Автор: инфодеск
Post Views: 15 Владата на денешната седница усвои сет препораки наменети за училиштата со цел во овој исклучително сензитивен период да се реагира внимателно и правилно за подигнуивање на безбедноста во училишните објекти и превенирање на меѓуврсничкото насилство, информира министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната прес-конференција во Владата.Министерот ги претстави владините препораки кои ќе бидат доставени до сите училишта и општини и побара од засегнатите страни да ги почитуваат.Сите локални самоуправи во соработка со Меѓуопштинските центри за...
Уверение за државјанство отсега ќе се добива и на е-мејл или на мобилен
Post Views: 25 Дигитална трансформација на услугите на граѓаните во издавање на уверение за државјанство. Отсега граѓаните овие уверенија ќе може да ги добијат на имејл адреса или на мобилен телефон. МВР донесе Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на водење евиденција за државјаните на Република Северна Македонија и за обрасците што се применуваат односно издаваат, рече Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.„Барањето се поднесува лично за себе или за своето дете, услугата е достапна на веб страната uslugi.gov.mk, лични документи ,...
Објавен оглас за локации на тезги за продажба на сувенири во Стар град
Post Views: 16 ЈП Градски Пазар Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема за комерцијално користење, продажба на сувенири на 10 локации во Стар град.Локациите за продажба на сувенири се наоѓаат: на патеката од Самоилова Тврдина кон Плаошник- вкупно 5 локации, пред влезот во “Плаошник” – вкупно 4 локации, и една локација пред влезот на “Амфитеатар”. Урбаната опрема ќе се издава за времетраење од 15.06.2023 до 15.09.2023 година.Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое правно лице со...
Во Охрид пристигнаа првите гости од Хoландија
Post Views: 11 На охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле” утрово пристигна првиот лет од Холандија. 180 туристи од Амстердам на седумдневен одмор дојдоа во Охрид.Холанѓаните, важат за традиционални гости вљубеници во Македонија, кај нив расте интересот да летуваат на брегот на Охридското Езеро. Сакаат да се запознаат со богатото културно историско наследство, да го видат најголемото езеро во Европа, но и да уживаат во македонската традиционална храна.„Прв пат доаѓам, ја видов Македонија и мислам дека е инетересна дестинација.“, вели една гостинка од...
Проверете си ги ризик факторите за хипертензија утре на градскиот плоштад
Post Views: 14 17 мај е прогласен за Светски ден на хипертензијата ( покачен крвен притисок) од страна на Светската лига за хипертензија (www.whleague.org).По повод Светски ден на хипертензијата, Крка фарма Скопје во соработка со Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања од Охрид, Специјализираната болница за нефрологија Струга, Здружението за мозочен удар од Охрид и Црвен крст Охрид утре (17.05.2023) од 13 до 16 часот на Градскиот плоштад во Охрид, ќе организира настан за подигање на свесноста на граѓаните на општина Охрид за значењето на хипертензијата како...
Се намалува бројот на ученици во основните и средните училишта
Post Views: 14 На крајот на учебната 2021/2022 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 184 910, што претставува намалување за 0.6 % во однос на претходната учебна година, соопшти Државниот завод за статистика.Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2021/2022 година изнесува 69 378, што е намалување за 2.5 % во однос на претходната учебна година.
„Стандардна„ изведба на шахти за украс
Post Views: 22 Проблеми за жители на улица „Будва“ и по нејзината реконструкција. Тие во рубриката ТиСиТвојотГрад се жалат дека шахтите на кракот што излегува на булевар Железничка, кој неодамна беше асфалтиран, се лошо изведени и не си ја вршат функцијата. Деновиве поради врнежите од дожд улицата е мини езерце.„Новоизградена дисфункционална улица во поглед на тотално нефункционални шахти !! Секој дожд исто- мини езеро!! Среќа што добивме 50см тротоар па некако кога немаТ сообраќај имат шанси со трчање да избегниш капење!„ – велат жители на тој потег од...
18 години „Охриде не бери гајле“ на Супер радио
Post Views: 14 Изминаа полни 18 години од стартот на радио емисијата „Охриде не бери гајле“ на охридското Супер радио.Жанко и утринската екипа и понатаму остануваат верен утрински пријател на охриѓани, стружани, но и на сите кои го слушаат Супер радио насекаде низ светот на интернет.Со препознатлив стил и „охридски муабети“, секое утро испорачуваат обрана музика, но и информации од спортот, локални вести, проверени информации и многу забава.„За нас е многу важно да го започнеме секој ден со насмевка, убава музика и позитивна енергија. Убаво е што емисијата и...