Skip to main content

Автор: инфодеск

Медиумите ќе можат да наплаќаат за читање текстови на Твитер

Post Views: 16 Сопственикот на Твитер, Илон Маск, најави дека социјалната мрежа од следниот месец ќе воведе опција која на медиумите ќе им даде можност да наплаќаат за читање на нивните текстови.„Ова за корисниците кои не би се регистрирале за месечна претплата ќе значи дека ќе плаќаат повисока цена по напис кога сакаат да го прочитаат“, напиша Маск на Твитер.Тој изјави дека новата опција треба да биде од голема корист и за медиумските организации и за јавноста.Откако ја презеде компанијата во октомври минатата година, Маск воведе низа промени во обид да ги зголеми...

Продолжи со читање

Првомајски во Охрид облачно со услови за дожд и грмежи

Post Views: 12 Времето денес во Македонија променливо облачно со сончеви периоди, во попладневните часови со повремен локален дожд и појава на грмежи. Минималните температури во интервал од 2 до 9 степени, а максималните дневни од 15 до 22 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Во Охрид облачно со сончеви периоди. Попладне со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Утринската температура од 6 степени , додека максималната дневна ќе се искачи до 18 степени.

Продолжи со читање

Денот на трудот во Хавана откажан поради недостиг на бензин

Post Views: 18 Комунистичката партија на Куба го откажа овогодинешното одбележување на Меѓународниот ден на трудот 1 мај во Хавана поради недостиг на бензин.Претседателот, Мигел Дијаз-Канел изјави дека Куба добива само две третини од бензинот што му е потребен, а недостигот е последица на тоа што земјите снабдувачи не ги исполнуваат договорите, објави британски „Гардијан“.Куба и Венецуела имаат договор за размена од 2000 година: Куба испраќа лекари, наставници и наводно контраразузнавачи во Венецуела во замена за сурова нафта.Тој договор сега се чини дека пропадна. Извозот...

Продолжи со читање

Приведени скопјани во угостителски објект во Охрид

Post Views: 11 На 30-ти април 2023 година, во 02:10 часот во угостителски објект во Охрид од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје се лишени од слобода двајца 30-годишни лица од Скопје, затоа што кај еден од нив била пронајдена и одземена прашкаста материја.По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.

Продолжи со читање

Воска Спорт убедлива против Арсими, висок пораз на Охрид од Гостивар

Post Views: 14 Воска Спорт продолжува со победничката серија во Втората македонска фудбалска лига, а вчера на „Билјанини Извори” во меч од 27. коло забележа нова победа откако со 3:1 го доби Арсими од Чегране.Воска Спорт ја имаше улогата на фаворит, а избраниците на Берат Имери истата ја оправдаа со сигурна победа за голема радост кај публиката и навивачите. Охриѓани одиграа квалитетен натпревар, особено офанзивно каде што Воска беше добро поставена, со креирање на одлични шанси за погодоци, а тоа резултираше ефективно со три погодоци во мрежата на противникот....

Продолжи со читање

Поради дефект прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Post Views: 13 Поради настанат дефект на водоводната мрежа ( пукната цевка со профил ф160мм), денес од 12:30 часот ќе има неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на улиците: „Стив Наумов“ , „Крали Марко”, “8ми Март” и дел од “Железничка”. – информираат од ЈП Водовод Охрид.

Продолжи со читање

Првомајски протест „Работниците се државата“

Post Views: 11 Сојузот на синдкатите на Македонија (ССМ) на Денот на трудот – 1 Мај организира првомајски протест под мотото „Работниците се државата“.Протестот, што ќе почне во 12 часот пред зградата на ССМ, се организира поради неправдите кон работниците. Во годината со највисока инфлација кога народот се радува на замрзнати цени, а функционерите добија енормно зголемени плати додека вработените чекаат две илјади плус, очекуваат масовност од сите градови.„Сметаме дека покачувањето на функционерските плати за 78 проценти или по 2.000 денари дневно, воведувањето на 12...

Продолжи со читање

Историски успех на ГКК Охрид на патот кон влез во Прва лига

Post Views: 15 Охрид од следната сезона би можел повторно да добие прволигашка кошарка, откако Градскиот кошаркарски клуб Охрид, кој постои само три сезони го победи Работнички 2018 со 77:58 во „мајсторката” од четвртфиналето на второлигашкиот плеј-оф и обезбеди пласман во следната фаза.Следен противник за охридските кошаркарки ќе биде победникот од дуелот помеѓу Соколи од Штип и МКК Куманово и доколку биде помината и оваа фаза, тогаш ГКК Охрид ќе се пласира во Првата лига, без разлика од исходот во финалето, што за овој клуб ќе биде историски успех, а Охрид одново ќе...

Продолжи со читање