Автор: инфодеск
Post Views: 234 Две слики, вредни неколку милиони евра, кои се украдени 1970 година во Лондон, се пронајдени по долгогодишна истрага, на Сицилија во куќа на еден пензионер кои ги држел закачени во кујна, соопштила италијанската полиција. Станува збор за слики од историско и уметничко значење, изјавил генералот Мариано Моса челник на полициското одделение задолжено за културно наследство. Тој на денешната прес конференција ја реконструирал истрагата која довела до откривање на платната на Пол Гоген (1848-1903) и Пјер Бонар (1867-1947). Станува збор за делата „Овошје на маса или...
Растенија кои ги бркаат инсектите
Post Views: 281 Овие растенија можете да ги посадите покрај патека, околу куќа и тераса, или во саксии, па можете да ги преместувате каде што сакате. Лаванда Овој прекрасен цвет може да се употреби на многу начини и секако треба да има заслужно место во вашиот двор и во саксиите. Ако не поради убавиот мирис и изглед, тогаш поради комарците. Мирисот на лаванда ги одбива овие натрапници и пожелно е да ги посадите близу до влезната врата или да чувате саксија со лаванда близу до влезот или до прозорецот. Индиска цитронела Таа е една од најефикасните против комарците. Расте како...
Платежни картички најдоцна за шест месеци
Post Views: 254 Својот сопствен систем на платежни картички, Русија, ќе го стартува во рок од два до шест месеци, по усогласување на законите. Ова на претседателот Путин му го пренесол шефот на руската банка Сбербанк, Герман Граф. „Разговаравме за ова прашање на состанокот со претставниците на Централната банка. Потребни се промени во законите, а тоа може да се направи брзо“, рекол Граф. Тој додал дека, по усвојување на законите, ќе биде потребно од два до шест месеци техничка работа до стартување на националниот систем за платежни картички. Руски официјални лица рекле минатата...
Lufthansa откажува 3800 летови
Post Views: 231 Германската воздухопловна компанија Lufthansa објавила денес дека откажува 3800 летови, од среда до петок, поради тридневен штрајк на пилотите а во врска со преговорите за плати. Откажаните летови требаше да пренесат вкупно 425.000 патници, прецизирала компанијата и додала дека тие денови во редот на летање ќе останат само 500 летови. Пилотите на на Swiss, Austrian Airlines, Eurowings, Lufthansa City Line, Air Dolomiti и Brussels Airlines не се опфатени со штрајкот иако Lufthansa поседува 45% во овие компании. Компанијата предвидува дека каде што ќе биде можно...
Екс премиер прогласен виновен за мито
Post Views: 217 Во обвинението од 2012 година наведено е дека милиони долари циркулирале нелегално за да се промовираат проекти, вклучувајќи ја и контроверзната изградба на Ерусалим, која барала измена на закон и вклучувала ослободување од данок и други бенефиции. Екс премиерот на Израел, Ехуд Олмерт е прогласен за виновен на судењето за примање мито, за што би можел да биде осуден на затворска казна., јавуваат израелските медиуми. Покрај Олмерт во окружниот суд во Тел Авив за виновни се прогласени уште 13 лица во врска со големиот скандал со недвижнини пред да стане премиер во...
Реликти од непроценлива вредност
Post Views: 257 Британски археолог тврди дека открил место на кое се наоѓаат реликти кои би можеле да го засенат и она откриеното во гробницата на Тутанкамон. John Romer, 72 годишен британски археолог, верува дека на подрачјето на египетскиот Luxor, се наоѓаат гробници на три високи свештеници Herihor, Piankha и Menkheperr, пишува Business Standard. Тој тврди дека има докази дека задгробното богатство земено од блиската долина, тука е оставено како би било сигурно. Досега единствен кој работел на овие ископини на подрачјето на долината Wadi el Gharbi е Howard Carter. Тој работел...
