Автор: инфодеск
Post Views: 237 Министерството за транспорт и врски и Капетанијата на пристаништа ќе направат законски измени и ќе излезат во пресрет на барањата на бродарите во Охрид за да се овозможи полагање за професионалниот сертификат за пловење да се врши во земјава според нашите законски прописи.Доколку постојат законски можности, преку разговори со локалната самоуправа, пристаништето ќе се врати под управување на централната власт за да може полесно да се вршат инвестициски зафати и да се овозможи безбеден сообраќај на бродовите.Ова беше договорено на денешната средба која во...
Платини и Блатер осум години надвор од фудбалот
Post Views: 278 Етичкиот одбор на ФИФА донесе одлука суспендираните претседатели на врвните организации на фудбалот во светот и Европа, Сеп Блатер и Мишел Платини, да бидат надвор од фудбалот осум години. Забраната стапува на сила веднаш. Етичкиот одбор не го поддржа обвинението за корупција против Швајцарецот и Французот туку ФИФА ги смета за виновни за злоупотреба на службената положба, конфликт на интереси и нелојално водство. Платини е казнет и со парична казна од 80.000 швајцарски франци, додека Блатер доби помала парична казна од 50.000 франци. Етичката комисија на ФИФА...
Убиен репрезентативец на Хондурас и поранешен играч на Глазгов Ренџерс
Post Views: 298 Репрезентативецот на Хондурас, Арнолд Пералта (26) е смртно застрелан во градот Le Ceibi, пред трговскиот центар. Како што пренесува портпаролот на тамошната полиција “Пералта е застрелан од непознат напаѓач во моментите кога сакал да влезе во својот автомобил”. Истрагата е во тек и засега нема информации кој е мотивот за ова убиство, како и за извршителот. Пералта беше фудбалер на најславниот фудбалски клуб во Хондурас, Олимпија, во кој пристигна по раскинувањето на договорот со големиот шкотски клуб, Глазгов Ренџерс. Пералта договорно ја раскина соработката...
Уште пет слободни места за нокаут фазата во Лигата на шампиони
Post Views: 270 Од групата А понатаму одат Реал Мадрид и ПСЖ, додека Шахтјор се сели во Лигата на Европа. Во групата Б првите две места и 1/8 финале изборија Волфсбург и ПСВ, а Манчестер Јунајтед натпреварувањето го продолжува во Лига на Европа. Во групата Ц Атлетико го освои првото место, понатаму оди и Бенфика, а во Лига Европа ќе игра Галата Сарај. Во групата Д понатаму одат Манчестер Сити и Јувентус, а во Лига Европа оди Севиља. Пред вечерашните натпревари на последното коло од групите Е, Ф, Г и Х, 1/8 финале обезбедија Барселона Баерн и Зенит. Во групата Е до второто...
Сите комбинации пред расплетот во Лигата на шампиони
Post Views: 295 Девет учесници во осминафиналето на Лигата на шампиони веќе се познати и меѓу 16 најдобри во овогодишното натпреварување осигураа Реал Мадрид, ПСЖ, Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус, Манчестер Сити, Барселона, Баерн Минхен и Зенит. Меѓу остатокот од друштвото многумина ќе се задоволат со третото место кое води во 1/16 финале на Лигата на Европа, а само три клуба се вон сите комбинации, Динамо, Макаби и Лион. Во групата А јасно е дека Реал Мадрид е прв, а ПСЖ втор. Шахтјор и Малме се борат за третата позиција со тоа што Украинците се во голема предност бидејќи...
Сеп Блатер повторно на удар на истрага, заташкал 100 милиони евра мито
Post Views: 271 По апсењето на челниците на CONEMBOL и CONCACAF, најмоќните луѓе на фудбалот од двата американски континенти, на удар на американските истражители повторно е и 79 годишниот Сеп Блатер. BBC ексклузивно објави дека FBI ја истражува улогата на Блатер во корупциската афера тешка 100 милиони евра. Американските власти се сомневаат дека тој ја толерирал и заташкал корумпираноста на поранешниот претседател на ФИФА Жоао Авеланж и членот на извршниот одбор Бразилецот Рикардо Тешеира кои од компанијата ISL примиле околу 100 милиони евра мито, а за возврат им осигурале...
