Автор: инфодеск
Post Views: 227 Apple оваа година би требало да го претстави iWatch и веруваат дека со опциите на заоблениот екран и бежично или соларно напојување на батеријата ќе го освојат пазарот. Подолго време се шпекулира за паметниот часовник од Apple и се очекува Tim Cook службено да го претстави на крајот од годинава. Иако конкурентите, како Sony и Samsung, минатата година ги претставија SmartWatch 2 и Galaxy Gear, овие модели не привлекоа поголем број на корисници и поголем број на аналитичари предвидуваат дека интересот ќе се зголеми со појавувањето на iWatch, слично како кога се...
Драма во центарот на Загреб
Post Views: 220 Група од триесетина лица во понеделникот околу 21.30 договориле организирана тепачка во непосредна близина на поштата на главната железничка станица. Мажи од 20 до 30 години во меѓусебен судир покажале невиден примитивизам, палеле се пред себе и го продолжиле дивеењето кон плоштадот на кралот Томислав. Хулиганството траело околу 15-тина минути и тоа на двеста метри од полициската станица Центар. Набрзо на местото на настаните дошла полицијата и бесната маса почнале да ја апсат по околните улици на центарот на Загреб. Во тек на вечерта приведени се 11 лица, над кои...
Видео: Вака изгледа кога ќе се спојат фудбалскиот и божиќниот дух
Post Views: 302 Не така одамна во 2003 година неколку навивачи на Унион, клуб од негогашниот источен Берлин, се разделиле без да си честитаат Божик. Повторно се собрале по неколку години и одлучиле да испеат божиќни песни на стадионот. По неколку години на An der Alten Forsterai стадионот пееле преку 20.000 навивачи со фамилиите, а така било и минатата вечер. Германскиот второлигаш е еден од оние клубови кои го носат навивачите и кој му пркоси на модерниот фудбал. Навивачите веќе еднаш го спасија клубот со масовно продавање на крв, а потоа собирале пари па сами го изградиле и...
Вознемирувачки моменти за време на лет
Post Views: 227 Патниците на летот 2412 од Орландо за Атланта сведочеле за вознемирувачки моменти среде летот кога се откинало парче од крилото од авионот. Неверојатна среќа имале 185 патници и членови на екипажот на авионот на компанијата Делта, Боинг 757 кој вчера морал принудно да слета поради технички проблеми. Тие настанале кога за време на летот од Орландо за Атланта една плоча од крилото се скршила и од крилото се гледале сплет од кабли и хидраулика оставени на милост и немилост на временските услови. Шокираните патници сето тоа го гледале од прозорците на авионот. Еден од...
Уапсени свештеник и негов соучесник за измама
Post Views: 236 Триесетгодишен православен свештеник и неговиот четириесет и петгодишен помошник се уапсени и обвинети за измама за најмалку 166 луѓе кои очајнички барале работа, соопштила полицијата во Солун. Тие се обвинети за измама за околу 78.000 евра така што на жртвите им ветувале дека ќе ги вработат а тоа никогаш не се отстварило во пирамидалната шема која датира од 2009 година, пренесува агенцијата АР. Директорот на градскиот полициски тим за борба против криминалот, Атинагорас Пазарлис, рекол дека оштетените, секој посебно, им платиле по стотици евра за пронаоѓање на...
Грција ги признава косовските пасоши
Post Views: 230 Грција одлучила да ги прифати косовските пасоши со шенгенска виза, а одлуката стартува од 20-ти март, пренесуваат денешните весници во Приштина. Заменик премиерот на Грција, Евангелос Венизелос, му ја потврдил оваа вест на косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај. До сега, граѓаните на Косово беа обвразани да земаат грчки визи. Грција е една од петте држави на Европската унија кои не ја признале независноста на Косово. Венизелос рекол дека, и покрај тоа што неговата држава не ја признава званична Приштина, Косово нема да биде попречувано на патот кон...
