Skip to main content

Автор: инфодеск

Прв пат во финале и веднаш Европски првак

Post Views: 385 Ракометарите на Вива Турон Киелце го освоија насловот првак на Европа откако во финалето во Келн во неверојатен натпревар славеа против унгарскиот Веспрем со подобро изведување на седмерци 39-38 (35-35, 29-29, 17-13). Полјаците за прв пат играа едно финале и дојдоа до насловот првак на Европа, додека Веспрем го загуби своето трето финале, но ова ќе го памети бидејќи 15 минути пред крај имаше девет голови предност за да во последните секунди од регуларниот дел да прими гол со кој Полјаците се изборија за продолжение. Унгарците водеа од самиот почеток и на...

Продолжи со читање

Фудбалската сезона во Европа завршува вечерва

Post Views: 300 Фудбалската сезона во Европа завршува денес во 20.45 часот на стадионот Сан Сиро во Милано каде за највредниот трофеј ќе се борат Реал и Атлетико од Мадрид. Ова е реприза на финалето од 2014 година и на јорганџиите им носи прилика за реванш врз градскиот ривал и прва титула во Лигата на шампиони во својата историја, додека тренерот на кралскиот клуб, Зинедин Зидан, посакува на трофејот освоен на терен да му го придодаде и овој кој би го освоил во чевли. “Натпреварот ќе има многу тензии, особено на почеток. Мислам дека Каземиро е клучен во средината на Реал, а...

Продолжи со читање

Поплавена улицата Карпош Војвода

Post Views: 476 Секојдневно во рубриката „Ти си твојот град“ наши сограѓани испраќаат слики преку кои реагираат на проблеми во нивното место на живеење. Денес ни пристигнаа слики од Соња Стојкоска, а ова е нејзиниот коментар: Ова се фотографии од пред станот на моите родители кои живеат на ул. Карпош Војвода. Улицата е поплавена. Под надлежност е овој дел на градов? – напиша Соња Стојкоска во опис на фотографиите.

Продолжи со читање

Барселона не смее да користи каталонски знамиња во финалето на кралскиот куп

Post Views: 315 Барселона и Севиља финалето на кралскиот куп го играат во недела на стадионот Висенте Калдерон, а властите забранија на натпреварот да се истакнуваат провокативни симболи. Под тоа се мисли на жолто-црвеното знаме на Каталонија со ѕвезда, бела или црвена, позната како естелада. Гувернерката на Мадрид, Concepcion Dancausa на конференцијата за новинари изјавила: “фудбалот и стадионите не се полигони за политичка борба. Нема да дозволиме на стадионот да се внесат било какви знамиња, ниту други симболи кои се во спротивност со Уставот на Шпанија”. Од Ноу Камп...

Продолжи со читање

Шпанците го “приватизираа” евро фудбалот

Post Views: 365 Со победата против Ливерпул во финалето на Лигата на Европа Севиља запечати уште една сезона во која Шпанците освојуваат сѐ. Имајќи во предвид дека Реал Мадрид и Атлетико Мадрид се среќаваат во финалето на Лигата на шампиони ќе се случи нешто што досега не се случило – три сезони по ред клубови од иста земја да ги освојуваат ЛШ и ЛЕ. Со триумфот на Севиља во Базел, Шпанија стана најтрофејна нација во 45 сезони на ова натпреварување со 10 освоени титули. Италијаните имааат 9, а Англичаните 7 титули во Лигатата на Европа, односно Уефа. Ако Ливерпул синоќа...

Продолжи со читање

Формула1 доби нов најмлад победник во својата историја

Post Views: 350 Победник за Големата награда на Шпанија е 18 годишниот Холанѓанец Макс Верстапен, голем талент кој со овој триумф стана најмладиот воач кој некогаш славел на трка во Формула 1. Петтата трка оваа сезона имаше спектакуларен старт – по неколку стотина метри се судрија Нико Розберг и Луис Хамилтон, двоецот од Мерцедес кој е и оваа година покажа дека е доминантен болид во Ф1. Тоа автоматски значеше дека победничката низа на Розберг е прекината. Кога од патеката се тргна безбедносното возило водечки беше Даниел Рикардо пред Верстапен, а зад возилата на Ред Бул се...

