Автор: инфодеск
Views: 307 Словенечко-германскиот квартет саксофони „СИГНУМ“ вечерва во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот ќе се претстави пред публиката на фестивалот „Охридско лето“.„СИГНУМ“ е сè освен обичен ансамбл – четворица извонредни саксофонисти кои се познаваат уште од студентските денови и кои постојано наоѓаат начин заеднички да откриваат. Станува збор за Михаил Кнот и Јакопо Тадеи – сопран саксофон, Алан Лужар – тенор саксофон и Едоардо Зоти -баритон саксофон.Нивниот стил претставува еден вид спој на повеќе жанри, со особена посветеност на музиката оригинално...
РСБСП со апел за безбедно учество во сообраќајот за време на празничниот викенд
Views: 203 По повод одбележувањето на 2. Август Ден на Републиката – Илинден, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќајните правила и прописи.-За време на претстојниот празничен викенд се очекува зголемена раздвиженост на сите категории учесници во сообраќајот особено на патните правци кон туристичките места Охрид, Преспа, Дојран, Крушево, Пелинце, излетничките места и кон граничните премини. Во услови на зголемен интензитет на сообраќајот, внимателното и одговорно...
Светиот маченик Емилијан
Views: 141 Во времето на Јулијан Отстапник, во тракискиот град Доростол, живееше момчето Емилијан, слуга на градоначалникот. Кога царот отстапник почна со меч и со оган да го сотира христијанството ширум Римското царство, во Доростол дојде царски пратеник да ги убива христијаните. Но, не најде ни еден единствен. Израдуван од тоа, тој им приреди голема гозба на доростолските граѓани и заповеда големо жртвопринесување на идолите и деноноќна веселба по целиот град. Таа ноќ тргна свети Емилијан по идолските храмови, по плоштадите и градските улици и со копач ги испокрши сите идоли. Утредента...
Сончево и топло со мала локална облачност
Views: 157 Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.Температурите во Охрид од 18 до 33 степени Целзиусови.Под влијание на топол бран до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло. Особено топло ќе биде од среда кога наместа дневната температура ќе биде над 40 степени.
МВР: Во функција се камерите на Безбеден град во дел од општина Дебрца, наскоро ќе стартуваат и во Охрид
Views: 219 Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по извршеното финално тестирање ставени се во функција безбедносните камери на системот за сообраќаен надзор Безбеден град на автопатската делница помеѓу селата Горенци и Требеништа, во општина Дебрца. Наскоро камерите на Безбеден град, ќе бидат во функција и на сообраќајниците во Охрид и регионот, каде уредите се веќе поставени и привршува нивната техничка проверка и тестирања. Системот Безбеден град ќе овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување...
Документарниот филм „Едно време, една генерација, едно училиште“ на Љупчо Паункоски премиерно пред охридската публика
Views: 318 Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, на 6 август 2026 година (четврток), со почеток во 19:00 часот, ќе биде промовиран документарниот филм „Едно време, една генерација, едно училиште“ од авторот Љупчо Паункоски.Филмот низ автентични приказни и спомени оживува едно време, една генерација и едно училиште, претставувајќи вредно сведоштво за минатото на Охрид.Организаторите ги покануваат граѓаните да присуствуваат на промоцијата и да бидат дел од вечер исполнета со спомени и емоции.Влезот е слободен. Настанот е поддржан од Општина Охрид.
Во сабота започнува „Културно лето Пештани 2026“
Views: 344 Во сабота, 1 август, со почеток во 20:30 часот на Песочна плажа во центарот на Пештани ќе биде свеченото отворено „Културно лето Пештани 2026“, манифестација која веќе осум години ги негува културните вредности, традицијата и уметноста во Пештани.Повелете заедно да го означиме почетокот на уште едно незаборавно културно лето исполнето со уметност, музика и прекрасна атмосфера покрај Охридското Езеро, велат од Општина Охрид.Во рамки на манифестацијата од 2 до 6 август, на Песочна плажа во центарот на Пештани, ќе се одржува и настанот „Сликање на зајдисонце“, секој ден со...
Пријава за гласна музика од угостителски објект во близина на Охрид, измерена бучава над дозволената
Views: 284 На 30.07.2025 година, во 15:25 часот, во СВР Охрид било пријавено дека од угостителски објект на плажа во туристички комплекс во близина на Охрид се слуша гласна музика која го нарушува јавниот ред и мир.Полициски службеници извршиле мерење на јачината на бучавата со фонометар, при што било констатирано дека е надмината дозволената јачина.По целосното документирање на настанот, против правното и одговорното лице ќе биде поднесена соодветна пријава.