Еден живот вреди милиони долари
Post Views: 223 Животот очигледно има цена во силициумската долина – неименуван милијардер од ИТ индустријата го осигурал својот живот на 201 милиони долари. Податокот е откриен преку Гинисовата книга на рекорди, но името од богаташот се држи во тајност. “Полисата ја има еден многу познат технолошки милијардер од Калифорнија”, рекол советникот за осигурувања Дови Френсис. Тој објаснил дека самите богаташи си одлучуваат за животното осигурување од бројни причини, но еден од најголемите е прашањето за данок. “Со имотот на богатите пристигнува и голема обврска за данок, а бидејќи...
Колку Крим ќе ја чини Русија
Post Views: 317 Спрeма годишните пресметки Русија за да го финансира Крим ќе мора да одвојува најмалку 2,5 милијарди долари, пишува московскиот дневник Ведомости. Спрема досегашните најави и одржаниот референдум, на кој повеќе од 95% се определиле за излегување од Украина и спојување со Русија, Крим ќе се финансира од буџетот на Русија. Спрема податоците кој во Москва ги доставил претставник на владата на Крим, до крајот на 2014 година, на Крим му се потребни околу 800 милиони долари за да ги покрие пресметаните расходи. Во министерството за финансии на Русија сеуште не се...
Adria Airways станува нискобуџетна компанија?
Post Views: 226 Словенскиот национален авиопревозник Adria Airways од 22-ри април почнува да ги наплаќа храната и пијалоците на патниците во економската класа. Со овој потез компанијата се приближува на „low cost” моделот, додека патниците во бизнис класата и понатаму ќе добиваат полн сервис со храна и пијалоци бесплатно, пишува регионалниот портал Seebiz. Adria Airways служеше храна и пијалоци на сите летови во економска и бизнис класа за Брисел, Истанбул и Москва, а на сите останати летови служеше грицкалки, вода, кафе и чај, и во иднина сето тоа ќе се наплаќа. {loadposition...
Десет штетни навики по здравјето
Post Views: 224 Тоа што го правиме кога сме нервозни повеќе им пречи на луѓето оклу нас отколку на самите себе, но некои навики кога сме нервозни навистина штетат. Експертите откриваат зошто некои од тие навики можат да бидат лоши по нашето здравје. – Грицкање нокти Една работа е ако грицкате нокти додека гледате некој хорор филм а друга е ако тоа ви премине во навика. Грицкањето нокти ги оштетува ноктите и кожата околу нив. Бацилите од устата се пренесуваат на кожата и обратно. Бактериите под ноктите можат да предизвикаат инфекција на непцата и грлото. Залепете леплива...
Изел доказ пред судија
Post Views: 228 Откако одбил да ја предаде информацијата напишана на парче хартија, граѓанинот на Мајами Richard Masten, почнал да ја кине хартијата и да ја јаде пред судијата. Поради ова е осуден на 14 дена затвор за непочитување на судот. Судијата верува дека во затворот ќе има доволно време да размисли како се даваат информации, пишува msn. Имено, во склоп на програмата Crime Stoppers, на граѓаните им се овозможува анонимно давање на податоци за криминални активности без страв за прогон. Masten требало да даде информација за случај на поседување кокаин. Меѓутоа одлучил да не...
Светот во кој живееме е осуден на пропаст
Post Views: 214 Овој пат не е теорија која ја предвиделе Маите туку научно е втемелено во NASA. До пропаст на светот би дошло во следните неколку деселетија. Група научници предупредува дека светот каков што го знаеме и во кој живееме е осуден на пропаст и дека во следните неколку десетлетиа му прети неповратен колапс. Најновото истражување кој го овозможил Goddard Space Flight Centre, а го водел применетиот математичар Safa Motesharri укажува на тоа дека глобалната индустриска цивилизација е осудена на катастрофа поради претерано искористување на земјините ресурси. “Процесот на...