Автор: инфодеск
Views: 278 Репертоарот на класична музика на годинешното 66. „Охридско лето“ вечерва продолжува со квартетот „Хермес“ од Франција.Концертот што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот е во рамки на традиционалната Француска вечер на фестивалот која се одржува со поддршка од Амбасадата на Франција во земјава и Францускиот Институт од Скопје.Ќе настапат Омер Буше и Елисе Лиу на виолина, Лоу Јунг Хсин Чанг на виола и Јан Левионоа на виолончело.Квартетот „Хермес“, именуван според познатиот гласник од грчката митологија, својата музичка...
Пет месеци по хаваријата со водата во струшко нема одговорност
Views: 330 Пет месеци по хаваријата на извориштето Шум, која ги остави стружани повеќе пд еден месец без вода за пиење, сè уште нема одговорност. Јавното обвинителство го расчистува случајот, истрагата не е завршена, иако загадувањето беше предизвикано од нелегални ископи во непосредна близина на извориштето.Квалитетот на водата во струшко веќе не е спорен, таа е здравствено исправна, но пред ЈП „Проаква” останува обврската за обезбедување водостопански дозволи за сите каптажи во Струшко, а поднесено е барање и до Владата за прогласување...
Кристиана Пегораро воодушеви со маестрално музицирање
Views: 289 Вечер што долго ќе се памети остави зад себе харизматичната и виртуозна италијанска пијанистка Кристиана Пегораро која синоќа настапи на фестивалската програма на 66. „Охридско лето“. Концертот се одржа во рамки на Италијанската вечер, поддржана од Амбасадата на Италија во РС Македонија.Отворајќи ја вечерта, италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери, истакна дека „Охридско лето“ од година во година достигнува сè повисоко ниво.-Имајќи предвид дека „Охридско лето“ е еден од најзначајните културни фестивали во Европа, оваа година имавме чест да ја донесеме извонредната...
Светата маченичка Марина – Маргарита
Views: 197 Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабошци. Дури во својата дванаесетта година слушна за Господ Исус Христос, дека се воплоти од Пречистата Дева, дека изврши многу чуда, прими крстна смрт и славно воскресна. Нејзиното младо срце се распали со љубов кон Господ и таа се заветуваше дека никогаш нема да се мажи и со сета душа сакаше да пострада за Христа, да се крсти со крв на мачеништво. Татко ѝ ја замрази заради нејзината вера и не ја сметаше за ќерка. Кога царскиот намесник Олимвриј дозна дека е христијанка, побара од неа најпрво да му биде жена. А кога го одби, ѝ...
Сончево и топло
Views: 253 Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Денес во Охрид минималните температури од 19, а максималните до 32 степени Целзиусови.Под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде за време на викендот и во текот на следната работна седмица кога дневната температура наместа ќе надмине 40 степени.
Забрана за користење на изворската вода за пиење во Елшани и Велестово поради присуство на E.coli и колиформни бактерии
Views: 262 Жителите на охридските села Елшани и Велестово не треба да ја користат изворската вода за пиење, откако лабораториските анализи покажале микробиолошка неисправност.Според информациите од надлежните институции, по извршените анализи на ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“ на водата од изворите во двете села, донесено е решение со кое се забранува нејзина употреба за пиење.Лабораториските испитувања утврдиле присуство на бактериите Escherichia coli (E. coli) и колиформни бактерии, поради што водата не е безбедна за консумирање.Воедно, месните заедници во Елшани и...
Полицијата едуцираше жители на Горно и Долно Лакочереј за заштита од пожари
Views: 221 Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид вчера (28.07.2026) одржаа средби со месното население во охридските села Горно и Долно Лакочереј, со цел подигнување на јавната свест за заштита на шумите од пожари и спречување пожари на отворен простор.–Во непосредни разговори со граѓаните, полициските службеници ја нагласија потребата од доследно почитување на општите и посебните превентивни мерки за заштита од пожари, особено при движење низ шумските подрачја. Притоа, беше укажано и на законските одредби и санкциите што се предвидени за непочитување на...
Езерската полиција спаси две девојки на СУП даски во Охридското Езеро
Views: 213 Две девојки од Охрид синоќа беа спасени од припадниците на езерската полиција откако поради силен ветер и големи бранови не можеле да се вратат на брегот со своите СУП даски.Како што информираат од СВР Охрид, вчера во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ било пријавено дека две лица, кои пловеле со СУП даски на околу 1.000 метри од брегот, спроти автокампот во Охрид, со извикување барале помош.Полициски службеници од езерската полиција веднаш се упатиле кон посочената локација и на околу 2.000 метри од брегот ги забележале двете лица...









