Skip to main content

Автор: инфодеск

Шведска тестира шестчасовно работно време

Post Views: 320 Вториот најголем град во Шведска, Гетеборг, одлучил од 1 јули да тестира шестчасовно работно време за службениците, очекувајќи дека ќе докажат дека пократко работно време ќе донесе поголема продуктивност, пишуваат водечки американски медиуми. Доколку очекувањата се потврдат, тоа би можело да се прошири на комплетното шведско општество, но веќе сега некои среќни жители на тој град ќе го живеат сонот од 1332 работни часови годишно, пишува Washington Post. Целта на гетерборшкиот проект е да се утврди дали еден од најголемите аргументи е во прилог на пократкото...

Продолжи со читање

Google претстави самовозaчки автомобил

Post Views: 437 Google овие денови направи голем чекор во развојот на самовозачките автомобили. Овој технолошки гигант почна сам да произведува свои прототипи на автомобили на иднината и на тој начин си отвори простор за потполна дизајнерска слобода и претставување на интересни концепти, како што е овој автомобил без управувач. Од Google напомнуваат дека трите прототипа кои моментално се користат како испитни модели првенствено се дизајнирани за посматрање и учење, а не за стил и удобност. Првиот фактор на кој се обрнува внимание е подобрување на сигурноста во сообраќајот и затоа...

Продолжи со читање

Во училиште цитати од Хитлер

Post Views: 388 За да привлечат внимание на новото училиште, едно американско христијанско здружение нарачало билборд на кој е напишан цитат од Хитлер од 1935 година и цитат од Библијата. Билбордот е сместен покрај еден ресторан за брза храна. На билбордот е фотографија од група насмеани деца и покрај нив пишува “Оној кој поседува младост ја победува иднината – Адолф Хитлер”. Хитлер оваа реченица ја изговорил во 1935 година на собирот на германската младина. Основачот на христијанското здружение, Џејмс Андерег, кој го нарачал скандалозниот билборд, изјавил на новинарите дека...

Продолжи со читање

Информација вредна пет милиони долари

Post Views: 315 Кампањата за собирање средства е започната на интернет страницата Indiegogo, објавиле фамилиите на патниците од летот MH370. Авионот исчезна на 8 март набрзо по полетувањето од Куала Лумпур во правец на Пекинг со 239 патници и членови на екипажот. Паднал на југот од Индискиот океан, спротивно од планот на летање, но и по три месеци истрагата не доведе до локализирање на остатоците а некои фамилии мислат дека властите ја кријат вистината. “Уверени сме дека некаде некој знае нешто и се надеваме дека наградата ќе го стимулира да истапи и да каже што знае”, објаснил...

Продолжи со читање

Словенечки браник за велосипед ја освојува Америка

Post Views: 426 Само една година по успешно завршената кампања по пат на онлајн платформата за масовно финансирање Kickstarter, словенечката стартап фирма Musgard го проширила својот бизнис со дизајнерските браници во бројни земји од светот. Имено, Musgard може да се купи и во дизајнерскиот дуќан на Музејот за современи уметности во Њујорк, глобална културна институција која е попозната под својот бренд МоМа. Авторот на овој интересен проект, Јуриј Лозич, вели дека ваквата ситуација за нив е малку невообичаена затоа што примарната цел им била да се ориентираат на трговијата со...

Продолжи со читање

Потезот на Обама срамотен и вулгарен

Post Views: 413 Социјалните мрежи денес се занимаваат со претседателот Барак Обама кој е виден како џвака гума за џвакање додека свирела Марсељезата (химната на Франција) на свечената церемонија по повод одбележувањето на 70 годишнината од денот Д во Нормандија. “Обама сакате и кока-кола додека џвакате, додека се свири Марсељезата”, “Кралицата доаѓа, а вие џвакате”, наведуваат двајца корисници на Твитер, пренесува агенцијата AFP. Корисниците на Твитер објавиле и дека Обама “срамно” и “вулгарно” џвака, додека еден друг корисник го нарекол Обама “мангуп”. Американскиот лидер се...

