Skip to main content

Автор: инфодеск

Валканите тајни во тенисот се појавуваат на површината

Post Views: 316 Аферата околу местењата во врвниот тенис добива ново поглавје откако во понеделникот Guardian објави докази дека Меѓународната тениска федерација (ITF) во тајност казнувала судии за илегално обложување. Guardian наведува дека “меѓу суспендираните е и хрватскиот судија Denis Pinter кој во август е отстранет на 12 месеци откако ITF открила дека редовно уплатувал тениски мечеви на сметка на една обложувалница. Со хрватскиот судија се споменува само уште едно име, а тоа е Казахстанецот Кирил Парфенов. Меѓу казнетите има и судии кои се обиделе да влијаат на исходот...

Продолжи со читање

Кинезите сѐ посериозни во купувањето фудбалери од Европа

Post Views: 298 Спрема пишувањата на англиските медиуми новата цел е играчот за врска на Челзи, Бразилецот Оскар, кој би требало да се пресели во Јиангсу Сунинг и тоа за неверојатни 75 милиони евра. Сопствениците на Јиангсу Сунинг прво понудиле 50 милиони евра, но сините тоа го одбиле. Сега се чека одговор за новата понуда. Јиангсу Сунинг оваа зима веќе потроши 86 милиони евра на тројца играчи. Од Шахтјор за 50 милиони го донесоа Алекс Тешеира, од Челзи Рамиреш за 30 милиони, додека за Чао Гуа платиле 8 милиони евра од ХЗ Гринтаун. “Верувам дека челниците на европските...

Продолжи со читање

Нов голем скандал го тресе италијанскиот фудбал

Post Views: 338 Државното обвинителство на Италија покрена истрага против 64 лица и повеќе од 30 клубови во Италија од Серија А и Серија Б поради затајување на данок во склоп на аферата Fuorigioco (офсајд). Како што наведуваат италијанските медиуми под истрага се наоѓаат челниците на Милан, Наполи, Палермо и Лацио, како и низа од поранешни, но и сегашни фудбалери. Обвинителството во Неапол веќе издало наредба за заплена на имот во вредност од 12 милиони евра. Под сомнение за затајување на данок се потпретседателот на Милан, Адриано Галиани, претседателот на Наполи, Аурелио Де...

Продолжи со читање

Реал Мадрид повторно со најмногу приходи

Post Views: 297 Во сезоната 2014/15, која е обработена од консултантската куќа Delotte, продолжи растот на приходи на 20 најбогати клубови, а со новите 8% на раст тие ги достигнаа рекордните 6,6 милијарди евра. 11 години по ред, без оглед на изостанок на трофеи, Реал е на врвот, а Барселона го престигна Манчестер Јунајтед и сега е на второ место по приходи. Баерн Минхен падна на петтото место и тоа му е најлош пласман од 2006/07 година. Помалку чуди тоа што во топ 20 се наоѓаат девет англиски клубови, чии приходи се три милијарди евра, а повеќето од половина од нив, меѓу...

Продолжи со читање

Нови детали за местењето на тениски натпревари

Post Views: 314 Скандалот околу местењето на тениски натпревари го тресе тенисот, а го откри BBC пред самиот почеток на Австралија Опен, а сега има и нови детали. Поранешен тенисер од Јужна Америка за BBC рекол дека местењето натпревари е вообичаено и дека некои од најдобрите на светот се “расипани на некој начин”. Тој истакнал и дека местењето не е ограничено само на нискорангираните професионалци, како и дека ова е тајна која сите ја знаат. Тенисерот, кој сакал да остане анонимен, рекол дека официјалните тениски функционери знаат за тоа кој сѐ е замешан, но не сакаат тоа да...

Продолжи со читање

Врвни тенисери местеле натпревари и на Вимблдон

Post Views: 311 Во претходните десет години наводно 16 играчи од топ 50 ATP листата, меѓу кои се и Грен слем шампиони, се осомничени за местење натпревари, но ниту еден не е суспендиран. BBC добил документи кои укажуваат на вложување илјадници фунти во обложувалници во Русија, северна Италија и Сицилија за местени тениски натпревари, меѓу кои се и три од Вимблдон. Станува збор за мечеви од пред десетина години, вклучувајќи го и дуелот помеѓу Николај Давиденко и Мартин Аргуељо, кои се казнети за кршење на прописите. Потоа следела опсежна истрага од страна на ATP кој наводно...