ФИФА: Уапсени две лица во луксузен хотел во Цирих
Post Views: 266 ФИФА објави дека ќе продолжи да соработува со властите откако полицијата упадна во луксузниот швајцарски хотел Baur au Lac и спроведе апсења. Полициските службеници влегле во луксузниот хотел во Цирих на задната врата и одвела две лица во неозначени автомобили низ гаражата, јавува BBC. Мета на полицијата биле сегашни и поранешни високи функционери на ФИФА кои се теретат за рекетирање, перење пари и измами, рекле официјални лица на ФИФА. Во хотелот се одржуваше дводневен состанок на извршниот комитет на ФИФА. “ФИФА е свесна за акцијата која ја спроведува...
Асот на Баерн Минхен со четири рекорди за Гинис
Post Views: 248 По повеќе од два месеци Роберт Левандовски доби сертификати за влез во Гинисовата книга на рекорди. Асот на Баерн Минхен на 22 септември постигна пет погодоци во девет минути и испиша нова страница на фудбалската историја. Волфсбург водеше на полувреме со 1-0 на Алианц арената, но фантастичниот репрезентативец на Полска влезе на полувремето и во период од 51-ва до 60-та минута поентираше пет пати. Тогаш сруши низа рекорди, а поради четири заврши во Гинисовата книга на рекорди. Постигна најбрз хет-трик, најбрзо стигна до четврт и петти гол и стана замена која...
Пациентите не добија ослободување од партиципација
Post Views: 254 Пациентите со механичка поддршка на срце не добија ослободување од партиципација. Иако на Здружението „Храбро срце” тоа им беше ветено дека ќе се случи од 1-ви јануари годинава. Се работи за 15-тина пациенти во земјава, со механичка потпора на срцето, што не претставува големо оптеретување на буџетот.Од здружението велат, тоа било ветување кое го добиле пред две години, но до денес сеуште не е исполнето. Ние пред се како здружение на граѓани со механичка потпора имавме упатено барање преку Владата на РМ односно преку екс премиерот Зоран Заев барање...
Заминува еден од најголемите во историјата на кошарката
Post Views: 306 Еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант и официјално објави дека се простува од кошарката на крајот од оваа НБА сезона. Коби Брајант одлучи да ја спушти завесата на својата богата кариера. По 20 незаборавни години, замавна со бело знаме и официјално најави одење во пензија на крајот од сезоната. Оваа сезона е сè што можам да дадам”, напишал Брајант во песната со наслов “Мила кошарко”, со која на единствен начин се прости од она што најмногу го сакал. Неговиот последен натпревар ќе биде на 13 април во својата арена против Јута Џез. “Моето...
Гвардиола го напушта Баерн Минхен
Post Views: 266 Пеп Гвардиола го напушта Баерн Минхен на крајот од сезоната и ќе го превземе Манчестер Сити, е ексклузивната информација која ја донесува каталонскиот El Mundo Deportivo во денешното издание. Спрема информациите на овој дневник, Гвардиола веќе потпишал договор со Манчестер Сити овој четврток. Сеуште не се познати деталите на договорот, но Гвардиола спрема наводите на каталонскиот дневник би требало да остане во Минхен до крајот на сезоната. Целата операција ја одработиле Чики Бегиристајн и Феран Сориано, поранешни блиски соработници и пријатели на Гвардиола во...
Поради страв од тероризам натпревар од Лига Европа без гледачи
Post Views: 292 Овој четврток натпреварот од Лигата на Европа помеѓу Бриж и Наполи ќе се игра без присуство на гледачи. Одлуката ја донел градоначалникот на Бриж, Renaat Landuyt, а Клуб Бриж на својата официјална страница објави дека не може да гарантира безбедност на овој натпревар со оглед на тоа дека локалната полиција е преоптеретена, а сојузната полиција е распоредена во Брисел поради безбедносните мерки во земјата. Белгија моментално е во центарот на истрагата за терористичките напади изведени во Париз, бидејќи најмалку двајца од бомбашите живееле во таа земја. Брисел...