Продолжи со читање

Лоши вести за љубителите на порнографијата

Post Views: 393 По студијата која покажала дека луѓето кои гледаат порнографски содржини стануваат мрзливи, еве уште едно истражување на слична тема. Имено, новото истражување носи потенцијално лоши вести за љубителите на порнографските содржини – мажите кои редовно гледаат порно материјали имаат помали мозоци. Така покажала студијата на институтот Max Planck во Берлин објавена во научното списание Jama Psychiatry. Научниците со магнетна резонанца снимиле 64 мажи на возраст од 21-45 години. Се покажало дека тие кои често гледаат порнографија имаат помал стриатум – дел од...

Продолжи со читање

Пет факти за Google кои можеби не сте ги знаеле

Post Views: 450 Google можеби за нас знае се, но постојат работи што ние не ги знаеме за интернет сервисот кој стана неизбежен дел од современиот живот. Порталот Mashable издвои пет фасцинантни факти за Google кои можеби не сте ги знаеле. Ако почине вработен во Google, неговиот брачен партнер добива половина од платата во следните десет години. Познатото лого на Google воопшто не било центрирано на почетната страна од пребарувачот се до 2001 година. Во 2013 година Google претрпел технички проблеми кои ги исклучил сите негови сервиси на 5 минути. Во тој период глобалниот промет на...

Продолжи со читање

Се продава пристаништето во Солун

Post Views: 409 Осум компании од целиот свет покажале интересирање за купување на мнозинскиот пакет акции од капиталот на јавното претпријатие Солунско пристаниште. Како што објавила во четвртокот Агенцијата за приватизација (HRAF), на таа листа се германскиот Equity Investment Partners, јапонскиот Mitsui&co., холандската APM Terminals, и  филипинската International container terminal services. Во трката се и холдингот Duferco participation holding limited од Луксембург, руската железничка компанија DD, лондонската компанија P&O и турскиот холдинг Yilport Holding....

Продолжи со читање

Стадионот во Сао Паоло блокиран

Post Views: 385 Илјадници бездомници ја блокирале Коринтианс арената во Сао Паоло на која идната недела треба да се отвори Светското првенство во фудбал. Протестантите се неадоволни од високите трошоци за организација на Светското првенство и бараат владата наместо во стадиони да вложува во здравството, образованието и транспортот. Околу 10.000 лица од стадионот се упатиле кон улиците на Сао Паоло и ја блокирале една од главните улици од градот, а им се придружиле околу 500 пензионирани полицајци кои бараат поголеми пензии. Овој протест се случил, откако претседателката на Бразил...

Продолжи со читање

Волшебно пенкало

Post Views: 520 Пенкалото под името “Scribble” му овозожува на корисникот да избере било каква боја од опкружувањето и да ја искористи за цртање на хартија или на телефон. Уредот кој наскоро ќе се најде во продажба, може да сочува 100.000 нијанси во интерната меморија и ќе може да репродуцира преку 16 милиони бои. Боите се детектираат со помош на сензор и микропроцесор, а потоа мастилото се меша и се припрема за пренесување на хартија. Дизајнерите од Калифорнија го опишуваат пенкалото како прво на светот кое избира бои и може да се нарече “гаџет”. “Со помошна Scribble дури и...

Продолжи со читање

Десет фасцинантни факти за Бразил

Post Views: 519 Од почетокот на Светското првенство во Бразил не делат неколку дена. По овој повод издвојуваме десет фасцинантни факти за оваа земја, со помош на податоците кои ги објавија Telegraph и Business Insider. Бразил е трет потрошувач во светот на козметика, веднаш по САД и Јапонија. Половина од светското производство на сок од портокал и петтина на производството на шеќер отпаѓа на Бразил. Бразил е седмо стопанство во светот, со БДП од 2,3 билиони долари. Толку изнесуваат стопанствата на Јужна Африка, Австралија и Аргентина, заедно. Во Бразил е потребно повеќе од една...

Продолжи со читање