Автор: инфодеск
Post Views: 163 Заради големата душевна чистота од Бога доби дар на чудотворство и ги лечеше сите болести и маки кај луѓето. Во времето на свирепиот цар Јулијан, којшто се одрече од Христа, свети Тимотеј беше фрлен во затвор. Верните го посетуваа и во затворот за да слушнат мудра поука од својот архипастир. Кога дозна за тоа, Јулијан нареди џелатот да му ја отсече главата во затворот. Ова беше во 362 година. Неговата душа отиде во Рајот, а моштите останаа чудотворно да им помагаат на луѓето и да ја објавуваат силата Божја.
УХМР со предупредување за нестабилно време и локално невреме
Post Views: 119 Од УХМР за денес најавуваат развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град.Минималните температури во Охрид од 15, а максималните до 30 степени Целзиусови.
Отворен повик за учество на фестивалот „Охридски староградски средби“
Post Views: 150 Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид објави повик за учество на традиционалниот фестивал „Охридски староградски средби“, кој секоја година се одржува во првата половина на септември.Право на учество имаат сите заинтересирани ансамбли, хорови, групи и поединци кои ги негуваат староградските фолклорни традиции. Пријавите за учество може да се достават по електронска пошта на адресата centarzakultura_ohrid@yahoo.com или по пошта на адреса: НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, ул. „Македонски Просветители“ бр....
Јован Стојоски постави нов национален рекорд на 400 метри со пречки
Post Views: 256 Македонскиот атлетичар Јован Стојоски постави нов национален рекорд на трката на 400 метри со пречки, на Балканското првенство за сениори што се одржува во Волос, Грција.Стојоски патеката ја истрча за 51.78 секунди, подобрувајќи го сопствениот национален рекорд од 52.23 секунди, кој го постави пред само една недела.Со подобрување од 0.45 секунди, македонскиот репрезентативец уште еднаш ја потврди одличната форма во која настапува оваа сезона и продолжи да ги поместува границите на домашната атлетика во оваа дисциплина.Новиот рекорд претставува уште...
Од 24 до 29 јуни Струга повторно ќе дише во ритамот на поезијата
Post Views: 194 Од 24 до 29 јуни 2026 година ќе се одржи јубилејното 65-то издание на најпрестижната поетска манифестација Струшки вечери на поезијата. Мотото на годинашното издание е „Каде што живее поeзијата”.Околу 70 поети, критичари, преведувачи и литературни работници од земјава и странство, ќе имаат единствена можност да творат, да се инспирираат и да создаваат нови стихови покрај брегот на Охридското Езеро и водите на реката Црн Дрим во амбиент што со децении ги обединува поетите и љубителите на литературата од сите меридијани. Градот на мостовите и оваа година...
Цените на горивата паѓаат: Дизелот поевтинува за 7 денари, а бензините поевтинуваат за 3,5 денари
Post Views: 167 Од полноќ следува ново значително намалување на горивата. Најголемото кратење на цените се прави кај дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, кои ќе поевтинат за 7 денари по литар. Бензинот Еуросупер БС-95 ќе биде поевтин за 3,5 денари, а Еуросупер БС-98 за 4 денари по литар. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 6,61 отсто во однос на претходната одлука.Новите максимални цени ќе изнесуваат:ЕУРОСУПЕР БС-95 – 84,00 денари/литарЕУРОСУПЕР БС-98 – 86,00...
Во тек е конкурсот за најдобар расказ во рамки на „Вечер на Живко Чинго“
Post Views: 213 Во тек e Конкурсот за најдобар расказ, кој традиционално се организира во рамки на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“.Право на учество има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, кој може да конкурира со свој авторски расказ. Трудовите треба да бидат доставени во печатена форма, во три примероци и под шифра, без лични податоци за авторот.Пријавите се доставуваат на адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57, со назнака „За Конкурсот за расказ“, додека авторското право се докажува со четврти примерок од трудот.Крајниот...
Вечерва со Drive-in Cinema во касарна, започнува 8. издание на Културолошката иницијатива „5 до 12“
Post Views: 136 Со првата проекција на Drive-in Cinema – летното кино со автомобили, вечерва официјално започнува осмото издание на Културолошката иницијатива „5 до 12″, која ова лето ќе се одржува под мотото „Бесконечниот круг на културата”.Во наредните денови, од 22 до 24 јуни, просторот на Касарна Охрид повторно ќе се претвори во кино под отворено небо, каде посетителите ќе можат да уживаат во филмските проекции од удобноста на својот автомобил.Програмата започнува вечерва (22 јуни) со проекција на македонскиот...







