Автор: инфодеск
Post Views: 320 Реал Мадрид е шеста сезона по ред во четвртфиналето, и по 33 пат во историјата, а до сега 26 пати успеал да игра во полуфиналето на Лигата на шампиони. Последните 5 четвртфинални дуели успеваше да ги добие и девет од последните десет. Кралскиот клуб 22 пати успевал да надомести пораз од првиот натпревар, при што 8 од 13 пати надоместил 2 или повеќе голови од првиот натпревар. Меѓутоа, од 2002 година ниту еднаш не поминал понатаму откако го изгубил првиот натпревар. 5 пати го губел првиот двобој и потоа бил елиминиран од Рома, Лион, Баерн, Борусија Дортмунд и...
Минимални победи на Барселона и Баерн во првите четвртфинални средби од Лигата на шампиони
Post Views: 308 Барселона на Ноу Камп го победи Атлетико Мадрид со 2-1 откако еден час имаше играч повеќе, додека Баерн против Бенфика славеше со 1-0. Возвратните средби се на 13 април во Мадрид и Лисабон. Атлетико поведе во 25 минута со голот на Фернандо Торес, но десет минути подоцна е исклучен поради вториот жолт картон. Во продолжението на средбата Каталонците успеаа да го свртат резултатот со головите на Луис Суарез (63 и 74 минута). Освен црвениот картон, германскиот судија Брих во цврст и нервозен натпревар покажа уште осум жолти картони. Барселона деветта сезона по...
Пред големото Ел Класико кој е подобар Роналдо или Меси?
Post Views: 336 Откако пристигна Кристијано Роналдо во 2009 во Реал Мадрид, ривалството на двајцата најдобри фудбалери на светот добија нова димензија, а бројките се најинтересни пред нивниот меѓусебен дуел. Секако тоа не е исклучок ниту вечерашниот Ел Класико кој започнува во 20.30 на Ноу Камп. Секако, во споредбите помеѓу Роналдо и Лионел Меси најмногу коментари има во шпанските медиуми. Во најавата на AS има статистика за Ел Класико од таа 2009 година и доаѓањето на Роналдо во Реал Мадрид. Португалецот и Аргентинецот од тогаш настапиле во вкупно 24 големи дербија...
Опасноста од тероризам е главна тема за претстоечкото Еуро2016
Post Views: 326 Никогаш во историјата на некое фудбалско натпреварување немало толкави безбедносни мерки како што ќе биде на следното Еуро во Франција. Тоа го потврди пријателскиот натпревар помеѓу Франција и Русија кој го обезбедуваа 4.000 полицајци и лица за безбедност. На секој 20-ти навивач имаше по еден припадник на обезбедувањето, а секој гледач на патот до своето седиште морал да помине четири контроли. Колкави беа мерките за безбедност најдобро потврдува фактот дека влезот на стадион бил отворен дури четири часа пред натпреварот. Мерките на натпреварите на Еуро2016 во...
УЕФА ја “спасува” Лигата на шампиони
Post Views: 319 Не поминаа ниту два месеци од појавата на информацијата која го стресе европскиот фудбал, а се чини дека УЕФА спрема компромисен договор. Да потсетиме, англиските медиуми објавија дека во Лондон се случи таен состанок на најбогатите клубови на кој се расправало за основање на лига на богати, односно некаква “суперлига”. Сега од островото пристигнуваат нови информации и тоа не од таблоиди туку од угледниот Guardian кој тврди дека УЕФА попушта под притисокот на сопствениците на најбогатите клубови во Европа. Со падот на Мишел Платини, кој воведе можност прваците...
Розберг со триумф, Ферари прокоцка победа на стартот на сезоната
Post Views: 330 Првата трка во новата сезона во Австралија ја одбележа тешката несреќа на Фернандо Алонсо, која заврши без последици за Шпанецот, и прокоцкувањето на победата на Ферари во која триуфира Нико Розберг пред Луис Хамилтон. Нико Розберг е победник на првата трка во новата Ф1 сезона во која Германецот славеше на Алберт Парк во Мелбурн. Розберг, возачот на Мерцедес, славеше на возбудливата трка во која неговиот клупски колега Луис Хамилтон по лошиот старт од прво падна на шестото место. Хамилтон на крајот заврши како втор пред Себастијан Фетел во Ферари кој го...
