Skip to main content

Автор: инфодеск

Промовирана книгата „Охридски фолклористи“

Post Views: 128 Денеска во спомен  куќата на Григор Прличев се одржа промоција на најновиот труд „Охридски фолклористи“ од авторите, проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо – Димоски. Со настанот започнаа чествувањата по повод 23- Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба.Пред вљубениците на пишаниот збор за значењето на делото обраќање имаше Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески.-Во очи големиот празник, 23 Октомври во прекрасниот амбиент на прлчичевата куќа се собравме да го  промовираме најновиот труд „Охридски Фолклористи“ од...

Продолжи со читање

Во Битола отворена првата регионална очна болница – „Систина Очна Болница by Промедика Офталмологија“

Post Views: 131 Вчеравечер, во присуство на бројни гости, претставници од медицинската фела, јавниот живот, соработници и пациенти, свечено беше отворена Првата регионална очна болница во Битола – Систина Очна Болница by Промедика Офталмологија. Со ова, жителите на Битола и целиот Пелагониски регион добиваат пристап до врвна офталмолошка хирургија и нега, блиску до својот дом.Оваа нова болница е резултат на речиси една деценија посветена работа, искуство и доверба стекната преку Дијагностичкиот центар Систина Офталмологија Битола, кој сега прераснува во современа...

Продолжи со читање

Претставата „Јованче и Марика“ за најмладите овој петок во Охрид мол

Post Views: 157 Во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“, овој петок ќе се одржи детската интерактивна претстава „Јованче и Марика“ во изведба на „Балада продукција“.Претставата ќе се одржи во Охрид мол со почеток во 19:00 часот.

Продолжи со читање

Пукање и пожар во шаторите пред српскиот Парламент во Белград

Post Views: 118 Неколку шатори горат пред Собранието на Србија, а три пожарникарски тимови се обидуваат да ги изгаснат. Според белградски медиуми, приведено е едно лице. Како што е објавено на социјални мрежи, на пожарот му претходеле истрели од еден од шаторите, но засега не се знае дали се истрели од огнено оружје. РТС објави неофицијални информации дека причина за пожарот наводно била плинска боца.Ovako je počelo u ćacilendu u 10:19Neko je pucao iz vatrenog oružja i onda kenuo i požar iznutra pic.twitter.com/bA4ylB4JGp— Marinika Tepić (@MarinikaTepic) October...

Продолжи со читање

Објавен конкурс за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2025 година

Post Views: 147 НУЦК “Григор Прличев” -Охрид објави конкурс за најдобра поема „Григор Прличев“ за 2025 година.Конкурсот за избор на соодветната поема трае заклучно до 22 ноември 2025 година. Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски...

Продолжи со читање

Светиот апостол Јаков

Post Views: 119 Син Алфеев и еден од Дванаесетте големи апостоли. Роден брат на евангелистот Матеј. Сведок на словото на вистината и на чудата на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, сведок на Неговото страдање, Воскресение и Вознесение. По слегувањето на Светиот Дух на Педесетница, на апостолот Јаков му падна во дел да го проповеда Христовото Евангелие во Елефтеропол и околните места, потоа во Египет, каде што и пострада за својот Спасител. Со голема сила и на збор и на дело, свети Јаков ја разнесуваше благовеста за воплотениот Бог Слово, уривајќи го идолопоклонството, од...

Продолжи со читање

Променливо облачно со услови за повремен дожд

Post Views: 109 Променливо облачно со услови за појава на повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.Од УХМР велат дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, освен утре и во сабота кога ќе преовладува стабилно време. Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од југозападен, а од недела од јужен правец.Денес температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 11 до 17 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Прекин во водоснабдувањето во село Лескоец

Post Views: 144 Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 09:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицara „Рашанец’ во село Лескоец.

Продолжи со читање

Утре промоција на книгата ,,Охридски фолклористи”

Post Views: 139 Во рамките на Програмата на Општина Охрид за чествување на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, утре ќе биде промовирана книгата ,,Охридски фолклористи” од авторите проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а во издание на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.Во програма предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, на уредникот на едицијата ,,Охридско книжевно наследство” Митре Велјаноски, како и на промоторот проф. д-р Велика Серафимоска. Исто така предвиден е настап на Митко Колјушевски...

Продолжи со читање

Четврток, 23 октомври – неработен ден за сите граѓани

Post Views: 154 Министерството за социјална политика, демографија и млади соопшти дека 23 октомври 2025 (четврток), Денот на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани.Денот на Македонската револуционерна борба се празнува од 2007 година кога бил донесен и изгласан новиот закон за државни празници.На 23 октомври во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска револуционерна организација (ВМОРО), со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.Министерството за труд и социјална политика на...

Продолжи со читање

Охрид ќе го одбележи 23. Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба

Post Views: 125 Општина Охрид со бројни свечености ќе го одбележи 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.-Овој празник е потсетник на храброста и визијата на нашите претходници и темел на нашата борба за државност и независност. Да ги чуваме и чествуваме делата на нашите револуционери и да продолжиме заедно по патот на вистинските вредности, изјави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Активностите започнуваат утре напладне во Спомен куќата на Григор Прличев ќе биде промовирана книгата „Охридски фолклористи“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе...

Продолжи со читање

УИНТ „Св. Апостол Павле“ утре ќе го одбележи денот посветен на својот патрон

Post Views: 110 Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ свечено ќе го одбележи патрониот ден посветен на својот заштитник и духовен патрон – Св. Апостол Павле. Свеченоста ќе се одржи на 22 октомври (среда) со почеток во 12:00 часот во амфитеатарот на Универзитетот, каде што ќе присуствуваат претставници од академската заедница, студенти, гости и пријатели на институцијата.–Настанот е посветен на духот на мудроста, истрајноста и инспирацијата, кој повеќе од една деценија го води Универзитетот во неговата мисија за развој на современо...

Продолжи со читање