Skip to main content

Автор: инфодеск

Во Велгошти се одржа традиционалната “Вечер на Живко Чинго”

Post Views: 55 Синоќа во атарот на црквата „Св. Петка“ во село Велгошти, се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на еден од нашите најпознати литературни великани. Пред присутните свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.Се чувствувам гордо и возбудено, што како Македонист, како Охриѓанец и пред се како Македонец ја имам оваа привилегија да зборувам за ваков маркантен лик како Живко Чинго кој по својата оргиналност е икона на македонската култура и книжевност, кажа Божиноски....

Продолжи со читање

Сончево со умерена облачност и температура до 29 степени

Post Views: 37 Времето денеска во Охрид сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. UV индексот со вредност 8.Максималната дневна температура до 29 степени.Времето во следните денови во Македонија: Во вторник во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде претежно стабилно и топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Трио Аура

Трио „Аура“ вечерва со концерт на „Охридско лето“

Post Views: 40 Музичката програма на 63-тото издание на фестивалот „Охридско лето“ вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ продолжува со концерт на триото „Аура“.Овој реномиран камерен состав  го сочинуваат тројца истакнати македонски музички уметници: флејтистот Страшо Темков, пијанистката Ана Гацева и фаготистот Марјан Милошевски. Темков, Гацева и Милошевски се редовни професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје.Триото „Аура“ има долгогодишна и богата концертна активност во и надвор од нашата земја. Досега имаат реализирано многубројни рецитали...

Продолжи со читање

Храбро срце

„Храбро срце” бара да започне трансплантација на срце кај лицата со механичка пумпа

Post Views: 90 Да започне трансплантација на срце кај пациентите со механичка пумпа. Со оваа порака  Националното здружение „Храбро срце” денеска го одбележува  денот на органодарителството. Пациентите со вградена  механичка циркулаторна потпора, со години  чекаат трансплантација , но доколку се најде соодветен донор, државата треба да обезбеди владин авион за да се донесат  стручни лица од странство, кои ќе ја изведат операцијата.Со години добиваат само ветувања, а досега не е извршена ниту една ваква  трансплантација во земјава.„Тоа е возможно со ставање во...

Продолжи со читање

На денешен ден е роден Живко Чинго

Post Views: 113 Живко Чинго е истакнат македонски раскажувач, романсиер и драмски писател.Чинго е роден во селото Велгошти, Охридско, 1935 година, каде го започнува своето школување, а го продолжува во Охрид и во Скопје. По завршувањето на Филозофскиот факултет работи како професор во гимназијата во Охрид. Потоа доаѓа во Скопје и работи во весниците: „Студентски збор“, „Млад борец“, потоа во РТС, во Центарот за политички студии, во Републичкиот комитет за култура. Исто така, бил советник во Министерството за култура и директор на МНТ.Во 1963 година станал член на...

Продолжи со читање

22 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Post Views: 86 Пред дваесет и две години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година.Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери.Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на...

Продолжи со читање

Сончево со умерена облачност и температура до 28 степени

Post Views: 35 Времето денеска во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8. Максималната дневна температура ќе се искачи до 28 степени.Времето во следните денови: Продолжува периодот на претежно стабилно време со умерен, повремено засилен северен ветер. Во вторник во попладневните часови ќе има локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе биде во постепен благ пораст.фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Свечено откриена скулптурата “Раката на поетот” во Велестово

Post Views: 29 Со пригодна свеченост, денес, во Велестово беше откриена скулптурата “Раката на поетот” од уметникот Никола Пијанманов, инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке.На свеченоста присуствуваше заменик градоначалникот Перчо Божиноски.“Стремежот за убавина на човекот е изразен преку најразлични форми во уметноста распослани на најубавите места. Во Велестово на десетина квадратни метри имаме бујна културно-историска искра од 15 в. до денес. Па така на препознатливата чешма на црковнословенско писмо е амблемот на...

Продолжи со читање