Реал и Барселона ќе имаат достоен ривал на долги патеки
Post Views: 287 Кинескиот мултимилијардер Wang Jianlin стана еден од најголемите поединечни акционери на Атлетико Мадрид, актуелниот шпански првак. Во Пекинг е роден некој нов Атлетико, истакнуваат шпанските медиуми. Jianlin е новиот сопственик со 20% акции на мадридскиот клуб, а конечниот договор се случил утрово во Пекинг. Кинескиот тајкун, чие богатство се проценува на 25 милијарди долари, до април оваа година ќе вложи во клубот иницијални 45 милиони евра. Miguel Angel Gil Marin, синот на покојниот Jesus Gil и моменталниот претседател Enrique Cerezo остануваат најголеми...
На почеток на неделава пад на цената на нафтата
Post Views: 221 Барел американска лесна нафта (WTI), за испорака во мај, поефтинил на берзата во Њујорк за 25 центи и изнесува 101,42 долари по барел, додека истата количина на северноамериканска нафта од типот брент, за мајската испорака на пазарот во Лондон, чини 107,91 долар, односно 16 центи помалку од минатата недела, пренесува агенцијата Frans Press. Цената на WTI минатата недела порасна затоа што податоците укажале на силен раст на личната потрошувачка во САД, додека нарачките на трајна стока во САД, клучен показател за состојбата во економијата, се зголемија во февруари...
Најопсежна истрага за корупција
Post Views: 243 Откако е започната истрагата, кон крајот на минатата година против 71 годишниот Zhoua Yongkang, тој е во домашен притвор. Кинезите замрзнале 14,5 милијарди долари на фамилијата и соработниците на „царот на осигурувањето“ Zhoua Yongkang, кој моментално се наоѓа во центарот на најголемиот кинески скандал за корупција во последните 60 години, јавува Reuters. Повеќе од 300 членови на фамилијата на Zhoua Yongkang , политички соработници и вработени, се приведени или испрашувани во последните четири месеци. Ова е најопсежна истрага за корупција во модерна Кина и...
Милионер на чело на Словачка
Post Views: 227 Финансиерот и филантроп Андреј Киска со 59,4% освоени гласови го победил најпопуларниот словачки политичар, премиерот Роберт Фицо кој освоил 40,6% од гласовите на Словаците кои во саботата излегоа на гласање во вториот круг на избирачките места. Спрема конечните неофицијални резултати кои ги објави националниот завод за статистика на избирачките места излегле 50,5% од 4,3 милиони Словаци запишани во избирачките списоци. Премиерот Фицо го признал поразот и му честитал на Киска уште синоќа кога биле избројани половина од гласовите а Киска имал убедлива предност....
За „Nutella” е виновна војната
Post Views: 259 Дали некогаш сте се запрашале како воопшто е создадена Nutella и зошто се прави од лешници? „Nutella” во оригиналната форма за време на Втората светска војна ја измислил Pietro Ferrero, производител на слатки и основач на компанијата Ferrero. Во тоа време, поради војната, владеела криза за какао додека лешници имало во изобилие на северот од Италија, така да лешникот станал основа за овој производ (иако лешник во „Nutella”има само 13%). Производот на почеток бил познат како „Pasta Gianduja” и не се пакувал во тегли туку бил во форма на векна завиткана во фолија, а...
Колку заработува директорот на Форд
Post Views: 202 Компанијата Форд забележала рекорден профит во 2013 година во Северна Америка и Азија. Во 2013 година Форд во Северна Америка забележал рекорден профит од 8,8 милијарди долари, додека во Азија профитот бил рекордни 415 милиони долари. Годишниот приход на извршниот директор на компанијата Форд, Ален Мулали, пораснал за 11%, достигнувајќи ја сумата од 23,2 милиони долари. Основната плата на Ален Мулали изнесувала 2 милиони долари, како и во 2012 година, но во бонуси заработил 5,9 милиони, како и 14,6 милиони по основ акции и по основ на различни награди. Управата на...