Автор: инфодеск
Post Views: 57 На пригодна свеченост, што се одржа вчера во поранешната касарна во Охрид, беше откриена спомен плоча на 6-та пешадиска бригада на Армијата на Република Македонија.Во присуство на генералот во пензија и актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија Илија Николовски, воедно и претседател на воените ветерани и резервисти на Република Македонија, на генералот во пензија Филип Котели, претседателот на Сојузот на борци од Охрид, Гоце Георгиевски, претставници на СВР Охрид како и на повеќе актуелни и поранешни припадници на единицата, за развојниот...
Прекин во водоснабдувањето на улиците “Серафим Китаноски“, „Димитар Влахов“ и „Партизанска“
Post Views: 36 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 11:00 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата: “Серафим Китаноски” и дел од улиците „Димитар Влахов“ и „Партизанска“, информираат од ЈП Водовод Охрид. Екипите работат на терен со цел брзо нормализирање на водоснабдувањето.
Вечерва промоција на книгата „Зад нас“ од Наташа Андрееска
Post Views: 43 Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид вечерва ќе биде промовирана книгата „Зад нас“ од Наташа Андрееска.Книгата е збир од колумни емитувани на Радио Скопје и претставува институционална меморија и архива за културниот, политичкиот и социјалниот идентитет, вели Андрееска која е Одговорен уредник на Македонското радио-Радио Скопје.Таа во Македонското радио работи од 1988 година, минувајќи ги сите скалила во новинарската професија. Слушателите ја препознаваат по нејзините авторски емисии „Интерзона“, „Боите на Македонија“, „Тука околу нас“, „Мислам значи...
Успешно прво издание на Ohrid Water Festival
Post Views: 40 Сите 17 спортски настани на вода кои се одржуваа во рамки на првото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival поминаа успешно, а сите настани од социјално-забавниот дел на манифестацијата привлекоа големо внимание кај публиката. Ова беше потенцирано на заедничкиот состанок на организациониот тим на фестивалот и одговорните во спортските клубови, кој се одржа денеска, на иницијатива на градоначалникот Кирил Пецаков, со цел да се сумираат впечатоците и резултатите од реализацијата на фестивалската програма.Во своето обраќање до...
Охриѓани уживаа во годишниот концерт на ансамблот „Билјана“
Post Views: 53 Под слоганот „Една песна една приказна“, вчеравeчер во предворјето на црквата „Света Софија“ се одржа единаесетиот годишен концерт на ансамблот „Билјана“, по повод 8-ми септември – Денот на незавиноста на Република Македонија.Во рамки на концертната програма беа претставени неколку приказни за Охрид и неговата музичка историја, а наратор на настанот беше биде Проф. Валентина Божиновска. Гости на годинешниот концерт беа Мартина Максимовска, професор по народно пеење и член на националниот ансамбл „Танец“ и Мухамед Бајрам од групата „Цар Самоил“,...
Сончево со умерена облачност
Post Views: 41 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец кој краткотрајно ќе засилува.Утринската температура до 14 степени, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени.Во четврток на повеќе места во Македонија ќе има локална појава на краткотраен дожд и ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од источен правец. Потоа се очекува стабилно и потопло време.
За прв пат знамето на ретките ги освои и длабочините на подвoдната пештера Врело
Post Views: 54 Поддршка за лицата со ретки болести од Спелео нуркачки клуб ВРЕЛО Македонија и Нуркачки клуб ВИДРЕ од Србија.Нуркачи од овие клубови го однесоа знамето на ретките во длабочините на подводната пештера Врело во кањонот Матка. Со ова знамето освои 400 метри подводни канали и 60 метри длабочина.Активистката за подигнување на свеста за ретките болести, охриѓанката Гордана Лолеска изрази благодарност до нуркачките клубови што со овој гест дадоа поддршка на Здружението на лицата со ретки болести „Ретко е да си редок“ од Охрид.„Додека се надеваме...
Одбележани 14 години од бродската несреќа
Post Views: 64 Делегација на Општина Охрид денеска положи свежо цвеќе на спомен обележјето „Солза на Роза“, по повод 14 години од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи.Свежо цвеќе на меморијалниот споменик положија и делегации на Република Бугарија и граѓански здруженија.Бродот „Илинден“ превезуваше 57 патници на релација од Охрид за Свети Наум, а потона во Охридското Езеро на 250 метри од брегот, во близина на автокампот „Елешец“.







