Автор: инфодеск
Post Views: 21 Утре се играат натпреварите од претпоследното вонредно 29. коло од Втората македонска фудбалска лига.Фудбалерите на Воска Спорт, кои веќе обезбедија историски влез во Првата македонска фудбалска лига, утре на „Билјанини Извори” ќе играат против екипата на Детонит Плачковица од Радовиш. Воска нема право на грешка доколку сака да стане шампион во Втората лига, со оглед на тоа што Гостивар има само два бода негатива во однос на охриѓани.Триумф над Детонит Плачковица ќе значи дека Воска Спорт ќе биде шампион во Втората лига, со оглед на тоа што во...
Спасовски: Интерпол е клучна организација за глобалната безбедност
Post Views: 17 Улогата на Европа во борбата против новите облици на криминалот и важноста од споделувањето на информациите низ регионот и низ целиот свет во борбата против криминалот, се двете основни поенти на педесеттата по ред Европска регионална конференција на Интерпол, која во наредните три дена се одржува во Охрид.Претседателот на Интерпол Генерал Мајор Ахмед Насер Ал-Раиси , истакна дека и покрај оперативните успеси на Интерпол, на хоризонтот има навистина големи закани. Меѓународните убиства се повторно во пораст после еден период на опаѓање, но и новата...
Укинување на сите задолжителни Ковид мерки
Post Views: 17 Комисијата за заразни болести ќе им препорача на Министерството за здравство, Владата и Главниот координативен кризен штаб да бидат укинат сите задолжителни мерки против ковид-19, изјави денеска портпаролот на Комисијата, д-р Злате Мехмедовиќ. На сила се четири мерки и тоа: носење на маски во болници, јавен превоз, аптеки и домови за стари лица и лица со посебни потреби.Оваа одлука следи откако минатата недела Светската здравствена организација (СЗО) прогласи крај на пандемијата на ковид-19, додавајќи дека веќе не претставува глобална здравствена вонредна...
Се асфалтира улицата „Пирин Планина“
Post Views: 12 Денеска започнаа активностите за асфалтирање на улицата „Пирин Планина“.Изведувач на асфалтирањето е АД „Илинеден“, а активностите се во рамки на годишната програма за асфалтирање на пристапни улици и патишта. Асфалтираната површина на улицата „Пирин Планина“ изнесува околу 1300 метри квадратни.
Започна уредување на шеталиштето на Црн Дрим од десната страна на течението
Post Views: 9 Денес почнаа работите за санирање на шеталиштето кај Црн Дрим од десната страна на течението, со многу поквалитетни камени плочки од досегашните кои се во лоша состојба.„Проектот има за цел да ја подобри состојбата за сите пешаци кои слободно и безбедно ќе се движат во овој дел, за локалното население и за туристите. Работите ќе продолжат со побрзо темпо, бидејќи во Струга во претстојниот период ќе се одржат повеќе форуми и слични настани од меѓународен карактер.“– велат од Општина Струга.На еден дел од ова шеталиште општината ќе воведе одреден...
Црвен Крст Охрид го одбележува Денот на Црвениот крст и Црвената полумесечина
Post Views: 16 Со положување свежо цвеќе на спомен бистата на големиот хуманист Анри Динан денеска охридскиот Црвен крст оддаде почит кон основоположникот на најголемата хуманитарна организација во светот. Денеска на неговиот роденден се одбележува Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.Пред спомен обележјето на Динан, кое е единствено во земјава пред седиштето на охридскиот Црвен крст, се поклонија претставници и волонтери од Црвен крст Охрид и Црвен крст на Репбулика Македонија и претставници од Советот на Општина Охрид.Претседателот на Црвен крст...
Реставрација и конзервација на објектот на првиот хотел во Струга
Post Views: 16 Завршија предвидените работи од првата фаза на непосредна заштита при реализација на Конзерваторски проект за конзерватоско – реставраторски работи на архитектонски објект на ул. „Партизанска“ бб Струга. На објектот се изврши препокривање.„Стариот оштетен кров се демонтира и по извршена статичка пресметка се поставија нови кровни елементи. Се постави нов патос од даски , од внатрешната страна се постави термоизолација од минерална волна поставена меѓу роговите кои се затворија со гипсено картонски плочи. Над дасчениот под се постави паропропусна...
Одблокирана сметката на охридската Општа болница
Post Views: 10 По скоро две години со намалување на долгот за речиси еден милион евра, одблокирана сметката на Општата болница во Охрид. Финансиската поддршка од Фондот за здравство и Владата , трпеливоста на добавувачите и домаќинското работење на менаџментот на установата, доведоа до решавање на овој проблем и враќање во нормала на функционирањето на болницата, кажа директорот на болницата Асен Шајн.„Долгот е намален за околу 1 милион евра и ќе се потрудиме во периодот што претстои да се сервисира и останатиот дел. Ова е многу важно, бидејќи охридската болница е...