Автор: инфодеск
Post Views: 52 Се работи проект за изградба на пречистителна станица од Елен Камен до Радожда. Од ЈП „Колекторски систем“ сметаат дека доизградбата на колекторот на струшкиот дел од езерото ќе прави огромни трошоци за одржување, па затоа е потребна засебна пречистителна станица.Според проценките овој проект би чинел околу 800 илјади евра, а средствата ќе се обезбедуваат од европските фондови преку ИПАРД 3 програмата или преку кредитно задолжување со што струшкиот дел од Охридското Езеро целосно ќе биде заштитен„Согласно моменталната соработка која ја имаме со шпанска...
Поскапуваат горивата од полноќ
Post Views: 43 Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).Според одлуката на РКЕ, бензините од полноќ ќе поскапат за еден, а дизелот за два и пол денари за литар. За два и пол денари ќе поскапи и екстра лесното масло за домаќинство.Па така, литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 88 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90,5 денари за литар, а литар ДИЗЕЛ ќе чини 83,5 денари. Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 83 денари, а килограм мазут ќе од ноќеска на полноќ ќе се продава за...
„Несфатената цивилизација“ во сабота на репертоарот на Народен театар Охрид
Post Views: 87 Народен театар Охрид во сабота (16.09.2023 година) од 22:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе ја одигра претставата „Несфатената цивилизација“ од Добри Војников, во режија на Софија Ристевска- Петрушева.Улогите во оваа гротескна комедија во два чина ги играат: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.„Несфатената цивилизација“ е претстава за припадноста, честа, етиката и моралот. Претстава за културолошкиот и социолошкиот идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и...
Соработка помеѓу УИНТ Св. Апостол Павле и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид
Post Views: 57 Со потпишување Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, потпишан од Проректорката проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска и в.д. Директорката м-р Ирена Шајн, се формализираше соработката на институциите која постои подолго време.Проектот насловен како “Јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Регион: Обука за развој на бази на податоци и ГИС-платформа за недвижно културно наследство за Заводот...
Охриѓанец се обидел да поткупи полициски службеници по сторен прекршок
Post Views: 50 На 10.09.2023 во 19.35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на кичевското село Зајас, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода 59 годиѓно лице од Охрид.„Тој, по сторен сообраќаен прекршок, во личните исправи што им ги дал на полициските службеници, ставил пари како поткуп, а кои веднаш му биле вратени. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – информираат од СВР Охрид.
Театарската група на Црвен крст Охрид ја изведе претставата „БАРА“ во Требиње
Post Views: 34 Театарската група на Црвен крст Охрид вчера се врати од четиридневна посета на Црвен крст Требиње, Босна и Херцеговина каде во петокот, на 8 септември 2023 г. пред многубројната публика во Културниот центар во Требиње успешно ја изведе театарската претстава „БАРА“ со која младите актери на Црвен крст Охрид на креативен начин ги прикажаа животните судбини и предизвици на жртвите на еден систем со нарушени вредности, борбата на човекот со различни искушенија и неправди поминувајќи по тежок пат исполнет со очај и рамнодушност, лутајќи во лавиринтот на безнадежноста...
Отсекување на главата на Св. Јован Крстител
Post Views: 62 Отсекување на главата на Св. Јован Крстител — еден од големите 15 христијански празници од есенскиот циклус којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 29 август, односно на 11 септември по стариот календар.На празникот Отсекување на главата на св. Јован Крстител Црквата пропишува строг пост, односно воздржување од месо, млечни производи и риба.Култот кон св. Јован отсекогаш бил еден од најраширените во православната Црква. Тоа го сведочат и многуте храмови посветени на него, како и многуте реликвијари што ги содржат неговите чесни мошти,...
Сончево и топло со температура до 27 степени
Post Views: 55 Денеска во Охрид сончево и топло време со слаб до умерен ветер од северен правец. UV=7. Максималната дневна температура ќе се искачи до 27 степени.Во следните денови во Македонија продолжува периодот на сончево и топло време со свежи утра. Од четврток ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови.







