Skip to main content

Автор: инфодеск

Денес е Света Петка

Post Views: 124 Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите ѝ беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите, девицата Петка, желна за подвижнички живот, го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе света Петка во долгата низа...

Продолжи со читање

Облачно и врнежливо

Post Views: 104 Претпладне претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец.Утре ќе има локални врнежи од дожд со послаб интензитет и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а нов локален дожд повторно се очекува во петок кон крајот на денот, информираат ид УХМР.Во Охрид денешните температури ќе бидат во...

Продолжи со читање

„5К Надеж“: Настан со цел подигање на свеста за потребата од рано откривање на ракот на дојката и континуираната и постојана контрола

Post Views: 161 Денес здружението „Збогум Буково” во соработка со „Здружение на лица со дијабет, Охрид”, Уметничка едукативна академија „СЈАЈ” и „Ретко е да си редок” организираат настан со цел подигање на свеста за потребата од рано откривање на ракот на дојката и континуираната и постојана контрола.–Со „5К надеж”, поддршка и љубов испраќаме порака дека ниту една жена не е сама во борбата со ракот на дојка. Вклучете се, прошетајте, трчајте или едноставно присуствувајте и подржете. Секој чекор значи повеќе свесност, повеќе превенција и повеќе животи спасени, велат...

Продолжи со читање

Облачно и врнежливо

Post Views: 130 Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, локално поројни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.Од УХМР информираат дека во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно со постудени утра, а во петок повторно се очекуваат врнежи од дожд.Минималните температури од 12, а максималните до 20 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Недела на отците на седмиот Вселенски Собор

Post Views: 98 Овој Собор се одржа во 787 година во Никеја, во времето на царувањето на благочестивата Ирина и нејзиниот син Константин, а за време на патријархот Тарасиј. Овој Собор конечно го утврди иконопочитувањето образложувајќи го со Светото Писмо, со сведоштвото на Светите отци и со достоверни примери на чуда пројавени од Светите икони. Меѓу другите наведени примери на чуда Кипарскиот епископ Константин го наведе и овој што ќе биде предаден овде. Некој овчар од градот Констанца еднаш штом го истера стадото на пасење ја виде иконата на Пресвета Богородица целата украсена...

Продолжи со читање

Вечерва почнува зимското сметање на времето

Post Views: 156 Вечер, ноќта меѓу сабота и недела, Македонија повторно ќе премине на зимско сметање на времето. Точно во 3 часот по полноќ, стрелките ќе се поместат еден час наназад, на 2 часот. Со тоа ќе добиеме еден час повеќе сон и ќе се означи враќањето на стандардното време.Оваа промена, која традиционално носи повеќе дневна светлина наутро, но и порано затемнување попладне, годинава ќе се случи најрано во последниве единаесет години. Последен пат стрелките се поместуваа на ист датум во 2014 година.Практиката на поместување на времето не е од поново време, таа...

Продолжи со читање

Викендов во Охрид ќе се одржи Интердисциплинарна студентска конференција

Post Views: 126 Денес и утре Oхрид ќе биде центар на младинската енергија, знаење и инспирација — ќе се одржи Втората Интердисциплинарна студентска конференција, во организација на Универзитетското студентско собрание на УКИМ.Од таму информираат дека настанот ќе опфати 14 едукативни работилници, две панел-дискусии и една тематска забава, а работилниците ќе обработуваат теми од различни области — економија, технологија, здравје, општество и личен развој.Во рамки на конференцијата ќе се одржат и две панел-дискусии на теми: природно или совршено — што избираме и бесконечен...

Продолжи со читање

Денес променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд

Post Views: 129 Денес времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди освен во крајните југозападни делови каде има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен и југозападен правец.Во Охрид минималните температури од 11, а максималните до 19 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во недела најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне насекаде, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за...

Продолжи со читање

Одржан X Младински турнир во шах Ласкер 2025 кадети

Post Views: 164  Во ООУ „Братство Единство“ во Охрид, во организација на Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид, денеска се одржа X Младинскиот турнир во шах „Ласкер 2025“ за пионери, за учениците од Основните училишта од Општина Охрид.– Учесниците беа поделени во две категории момчиња и девојчиња (до 5 одделение). На турнирот во машка конкуренција учествуваа 14 ученици кои играа 6 кола по Швајцарски систем, а на турнирот во женска категорија учествуваа 8 ученички. Се играа 5 кола, по Швајцарски систем, информираат организаторите.Резултати девојчиња:1. место Сара...

Продолжи со читање

Од недела започнува зимскиот распоред на летање на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид

Post Views: 138  Од недела, 26-ти октомври почнува зимскиот распоред на летање на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид кој ќе трае до 28-ми март 2026 година.Со новиот зимски распоред од охридскиот аеродром ќе се лета до 5 дестинации со 3 авиокомпании: Цирих, Базел, Дортмунд, Виена и Меминген.Новиот распоред е достапен на следниот линк.

Продолжи со читање

„5К надеж” за подигање на свеста за потребата од рана детекција на рак на дојка

Post Views: 144 Во недела „Збогум Буково” во соработка со „Здружение на лица со дијабет, Охрид”, Уметничка едукативна академија „СЈАЈ” и „Ретко е да си редок” организираат настан со цел подигање на свеста за потребата од рано откривање на ракот на дојката и континуираната и постојана контрола.–Со „5К надеж”, поддршка и љубов испраќаме порака дека ниту една жена не е сама во борбата со ракот на дојка. Вклучете се, прошетајте, трчајте или едноставно присуствувајте и подржете. Секој чекор значи повеќе свесност, повеќе превенција и повеќе животи спасени, велат...

Продолжи со читање

„Ретко е да си редок“: Започнуваат подготовките за новата сезона на кампањата за ретки болести

Post Views: 144 Здружението „Ретко е да си редок“ објави дека во тек се подготовките за 8. сезона на националната кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ која традиционално треба да започне во февруари 2026 година.-Оваа, 8. сезона, продолжуваме со нашата мисија: да го подигнеме гласот за сите лица со ретки дијагнози и нивните семејства. Во текот на 28 дена, повторно ќе ви претставиме 28 нови ретки болести, нивните предизвици, симптоми и можни решенија. Зошто е ова важно? За да ги запознаеме здравствените работници со нови дијагнози. За да им дадеме глас на пациентите и...

Продолжи со читање