Skip to main content

Автор: инфодеск

Викендов започнува зимското сметање на времето

Post Views: 127 Ноќта меѓу сабота и недела, на 26 октомври, Македонија повторно ќе премине на зимско сметање на времето. Точно во 3 часот по полноќ, стрелките ќе се поместат еден час наназад, на 2 часот. Со тоа ќе добиеме еден час повеќе сон и ќе се означи враќањето на стандардното времеОваа промена, која традиционално носи повеќе дневна светлина наутро, но и порано затемнување попладне, годинава ќе се случи најрано во последниве единаесет години. Последен пат стрелките се поместуваа на ист датум во 2014 година.Практиката на поместување на времето не е од поново време,...

Продолжи со читање

Во подготовки театарската премиера на „Парите се отепувачка“

Post Views: 188 Од Народен Театар Охрид информираат дека во тек се подготовките за нивниот најнов проект „Парите се отепувачка” од Ристо Крле, а во режија на Андреј Цветановски.Премиерната изведба ќе биде на 31-ви октомври 2025 година.

Продолжи со читање

Преподобна Пелагија

Post Views: 131 Покајана грешничка. Родена е како незнабошка во Антиохија. Од Бога имаше голем дар на телесна убавина, а ја употребуваше за погибел на својата душа и на други. Со блуд се имаше збогатено многу. Минувајќи еднаш покрај црквата на Светиот маченик Јулијан, во која проповедаше епископот Нон, таа намина во црквата и ја слушна проповедта за Страшниот Суд и казната за грешниците. И овие зборови толку ја потресоа и изменија, што одеднаш се згнаси од себеси, се исплаши од Бога, се покаја за своите нечисти гревови и припадна пред свети Нон со молба да ја крсти. „Смилувај се...

Продолжи со читање

Денес во Охрид променливо облачно со сончеви периоди, утре дожд

Post Views: 94 Променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.Минималните температури од 10, а максималните до 17 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Утре ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.

Продолжи со читање

Во сабота премиера на краткометражниот документарен филм „Обичен Херој“

Post Views: 114 Во сабота, 25 октомври, во Филмскиот институт ФИОФА – Охрид (Универзитет „Св. Апостол Павле“), во големиот амфитеатар е закажана премиерата на првиот краткометражен документарен филм „Обичен Херој“ од Јован Цветкоски. Премиерата е закажана во 19:30 часот.–„Обичен Херој“ ја раскажува вистинската приказна на Дмитар Свилар – човек со повеќе од 200 дарувања на крв, кој спасува животи додека самиот живее тивко, скромно и со непоколебливо достоинство. Филмот е мој обид да ја раскажам човечноста што често не ја забележуваме, да покажам дека херојството може да...

Продолжи со читање

Денес настан на тема: Значењето на самопроверката, превентивните прегледи и раната детекција на ракот на дојка

Post Views: 138 Здружението на лица со дијабет од Охрид, а по повод месецот за превенција од рак на дојка, денеска организира настан кој преку разни содржини ќе има задача да го повтори значењето на самопроверката, превентивните прегледи и раната детекција.–Пред присутните ќе се обрати Др. Тони Чифлигароски, а за своите искуства од справувањето со болеста, периодот после откривање на истата и со пораки кои инспирираат, ќе се обратат жени-борци, говорнички. За присутните ќе има и мали изненадувања, ќе има и лотарија и тивка аукција, со цел настанот да ја покаже и...

Продолжи со читање

Во Дебрца втор круг за Градоначалник за Зоран Ногачески и Златко Силјаноски

Post Views: 164 Во вториот круг за градоначалничката функцијата на Општина Дебрца ќе се борат Златко Силјаноски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кој освои 1.212 гласа (48,1%), и актуелниот градоначалник и независен кандидат, Зоран Ногачески, кој освои 663 гласа (26,31%).На изборите за членови на совет во Дебрца ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата освои 1.136 (45,08%), а коалиција предводена од СДСМ 538 (21,35%), Искуство за успех 216 (8,57%).ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ освоија 6 места во Советот на Општина Дебрца, , СДСМ и коалiцијата 2 мандати и Искуство за...

Продолжи со читање

Втор круг за Градоначалник на Струга за Менди Ќура и Арсим Далипи

Post Views: 256 Според податоците од Државната изборна комисија за градоначалничката позиција во Струга во втор круг ќе се борат независниот кандидат Менди Ќура и кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ) Арсим Далипи.Ќура на прес-конференција вечерва се заблагодари до сите граѓани што гласале, како што рече, одговорно и не подлегнале на провокации, закани и манипулации.– Денес е ден кога граѓаните на Струга без рaзлика на етничка верска или политичка припадност покажаа зрелост, достоинство и вистинска љубов кон местото каде што живеат. Ова е Струга каква...

Продолжи со читање

Спасе Кочовски реизбран за Градоначалник на Вевчани

Post Views: 270 Спасе Кочовски од ВМРО – ДПМНЕ во наредните четири години ќе остане како прв татко на Општина Вевчани. Тој во првиот круг освои 823 гласови, или 55,83% од гласовите.-Победата ја добивме, останува да работиме и да ги релаизираме ветените проекти, да ја оправдаме довербата на вевчанци. Народот одлучи, а ние нема да го изневериме, изјави Кочовски. Стефан Радиноски од коалицијата предводена од СДСМ освои 514 гласови (34,87%), а Господинот Поповски 54 гласови (3,66%).

Продолжи со читање

Охрид со јасна одлука: Пецаков продолжува да биде Градоначалник, ВМРО-ДПМНЕ со мнозинство во Советот

Post Views: 162  Од Државната изборна комисија потврдија дека актуелниот, д-р Кирил Пецаков, останува градоначалник на Охрид и во текот на следните 4 години, освојувајќи 16.565 гласови или 63,9% од гласовите. Неговите против кандидати, д-р Асен Шајн од СДСМ и Коалицијата освои 6.151 (23,73%), Гоце Цветковски 630 (3,20%) и Стевче Стевоски од Твоја партија освои 450 гласови (1,74%).Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови и на советничката листа – 12.680 (48,92%), пред СДСМ и Коалицијата кои освоија 4.637 гласови (17,89%). Движењето Знам – За Наша Македонија освои...

Продолжи со читање

УХМР: Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди

Post Views: 111 Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.Од УХМР велат дека следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен јужен ветер. Во среда ќе има локални врнежи од дожд, а од четврток дневната температура ќе биде во пораст.Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 6 до 11 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Пецаков прогласи победа

Post Views: 128 Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, Кирил Пецаков, прогласи победа во прв круг на денешните локалните избори.Актуелниот градоначалник Пецаков се заблагодари на охриѓани за како што рече искажаната историски најголемата поддршка што на било кои локални избори се случила.-Начинот, динамиката, идеите и проектите кои ги реализиравме во изминатите 4 години сега ќе бидат на уште повисоко ниво. Уште еднаш благодарност до охриѓани и за поддршката за Градоначалник која ќе биде 10 000 разлика и го следи односот 3:1 со СДСМ како втора...

Продолжи со читање