Skip to main content

Автор: инфодеск

парк

Сончево со умерена облачност и посвежо време

Post Views: 53 Денеска во Охрид не очекува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе се задржи до 24-тиот степен.Во Македонија во претстојните денови ќе преовладува стабилно време со умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.Фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

апел за помош

Апел за помош на Алпај Муфти од Охрид

Post Views: 41 Семејството на 27-годишниот Алпај Муфти од Охрид испраќа апел за помош до сите добронамерни луѓе.– Kобна сообраќајка му го смени животот на Алпај, младо момче на 27 години, скромно, воспитано, љубезно дете од прекрасно семејство. Тој неодамна се здоби со сериозни повреди, кои се опасни по живот, заради што е сместен во болницата „Систина“ во Скопје каде две недели беше во кома. Потребата од повеќе хируршки интервенции и процесот на лечење кој е бавен, носи високи трошоци, кои семејството не може целосно да ги подмири и затоа е потребна помош. Надежта е...

Продолжи со читање

Менкиноски

Се одложи судењето против адвокатот Менкиноски

Post Views: 44 Во охридскиот суд се одложи судењето за случајот против адвокатот Тони Менкиноски кој се товари дека го нарушил јавниот ред и мир оти на празникот Водици во Охрид, кај „Долна Порта” го истакнал знамето со сонцето од Кутлеш.Судијата Милчо Клишески од вчера бил на боледување па претресот се одложи на неодредено.Менкиноски вели дека подносителите на обвинението веќе третпат не доаѓаат на судењата па според правото треба да се донесе ослободителна поресуда.„Воопшто никој не се појавува на судењата кој го поднел обвинението. Тие луѓе трипати не...

Продолжи со читање

Свр охрид

Охриѓанец се обидел да предизвика пожар во казино на ул. Абас Емин

Post Views: 48 На 25.09.2023 во 20.35 часот на ул.„Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 39 годишно лице од Охрид.“Околу 20.20 часот во казино на истата улица тој се однесувал агресивно, истурил бензин и се обидел да предизвика пожар, но бил спречен од вработените и сопственикот. Лицето било задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ” – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

РЦСОО “Ванчо Питошески” домаќин на меѓународниот натпревар GATUS 2023

Post Views: 60 Регионaлниот центар за средно стручно образование и обука “Ванчо Питошески”- Охрид, од 28 септември до 1 октомви, ќе биде домаќин на единаесеттиот по ред, Мегународен натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта (GATUS – 2023).На натпреварот ќе учествуваат вкупно 15 училишта од местата: Марибор, Ново Место и Радовљица (Словенија), Опатија, Осиек и Сплит (Хрватска), Бања Лука и Предор (Босна и Херцеговина – Република Серпска), Белград, Смедерево и Лесковац (Србија), Бар и Херцег Нови (Црна Гора) и Охрид, Македински Брод (Република...

Продолжи со читање

Во Охрид се собраа над 100 ИТ-експерти за оформување на иднината на компјутерските системи

Post Views: 96 Втората годишна конференција „Вмрежување на Инграм и Вендорите #2″ („Ingram & Vendors Networking #2″) постигна огромен успех, собирајќи над 100 експерти од ИТ-секторот ширум Македонија, Албанија и Косово во Охрид, Македонија. Во текот на дводневната конференција, експертите говореа за идниот развој на технологиите, во насока на сајбер безбедност,  ransomware (уценувачки софтвер), виртуелизација кои ја поместуваат ИТ-индустријата кон посигурна и безбедна средина за управување со податоци.Над 35...

Продолжи со читање

Потребна е ренџерска служба за заштита на рибниот фонд во Охридското Езеро

Post Views: 125 Еко ренџери да го штитат Охридското Езеро од рибокрадците, предлагаат невладините организации. Да се формира засебна служба, која во соработка со езерската полиција и експертите од научната установа Хидробиолошкиот институт, ќе го зголеми надзорот и заштитата на рибниот фонд.Потребни се секојдневни патроли и видео надзор за заштита на ендемичните видови риби, кои со години се на работ на исчезнување.-„Како невладина организација  ја нарековме еко ренџери , како не јавно претпријатие, туку како прептријатие кое навистина ќе соработува со МВР а и...

Продолжи со читање

Стрелци

На 1-ви октомври ќе се одржи меѓународен турнир во стрелаштво Гранд При ,,Лихнидос 2023“

Post Views: 57 На 01.10.2023 година на стрелиштето Бејбунар во Охрид во организација на ЖСК ,,Лихнидос” за прв пат ке се одржи меѓународен Турнир во гаѓање со пиштол и револвер голем калибар како и малокалибарска пушка со оптички нишан на 50 и 100 м. Турнирот ќе биде отворен во 10 часот.Пријавување на е-маил на sklihnidos@yahoo.com најдоцна до 25.09.2023, а право на учество ќе имаат сите учесници кои ќе уплатат котизацијата на ж-ска 250 000 301 790 391 во Шпаркасе банка А.Д Охрид најдоцна до 28.09.2023г до 14 часот.Трошоците за превоз, котизација и...

Продолжи со читање