Автор: инфодеск
Post Views: 88 Денеска под мотото „Гласник на слободата“ прославуваме 32 години самостојна и суверена држава, откако на 8 септември 1991 година над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдум, се изјаснија дека сакаат да живеат во самостојна и суверена држава. По повод чествувањето на денешниот државен празник Денот на независноста, македонскиот државен врв и лидерите на политичките партии упатија честитки, а серија од настани се одржуваат денеска низ целата земја.Претседателот Стево Пендаровски во честитката по повод 8. Септември вели дека граѓаните пред 32 години...
НАТО на Twitter го честиташе Денот на независноста на Македонија
Post Views: 46 На социјалната мрежа „Твитер“, НАТО преку својот официјален налог на мрежата, ѝ го честиташе 8-ми Септември, Денот на независноста на својата членка Македонија.„Ретвитнете и приклучете се на прославата на Денот на независноста на нашата членка Северна Македонија“, пишува во објавата.Retweet to join us in celebrating our Ally 🇲🇰 #NorthMacedonia on #IndependenceDay🤝 @MKmissionNATO #WeAreNATO pic.twitter.com/zMDoOJnXdB— NATO (@NATO) September 8, 2023
Започна реконструкцијата на улица „7-ми Ноември“
Post Views: 39 Започнаа градежните активности за реконструкција на улица „7-ми Ноември“.Проектот опфаќа: изградба на нова атмосферска канализација; изведување на нови тротоарски површини и велосипедски ленти со автентичен материјал (украсен речен камен); спуштање на водовите на кабелските и другите оператори; комплетна реконструкција и нов асфалт на коловозната лента.Вредноста на проектот е 39 милиони денари. Инвестицијата е обезбедена од општинскиот буџет, а изведувач на градежните зафати е АД „Илинден“, Струга.
Честитка по повод 8-ми Септември од градоначалникот Кирил Пецаков
Post Views: 60 По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до граѓаните на Охрид.8-ми Септември е симбол на Македонското единство, независност и слобода. Ова е ден кога ја славиме нашата национална храброст и нашата определеност за сопствена држава.Овој празник е ден за заедничка радост и споделување на вредностите кои нè обединуваат како народ и треба да не потсети дека сме сплотени во различностите и посветени на развој и напредок.Овој ден е паметник на сите оние кои дале значаен придонес во...
Поради дефект без вода ќе бидат корисниците од населба Гоце Делчев
Post Views: 34 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 16:30 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците од населбата Гоце Делчев (Бараки).Екипа на ЈП ВОДОВОД Охрид е на терен и ќе работи и во вечерните часови до завршување со санацијата.
Бесплатен влез по повод празникот 8 – ми Септември во локалитетите и музеите
Post Views: 46 По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, под мотото „Гласник на слободата“, Министерството за култура се приклучува во централната прослава, организирана од Владата, со многубројни пригодни манифестации, изложба, концерти на млади уметници и на оперски арии, проекции на наградувани филмови од македонската понова продукција.Под наслов „Отворен ден за граѓаните“, ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи и галерии и археолошки локалитети меѓу кои и сите објекти под надлежност на НУ...
Охридските пожарникари се обучуваат за интервенции на тешко пристапен терен
Post Views: 36 Тим на територијалната противпожарна единица Охрид изведе обука со спасителите од Планинската спасителна служба. Обуката на пожарникарите се однесуваше за работа на висина и тешко пристапни терени.„Планинската спасителна служба со својот професионализам, ентузијазам и опременост е водечка во областа на нивното работење во регионот“ – велат од ТППЕ Охрид за соработката со спасителите.
Уставен суд ја отфрли преставката за споменикот на Косово во Струга
Post Views: 58 Уставниот суд ја отфрли преставката за оценка на уставноста на одлуката за поставување на споменен обележје на Косово на кејот на реката Црн Дрим во центарот на Струга. На вчерашната седница, Судот зазема став дека во овој случај не станува збор за пропис кој подлежи на уставно-судска оцена, поради што ја отфрли иницијативата поднесена од страна на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.– „Судот зазема став дека во овој случај не станува збор за пропис кој подлежи на уставно-судска оцена, поради што се настапени деловничките претпоставки за отфрлање на...







