Автор: инфодеск
Post Views: 16 На 19ти Мај (петок), во просториите на Ohrid Blue Economy Accelerator (при Универзитет за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле”) ќе се оддржи Инфо Сесија со цел презентација на тековниот отворен повик за финансирање на компании кои нудат одржливи решенија во областа на зелената и сината технологија. Повикот нуди можност за аплицирање за грант во висина од 50.000 евра, како и приспособено деловно советување, изложеност на инвеститоритеи...
Во Охрид облачно, попладне нестабилно со врнежи од дожд
Post Views: 11 Времето утре во Македонија променливо облачно со локални врнежи од дожд, од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме, проследени со пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и услови за изолирана појава на град.Во Охрид променливо облачно со сончеви периоди, во попладневните часови ќе биде нестабилно со услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура до 11 степени, а максималната дневна до 17 степени...
ГКК Охрид стана нов прволигаш
Post Views: 9 Градскиот кошаркарски клуб Охрид славеше во „мајсторката” против Соколи 1933 од Штип со резултат од 64:55 и првпат во својата кратка историја ќе биде дел од Првата кошаркарска лига.Во третиот натпревар кој беше одлучувашки кој ќе патува во кошаркарската елита на Македонија, охриѓани беа подобар противник во психолошки тежок натпревар.Во првиот меч Охрид на домашен терен славеше со 84:68, а во второто соочување во Штип, Соколи 1933 пред својата публика во „Јордан Мијалков” со 79:70 се избори за трет натпревар.Во „мајсторката” Охрид...
Генералка викенд во Охрид
Post Views: 11 Голема количина на ПЕТ амбалажа и мешан отпад беа собрани во рамки на еколошката акција „Генералка Викенд“ која се одржа во саботата на 13-ти мај 2023 година во Охрид.Акцијата ја реализираа Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ со поддршка на здружението „Брег на Младоста“, компанијата Kостал Македонија Дооел, Шпаркасе Банка и Црвениот Крст Охрид. Во теренските активности беше опфатен потегот од плажата „Горица“ до поранешната детска болница и плажата “Грашница“.Акцијата беше организирана од „Мен енд маунтен“, а со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и...
Загина 21-годишник на патот Струга-Дебар
Post Views: 9 На 14.05.2023 околу 00.50 часот на регионалниот пат Струга-Дебар, на влезот во селото Велешта, А.О.(21) од истото село, управувајќи патничко возило „фолксваген голф” со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.На местото на несреќата возачот им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Струга.Увид извршија Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Струга.
Охриѓани казнети за возење под дејство на алкохол
Post Views: 10 На 13/14.05.2023 од 22.00 до 04.00 часот, на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 15 возачи кои управувале возила под дејство на алкохол (Охрид-08, Струга-02, Кичево-05).„Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.„- информираат од СВР охрид.
МВР отвори предмет за полицаецот што го удри ракометарот Талески со пендрек
Post Views: 17 Финалето во ракометниот Куп на Македонија што се одржа во Охрид, го засени инцидент. Славењето на Вардар по победата над Еурофарм Пелистер со 26-25 премина во турканици помеѓу играчите на двете екипи, во кои еден од полициските службеници, кои го обезбедуваа натпреварот, со пендрек го удри по глава ракометарот на Вардар, Филип Талески.„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер” од Битола и „Вардар” од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава...
Нивото на Охридското Езеро е поголемо за еден сантиметар
Post Views: 14 За по два сантиметри е зголемен водостојот на Дојранското и на Преспанското Езеро, а нивото на Охридското Езеро е поголемо за еден сантиметар во споредба со вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).Сепак, само водостојот на Дојранското Езеро е за 1,91 метар повисок од просекот за мај, додека нивоата на Преспанското и на Охридското Езеро се пониски од просечните и тоа за 1,97 метри кај Преспанското и за 23 сантиметри кај Охридското Езеро.Повисок од просечниот за овој период од годината е и...