Skip to main content

Автор: инфодеск

Одржлива урбанизација ќе ги искорени дивоградбите

Post Views: 13 Дивоградбите може да се искоренат само со одржлива урбанизација. Потребни се правилни и навремени урбанистички решенија за стопирање на нелегалните градби смета научната фела. Во недостиг на детални урбанистички планови во охридско – струшкиот регион регион секојдневно никнуваат нови дивоградби.Потребна е урбанизација, која предвидува повеќе зеленило, еко градби, паркинзи, сообраќајни решенија, а тоа е основата за зачувување на статусот на УНЕСКО.„Јас сметам дека урбанизмот треба да биде во прв план да се урбанизираат селата за да не добиваме диви...

Продолжи со читање

Новиот шампион Струга со дерби против ланскиот Шкупи за крај на сезоната

Post Views: 12Струга Трим Лум е новиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, а историската сезона стружани ќе ја затворат во недела со ново дерби против ланскиот шампион Шкупи на домашен терен.Струга веќе во средата го доби големото дерби против некогашниот шампион Шкендија и тоа во Тетово преку пресврт од 1:2, па повеќе од мотивирани стружани ќе го пречкаат и Шкупи за нов триумф.Струга одигра историска сезона и стана за првпат шампион во елитата на Македонија, а стружани можат да дојдат и до двојна круна, што за нив ќе биде голем историски успех.Дека...

Продолжи со читање

Студентскиот дом во Охрид со превентивни мерки за безбеден престој на учениците и студентите

Post Views: 15 Студентскиот дом во Охрид со превентини мерки и едукација во насока на одржување безбедна средина за сместените ученици и студенти.Во просториите на Државниот студентски дом „Никола Карев” Охрид, на барање на директорот м-р Жарко Куциноски се одржа работен состанок со претставници на СВР Охрид, отсек превенција и Полициска станица од општа надлежност Охрид.На состанокот беше разгледана состојбата со сместени ученици и студенти во студентскиот дом.„Целта на овој состанок е превенирање на девијантни појави и препознавање на истите, а се со цел...

Продолжи со читање

Генералка викенд во Охрид

Post Views: 11  Во организација на компанијата „Мен енд маунтен“, а со поддршка на пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад, денес од 9 часот ќе се одржи „Генералка Викенд“ во повеќе општини во државата.Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата.Општина Охрид и ЈП„Охридки Комуналец“ Охрид, се приклучуваат на aкцијата со чистење на плажите  Грашница, Горица и Св.Стефан. Во акцијата ќе земат  учество и здружението „Брег на Младоста и  Kостал Македонија Дооел.Општина Охрид ги повикува сите...

Продолжи со читање

Во Охрид сончево со умерена облачност

Post Views: 12 Во Македонија денес сончево и потопло време со умерена облачност која попладне ќе се зголемува и локално ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој на места долж Повардарието повремено ќе засилува.Во Охрид сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Mинималната температура до 8 степени , а максималната дневна ќе се искачи со 18 степени.

Продолжи со читање

Министерот Меџити во посета на Општа болница Охрид

Post Views: 19 Во рамки на денешната посета на ЈЗУ Општа болница Охрид, министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, разговараше со раководството на установата за претстојните предизвици како надополнување на кадарот во областа на педијатрија и набавка на нова медицинска опрема.„Општата болница Охрид претставува пример за континуирано кадровско зајакнување. Реализирани се 32 нови вработувања и испратени 9 доктори на специјализации од различни области, со цел зајакнување на повеќе специјалистички оддели.“ – велат од Министерството за здравство.Дефицитот на...

Продолжи со читање

Голем интерес за првиот Саем за образование и кариера во Охрид

Post Views: 11Образовните можности на средното и високото образование на едно место денес во Охрид. Младинскиот центар од Охрид за прв пат во еден специфичен формат, на едно место успеа да ги донесе и претстави сите средно школски образовни установи и високо образовани институции, со можностите кои им ги нудат на учениците од основните и средните училишта. Саемот на образовани беше организиран од Младинскиот Центар Охрид, а го отвори заменик градоначалникот на Општина Охрид Перчо Божиновски.„Тука во Охрид и во македонија вие ќе ја исцрпите својата судбина и ќе ја...

Продолжи со читање

Ученици од ЕМУЦ направија апликација за мапирање депонии и дигестор за производство на метан

Post Views: 12 Тимот од компанијата GreenForce од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” од Охрид изработи мобилна апликација за мапирање и пријавување отпад. Апликацијата за пријавување диви депонии TrashPinger веќе е достапна за преземање на веб-страницата http://trashpinger.000webhostapp.comГодинава на шестиот Државен натпревар за ученички компании во организација на Џуниор Ачивмент Македонија во финалето влегоа две компании од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” – Охрид, GreenForce и „ЦеХа4“.На овој натпревар беа пријавени 115 компании од средни училишта од целата...

Продолжи со читање