Продолжи со читање

ТРАГЕДИЈА : Почина поранешната ракометна репрезентативка Јулија Николиќ

Post Views: 414 Вистински шок за македонската спортска јавност предизвика информацијата дека починала поранешната ракометна репрезентативка Јулијана Николиќ. Претходно позната по презимето Портјанко, натурализираната Македонка пристигна во редовите на Кометал Ѓорче Петров во 2003 година, а потоа ја прифати и понудата да настапува за нашата репрезентација. Последните натпревари за македонската репрезентација ги одигра во 2012 година.  По настапите за Кометал, од 2009 година Николиќ беше членка на неколку европски екипи, по што се врати во Македонија и го носеше дресот...

Продолжи со читање

Апсолутна доминација на Барселона, Реал во длабока сенка

Post Views: 302 Кога во 2012 година си заминуваше Пеп Гвардиола, многумина предвидуваа дека тоа ќе биде крај на доминацијата на Барселона во шпанскиот, па и во европскиот фудбал. Но, реално тоа не се случи и покрај впечатокот дека тоа не е онаа Барселона од периодот со Пеп. Кога некој ќе освои 6 наслови првак во последните 8 години, тогаш доминацијата е збор кој навистина ја опишува состојбата. Четири шампионски титули во Европа во последните десет сезони, исто така, доволно говорат кој владее со европскиот фудбал бидејќи во тој период никој не станал барем два пати првак на...

Продолжи со читање

Косово и Гибралтар се нови членки на ФИФА

Post Views: 324 Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) на конгресот во Мексико Сити ги прими Косово и Гибралтар како свои нови членки. Делегатите на конгресот во мексиканската престолнина со 141 глас за и 23 гласа против го примија Косово како 210 членка на ФИФА. На почетокот на мај тоа го направи и УЕФА што беше и услов ФИФА да го прими Косово како членка. “Косово се соочува со предизвици, тоа е очигледно. Потребни се нови инвестиции. Има многу финансиски предизвици и организацискиот капацитет е ограничен. Но, и покрај тоа, таму има очигледна љубов и страст кон фудбалот и...

Продолжи со читање

Манипулативен наслов со сензационалистички тврдења

Post Views: 1.968 Текстот со манипулативен наслов „Црни вреќи со банкноти од 500 евра се појавија пред штабови на СДСМ низ градовите во Источна Македонија“ објавен на 23 јуни 2020 година на веб порталот www.bregalnicki.mk е класична дезинформација напишана врз основа на пристрасност што претставува спин со цел да ја оцрни партијата на власт и нејзиниот лидер Зоран Заев.Неименуван автор сензационалистички тврди дека парите во црните вреќи се подарок од Заев наменети за општинските организации на СДСМ во источниот дел на државата. Од приложените фотографии во текстот, кои...

Продолжи со читање

Судот со одлука за конечен крај на Мишел Платини

Post Views: 292 Спортскиот арбитражен суд (CAS) објави дека ја намалил суспензијата за сите активности поврзани со фудбалот од шест на четири години за претседателот на Уефа, Мишел Платини, додавајќи дека првобитната одлука на Фифа била престрога, а истовремено Платини поднесе оставка на местото претседател на Европската фудбалска федерација. Французинот претходно објави дека поднел жалба на суспензијата која му ја додели Фифа и дека ќе поднесе оставка на функцијата ако жалбата успее. Денес по одлуката на CAS рекол дека поднесува оставка за да може да ја продолжи својата битка...

Продолжи со читање

Ливерпул ја спаси честа на остатокот на Европа

Post Views: 279 По синоќешните реванш натпревари во Лига Европа финале изборија Ливерпул и Севиља, додека во финалето на Лигата на шампиони ќе играат мадридските клубови Реал и Атлетико. Досега пет пати се има случено во финалињата да има по три клуба од иста земја. Последен пат три финалисти имаа Шпанците во 2014 година кога во финалето на Лигата на шампиони играа Реал и Атлетико, а во финалето на Лига Европа се сретнаа Севиља и Бенфика. На крајот славеа Реал и Севиља. Во сезоната 1997/98 три претставници во финалињата имаа Италијаните. Во финалето на ЛШ играа Реал Мадрид и...

Продолжи со читање