Skip to main content

Автор: инфодеск

Бунт во формула 1

Post Views: 244 Првата трка во новата сезона на Формула 1, големата награда за Австралија минатиот викенд, не донесе успех, ни приближно, каков што организаторите очекуваа. Ron Walker, претседателот на австралиската ГранПри корпорација и долгогодишен сојузник на шефот на Ф1 Bernie Eccleston, најавил можна жалба поради кршење на договорот. Имено, болидите по промената на моторите од V8 на V6 звучеле повеќе како картинг автомобили, а не како класични Ф1 болиди кои возат и преку 350 км на час. “Не плативме да го гледаме ова! Сите промотори ширум светот ќе се жалат. Ова беше...

Продолжи со читање

Ноќта во Италија помина со нови 57 помали потреси

Post Views: 210 Италија продолжи да се тресе во подрачјето на големиот земјотрес и ноќта помеѓу четврток и петок каде беа урнати неколку села, а спасувачите сеуште трагаат по преживеани. Според националниот центар за земјотреси за време на ноќта се забележани 57 помали земјотреси, меѓу кои најсилни биле тие околу полноќ со интензитет од 3 до 3,8 степени, а од средата досега се забележани повеќе од 900 тресења на тлото. Спрема најновите податоци на цивилната заштита од четвртокот навечер, во земјотресот загинале најмалку 250 лица, а 365 се повредени. Властите сеуште не можат...

Продолжи со читање

Денес прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Post Views: 242 На патниот правец А-2 Кичево – Охрид (помеѓу планински превој Пресека и с.Врбјани) поради изведување работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин околу 15 минути помеѓу 13:00 ч – 15:00ч. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури препорачуваме патување во раните утрински и вечерни часови. Правете почести одмори и конзумирајте повеќе безалкохолни пијалоци. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...

Продолжи со читање

Турција: со автомобил бомба нападната полициска станица

Post Views: 211 Силна експлозија потресла утрово полициска станица во местото Џизре во југоисточна Турција, а неименувани полициски извори тврдат дека има загинати и ранети. Турските медиуми јавуваат дека има девет загинати, од кои тројца полицајци, и 64 биле ранети. Силната експлозија целосно ја уништила полициската станица и оштетила неколку згради во околината. Според турските медиуми експлозијата била предизвикана од автомобил бомба. Агенцијата Анадолу пренесе дека за нападот е одговорна Работничката партија на Курдистан. Џизре се наоѓа во провинцијата Ширнак, која се...

Продолжи со читање

Завод за статистика: просечната нето плата во Македонија за месец мај 363 евра

Post Views: 223 Просечната месечна нето-плата по вработен се зголемила за 1,1 % минатиот месец во споредба со мај минатата година и изнесува 363 евра, пресмета Државниот завод за статистика. Бруто платата по вработен за мај месец изнесува 532 евра. Иако е тоа зголемување во споредба со истиот период лани, просечната нето плата е намалена во споредба со минатиот месец за 0,1 %. Во мај е забележано зголемување на просечната месечна нето-плата во секторите градежништво за 8,7%, административни и помошни услужни дејности за 7,6 %, земјоделство, шумарство и рибарство за 5,7 %. ...

Продолжи со читање

Кармело Ентони тврди

Post Views: 225 „Секогаш можете да се потпрете на Фил внатре во некоја организација, можете да се потпрете на неговата филозофија, памет, биографија, тоа што го донесувува тимот, на неговата подготовка пред мечевите“, истакнал Кармело Ентони. Фил Џексон може да стане најдобро платен генерален менаџер во НБА лигата, а сумата која тој ја бара е меѓу 11 и 12 милиони долари годишно, колку што беше платен во Лејкерси. Никси моментално имаат 25 победи и 40 порази, што е моментално четири победи помалку од тоа што е потребно за место кое води во плеј-офот. {loadposition content9}  

Продолжи со читање

YouTube до крајот на годината станува нова социјална мрежа

Post Views: 210 Google со години се обидува да направи социјална мрежа која ќе биде достоен противник на Facebook и Twitter, но и на другите платформи. Помпезно најавуваните проекти воглавно завршуваа како промашувања и тоа е единствениот сегмент во кој Google уредно бележи хронични неуспеси. Но, тоа не значи дека во Google се откажале од обидот да направат социјална мрежа која на глобално ниво ќе може да им конкурира на најголемите играчи. Кога веќе не оди со нови платформи, тие ќе се обидат со модификација на постоечките, а изборот е најверојатно на YouTube. Многумина ќе...

Продолжи со читање

Македонија денес во жолта алертна фаза

Post Views: 211 На територијата на цела Македонија денеска временските услови ќе бидат со многу висока дневна температура, состојба што Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ја означува како жолта алертна фаза. Температурата ќе достигне 40 Целзиусови степени. Министерството за здравство вчера апелираше граѓаните од целата земја да ги почитуваат општите препораки за заштита од високата температура: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, а особено да се...

Продолжи со читање

На фудбалот во Бразил му пречи Хјундаи

Post Views: 226 Корејската авто-компанија покренала кампања во која на купувачите на Хјундаи во Бразил ќе им ја продолжи петгодишната гаранција за уште една година. Но единствен услов е ако Бразил стане светски шампион. Меѓутоа кампањата му пречи на фудбалскиот сојуз на Бразил, и бараат спорната кампања да се повлече. Како и многу светски компании така и Хјундаи ќе го искористи светското првенство во фудбал за промоција на своите производи, така што експертите за маркетинг малку се поиграле со бројките 5 и 6, и така на интересен начин ја презентирале својата нова продажна...

Продолжи со читање

Утрово нов земјотрес во Италија

Post Views: 298 Според податоците на американскиот геолошки институт епицентарот на новиот земјотрес бил на околу седум километри од гратчето Норча со јачина од 4,2 степени на длабочина од 10 километри, пренесуваат светските медиуми. Илјадници спасители цеа ноќ трагале по преживеани во катастрофалниот земјотрес во кој загинаа 247 лица, а најмалку 368 се повредени, изјавија официјални лица во Италија, а пренесува BBC.Црниот биланс расте од час во час, а италијанскиот премиер Матео Ренци изјави дека бројката од 247 загинати не е конечна. Се верува дека многу луѓе се под...

Продолжи со читање

Од полноќ нови цени на горивата

Post Views: 228 Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва бензините и дизелот поевтинуваат!. Согласно методологијата која Регулаторната Комисија за Енергетика ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и дизелот се намалуваат во просек за 0.81 проценти. Тоа значи дека од вечерва на полноќ цената на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 2 денари односно 1.5 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 61.00 односно 63.00 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за...

Продолжи со читање

Лоши вести за Михаел Шумахер

Post Views: 231 Експертите сметаат дека автомобилскиот ас е предолго во кома за да не остави последици на неговиот мозок. Марк Мадер (68), главниот доктор за рехабилитација во Базел смета дека на Шумахер шансите се многу мали. „Се помали се шансите дека Шумахер потполно ќе се опорави. Неговата позната насмевка најверојатно нема повеќе да ја гледаме. Што подолго во кома, помали се шансите дека мозокот ќе се опорави. Шумахер најверојатно ќе има последици“, рекол Марк Мадер во разговор за Blick, кој го претставил како најголем авторитет за повреди на мозок. Се шпекулира дека Шумахер...

Продолжи со читање