Skip to main content

Автор: инфодеск

med

Пазарите преплавени со фалсификуван мед

Post Views: 73 Лажниот фалсификуван мед,  главен проблем на пчеларите во југозападниот регион во земјава. Поголемиот дел од медот на пазарите е неприроден, најчесто гликозен сируп,  кој е тешко да се препознае со голо око. И интернет просторот е преплавен со продажба на лажен  мед,  по екстремно ниска цена. Невозможно е точно да се каже кој пчелин мед е вистински, а кој фалсификуван според неговиот изглед, тоа може прецизно да се утврди само со лабораториска анализа. Цената на природниот  мед е најмалку 700 денари за кг.  и тој треба да се купува...

Продолжи со читање

ХУманитарни паркинзи

Средствата од хуманитарните паркинзи донирани за Лулзим и Алпај

Post Views: 45 Општина Охрид и ЈП „Билјанини извори“ донесоа одлука собраните средства од хуманитарните паркинзи да ги донираат онаму каде што тоа е најпотребно.„Во овој момент проценивме дека овие средства им се најпотребни на двајцата наши сограѓани Лулзим Демирали и Алпај (Џани) Муфти кои водат животна борба. Вкупно собрани средства од хуманитарните паркинзи се 80.000 денари, а на нашите сограѓани ќе им бидат донирани по 40.000 денари. – објави градоначалникот Кирил Пецаков.Градоначалникот воедно упати апел до сите оние кои се во можност да се приклучат...

Продолжи со читање

Konferencija Struga

Безбедносната состојба во земјава стабилна, будно се следат настаните во соседството

Post Views: 79 Светот никогаш како денес не бил пред така силно и темелно искушение на геополитички и цивилизациски план. Агресијата на Русија во Украина  предизвика тектонски последици  во Југоисточна Европа и глобални геополитички предизвици.Потребни се квалитетни политички концепти и одлуки во обраната на регионалната и националната стабилност, истакна министерот за внатрешни работи Спасовски на 14- та Меѓународна научна конференција за безбедност во Струга.„Потребата од пронаоѓање на издржани аргументи, потребата за креирање на квалитетни политички концепти и одлуки...

Продолжи со читање

Црква Лагадин

Утре црковно народен собир во црквата Св. маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија

Post Views: 65 По повод празникот Свети маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија, православните христијани на 30-ти септември традиционално ја посетуваат малата црква посветена на светителките во населба Лагадин.Познатиот охридски угостител Љупчо Патчев го изгради параклисот по повод 2000 години од христијанството. Секоја година на овој празник верниците доаѓаат да се помолат , се отпејува проскура и пченица, а се служи и ручек. Ктиторот на црквата Патчев традиционално собраните средства ги наменува во хуманитарни цели.На 30 септември, црквата го празнува...

Продолжи со читање

Сончево со умерена облачност, попладне дожд

Post Views: 36 Времето денеска во Охрид сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.Попладне ќе биде променливо облачно со локален дожд и услови за ретки грмежи. Максималната дневна температура ќе се искачи до 22 степени.Во наредните денови следува период на стабилно време со умерена облачност. Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.

Продолжи со читање

Бојан Маричиќ

Одложен настанот во Охрид од кампањата „Ние сме Европа“

Post Views: 50Од Секретаријатoт за европски прашања известуваат дека отворената трибина во Охрид  закажана за 29.09.2023 (ПЕТОК) во 18:00 се одложува.Се наведува дека причина за одложувањето се непредвидени итни обврски на Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ. За точниот датум на отворената трибина јавноста ќе биде дополнително известена.

Продолжи со читање

Точење на гориво

Поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, цените на другите горива остануваат исти

Post Views: 61 Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за два денара за литар, а цените на другите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,45 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 87 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе се продава за 91, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 85,5, Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 85 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 48,715...

Продолжи со читање

mandarini

Граѓаните ќе купуваат поевтино јужно овошје зимава

Post Views: 97 Владата на седница одржана утринава донела одлука за зголемување на квотите за увоз на јужно овошје во земјава, кажа Министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.„Зголемени се квотите за увоз на јужно овошје – лимони, портокали, мандарини и слично и оваа зима граѓаните ќе имаат многу пониски цени на овие производи. Наместо квота од 8 000 тони, ќе се зголеми за дополнителни 2 000 тони до крајот на годината и зимава ќе имаме многу пониски цени на јужното овошје“- кажа Бектеши.Министерот објави и дека Владата донела одлука за...

Продолжи со читање