Автор: инфодеск
Post Views: 9 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 % во однос на одлуката од 28.4.2023 година.Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се намалува 2,00 денара/л.Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 1,50 денар/л.Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.Малопродажната цена...
Женскиот фудбалски клуб „Билјанини Извори“ доби спортска опрема од ФФМ
Post Views: 16 Женскиот фудбалски клуб Билјанини Извори од Охрид, од страна на Фудбалската федерација на Македонија, а согласно проектот на УЕФА за развој на женскиот младински фудбал во рамките на „Хет трик V” програмата, доби нова спортска опрема.Во просториите на „Куќата на фудбалот“, покрај ЖФК Билјанини Извори од Охрид, опрема добија уште 20 екипи кои се натпреваруваат во Првата и Втората женска фудбалска лига, како и оние во младинските категории.Новата спортска опрема е голема помош и поддршка за женските фудбалски клубови, а со цел поголем развој на...
Откриена бесправна сеча на Мазатар
Post Views: 17 Од ЈП Национални шуми информираат дека на 28 април во спроведена акција од страна на шумочуварската служба од Подружница Галичица од Охрид, во Шумско стопанската единица Мазатар, оддел 135, запленети се 27 борови стебла од бесправна сеча.Запленетата количина на обло и ситно техничко дрво од бел и црн бор, во количина од 5,5м3 е транспортирана до складот на подружница Галичица. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од Национални шуми.
Целосно исплатени општинските стипендии за учениците и студентите
Post Views: 16 Општина Охрид целосно ги исплати стипендиите за учениците и студентите предвидени во рамки на програмите за основно и средно образование Н1 и Н2 и програмата за социјална и здравствена заштита Т1. На вкупно 177 ученици во основното образование им се исплатени стипендии во износ од 3.186.000,00 денари, на 112 ученици од средното образование им се исплатени вкупно 2.016.000,00 денари а на 31 студент им се исплатени вкупно 837.000,00 денари. На 40 ученици во основното и средното образование и 4 студенти, лица со посебни потреби и ретки болести им се исплатени...
Полесно секојдневие со Нега центарот и лична асистенција на Црвен Крст Охрид
Post Views: 17 Во рамки на Општинската организација на Црвениот Крст од Охрид функционира и нега центарот. Во рамки на центарот се нуди услугата „Помош и нега во домот“, преку која лица од охридскиот Црвен крст им пружаат помош на старите и изнемоштени лица. Времетраењето на оваа услуга зависи од потребите кои се најразлични. Од купување намирници и пружање на хигиенски услуги па се до администрација на лекови.„Ги опфаќа старите лица и лицата со попреченост. најчесто тоа се стари лица кои сакаат да бидат во домашни услови, домашна средина а имаат потреби кои треба да се...
Времето денеска претежно облачно
Post Views: 11 Времето во Македонија денеска претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец.Во среда и четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, на места поинтензивен и проследен со грмежи. Дневната температура ќе се намали. Од петок се очекува посончево и потопло време, со услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови.Во Охрид претежно облачно со утринска температура од 10 степени и...
Tаксист нападнат од патник во Охрид
Post Views: 12 На 01.05.2023 во 02,10 часот во Полициска станица Охрид 53 годишен таксист од Охрид, пријавил дека околу 00,20 часот во Охрид бил физички нападнат од патник кој го превезувал, информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Кошаркарите на Охрид и Соколи 1933 последни полуфиналисти од второлигашкиот плеј-оф
Post Views: 17 Екипите на ГКК Охрид и на Соколи 1933 од Штип ја продолжуваа борбата за двете места кои водат во кошаркарската елита на Македонија.Како што веќе објави ТВМ, екипата на Охрид ја доби третата и најважна средба од борбата за пласман во Првата лига против Работнички со резултат од 77:58.Соколи 1933 беа подобри од МКК КУманово со 66:59 или 2:1 во серијата. Штипјани ја искористија предноста која ја носи играњето „мајсторка” на домашен терен.Претходно место во полуфиналето во само два одиграни натпревари обезбедија скопските ривали Вардар и Ангели....
