција на програмата за Бесплатна правна помош за граѓаните од Струга и Охрид.Целта е да се информираат граѓаните на општините Охрид и Струга како може да го искористат системот за правна помош, што опфаќа бесплатната правна помош, кои се условите да ја остварат ова правна помош, на кој начин и каде можат да се обратат за да ја добијат. На промоцијата ќе присуствуваат и John Eams – консултантот на Совет на Европа и...