Продолжи со читање

Домаќинот на ЕП е следниот противник на Македонија

Post Views: 295 Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го игра вториот натпревар на Европското првенство, а за противник ќе го има домаќинот селекцијата на Полска. Полјаците, кои важеа за фаворити во дуелот против Србија, не прикажаа којзнае каква игра во првото коло, па мечот го добија минимално со еден гол разлика, a за разлика од домаќините, нашите ракометари одиграа одлични педесетина минути против олимпискиот, светски и европски шампион Франција. “Не очекува тежок натпревар со домаќинот кој имаше тешко отворање со Србија. Очекувам ние да го повториме...

Продолжи со читање

“Проклетството” на Арон Ремзи продолжува

Post Views: 295 Фудбалерот на Арсенал, Арон Ремзи, ретко постигнува голови, но кога тоа ќе го направи некоја позната личност умира или трагично го губи животот. И во минатото се пишуваше за неговото “проклетство”, а сега тоа повторно се врати. Секако, веднаш стана хит на социјалните мрежи бидејќи кога тоа се случува тогаш станува повеќе од интересно. Тој, како и досега, не се огласил на оваа тема од почит спрема починатите и одбива да учествува во целата оваа приказна за “проклетството”. Имено, Рeмзи вчера постигна два гола против Ливерпул (3-3), а денес почина...

Продолжи со читање

Златната топка по петти пат за Лео Меси

Post Views: 295 Добитник на Златната топка за 2015 година е Лионел Меси, на кого ова му е петти пат да ја освои наградата за најдобар фудбалер на светот. “Ова е чудесно, веќе петта Златна топка”, прокоментирал Аргентинецот кој за најдобар фудбалер е избран во 2009, 2010, 2011 и 2012 година. Меси го оправда статусот фаворит пред Кристијано Роналдо и Нејмар. Меси славеше со 41,33% гласови пред Роналдо со 27,76% и пред Нејмар со 7,86% од гласовите. Во Барселона оди и наградата за најдобар тренер на годината. Луис Енрике го доби признанието за освоени пет трофеи во 2015 година...

Продолжи со читање

Голем ден за Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид

Post Views: 349 Денес е голем ден за француската ѕвезда, фудбалерот Зинедин Зидан. Тој по прв пат во својата тренерска кариера, како главен тренер, ќе го води тренингот на Реал Мадрид, екипа во која ја заврши својата кариера и со која освои сѐ освен шпанскиот кралски куп. Зидан има пет дена да го поправи бродот кој под водство на Рафа Бенитез го допре дното на длабокиот океан. Во сабота легендарниот Француз ќе го има своето деби против Депортиво на Сантијаго Бернабеу, истата екипа која неодамна украде бод на Ноу Камп, на Барселона. Зидан како тренер се очекува да ги покаже...

Продолжи со читање

Тешка несреќа на релито Дакар 2016

Post Views: 284 Веќе на почетокот на релито Дакар се случи тешка несреќа која ја направи кинеската возачка на ова рели Guo Meiling. Таа на прологот по 6,5 км излета од патеката во своето Mini X-Raid и притоа настрадаа десет гледачи. Тројца се во критична состојба, додека останатите се полесно повредени. Учесниците на овогодинешното рели Дакар, кое се одржува во Аргентина, Боливија и Перу ќе поминат 9.000 км, а трката завршува на 16 јануари. Воведниот пролог, долг 11 км, во конкуренција на автомобили му припадна на Холанѓанецот Bernhard Ten Brinke во Тојота, додека...

Продолжи со читање

Желбата на Мурињо ги изненади сите

Post Views: 301 По отказот во Челзи, Мурињо моментално одмора, а англиските медиуми минатата недела пишуваа дека е меѓу најсериозните кандидати за наследник на Луј Ван Гал на кого му се заканува отказ во Манчестер Јунајтед. Сепак се чини дека тоа е уште една во низата шпекулации. “Сакам да ја водам англиската репрезентација”, му порачал Хозе Мурињо на својот менаџер Хорхе Мендес. Мурињо се заситил со клупскиот фудбал и поакал да биде селектор на Англија. Mirror пишува дека тој е спремен да заврши Европското првенство во Франција бидејќи тогаш, без оглед каков резултат ќе...

Продолжи со читање