Марија Шарапова брзо почувствува што значи допинг скандал
Post Views: 310 Руската тенисерка Марија Шарапова почна да ги чувствува последиците на својата објава дека на Австралија Опен била позитивна на допинг тестот. Само еден ден подоцна елитниот швајцарски производител на часовници TAG Heuer одлучи да не го продолжува милионскиот спонзорски договор со неа, а тоа го направи нешто претходно и Nike. “Марија Шарапова имаше договор со TAG Heuer до 31 декември 2015. Преговаравме за продолжување на соработката. Со оглед на сегашната ситуација, швајцарскиот производител на часовници ги прекина преговорите и одлучи да не го обнови...
Расправија за Меси – Роналдо добила трагична димензија
Post Views: 276 Веројатно нема фудбалски вљубеник кој не учествувал во една од најчестите фудбалски теми на 21 век. Кој е подобар, Лионел Меси или Кристиано Роналдо, расправа која се води во сите земји ширум светот. За жал, една таква расправа во Индија завршила трагично. Шпанската новинска агенција Efe носи вест дека во повеќе милионскиот Мумбај во неделата еден маж го убил својот пријател на роденденска забава поради кавга. Полициските извори велат дека двајцата мажи се расправале за Меси – Роналдо, односно Реал – Барселона. Момчето кое славело роденден, идентификуван како...
Нови правила во ракометот веќе на Олимписките игри во Рио
Post Views: 314 “Целта на овие промени е развојот на ракометот во уште поатрактивен спорт”, соопшти IHF која ги тестираше новите правила на светските првенства на помладите категории. Наводно реакцијата на ракометарите била позитивна, па сениорите за прв пат по новите правила ќе заиграат од август месец. Оваа одлука е донесена во ноември, но сега се објавени детали за пет нови правила меѓу кои за жал го нема она за ограничување на нападот со семафор. –Седми играч во поле – Се дозволува седмиот играч во поле, кога го менува голманот, да не носи маичка за маркер и во тој...
Спектакл во Лига Европа: Ливерпул-Манчестер Јунајтед
Post Views: 304Уште 16 екипи останаа во игра за трофејот на Лига на Европа, а на денешната ждрепка се извлечени следните парови од кои најспектакуларен е вечното дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед. Осмина финале на Лига Европа: Шахтјор – Андерлехт Базел – Севиља Виљареал – Баер Леверкузен Атлетик Билбао – Валенсија Ливерпул – Манчестер Јунајтед Спарта Прага – Лацио Борусија Дортмунд – Тотенхем Фенербахче – Брага
Големи промени на правилата во Формула 1
Post Views: 325 Помалку од еден месец пред почетокот на новата сезона на Формула1 системот на квалификации за трката ќе биде изменет и би требало да гарантира повеќе неизвесност. Во интервјуто за Reuters првиот човек на Ф1, Берни Еклстон, ги потврди промените околу кои се согласиле сите екипи, а кои треба да ги потврди и Меѓународната автомобилска федерација (FIA). Во новопредложениот формат најспорите возачи би требало да бидат елиминирани за време на возењето, а не на крајот од секоја фаза на квалификациите како што беше до сега. Квалификациите и понатаму остануваат...
“Егоманијак” кој од чевлар направи легенда
Post Views: 364 Кога би се бирал најдобриот претседател на фудбалски клуб на сите времиња, изборот сигурно би се довел на две имиња – Сантијаго Бернабеу или Силвио Берлускони. Ако е Бернабеу сепак најголемиот тогаш веднаш до него би бил Берлускони. Кога станува збор за Берлускони, тука нема средина, или го сакаат или го мразат, за едни е ангел, а за други е ѓавол. Низ целата кариера го следат бројни интриги и контроверзи и е одличен материјал за психоаналитичари и докторски дисертации. Може сешто да му се приговара, но никој не може да порекне дека е голем претседател....