Skip to main content

Автор: инфодеск

Денеска во Охрид сончево со умерена облачност

Post Views: 94 Денеска во Охрид времето ќе биде умерено облачно и посвежо, a попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. UV=8.Максималната дневна температура ќе се искачи до 26 степени.Во следните денови во Македонија ќе се задржи посвежо време со ниски утрински температури. Во четврток на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. За време на викендот се очекува пораст на температурата.

Продолжи со читање

Отпад Комуналец

ЈП Охридски Комуналец дневно собира по 80 тони отпад

Post Views: 67 Ниската еколошка свест на граѓаните и бројните туристи и оваа сезона исплива на површина. Во утринските часови сликата е грда насекаде може да се видат расфрлани лименки, пластични шишиња и остатоци од храна,но најкритично е во центарот на градот,  покрај кејот, во близина на пекарите и на оние локалитети, каде се организираат концертите. Од ЈП Охридски Комуналец велат  условите се вонредни огромен е притисокот врз градот, механизацијата 24 часа се на терен, во текот на еден  ден се собираат  80 тони најразличен отпад.„24 саати сме буквално на терен...

Продолжи со читање

Victor A Friedman

На 9 август ќе му биде доделена Светската Награда на Хуманизмот на Виктор Фридман

Post Views: 137 Светската Награда на Хуманизмот за 2023 година ќе му биде доделена на еден од најголемите американски и светски слависти проф. д-р Виктор Фридман, од Универзитетот од Чикаго, САД.Академик Фридман е седумнаесетти добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св....

Продолжи со читање

маржи основни производи

Инфлацијата во јули изнесувала 8,4 проценти

Post Views: 48 Индексот на трошоците на животот во јули 2023 година, во однос на истиот месец минатата година, бележи зголемување од 8,4 отсто, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 4,9 отсто.Во јули 2023 година, споредено со претходниот месец, индексот на трошоците на живот е зголемен за 1 отсто, додека индексот на цените на мало пораснал за 1,6 отсто, покажуваат податоците од Државен завод за статистика.Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за...

Продолжи со читање

стрелци турнир Илинден

Голем број медали за охридските стрелци на турнирот Илинден 2023

Post Views: 51 Заврши и овогодинешниот Турнир во гаѓање со воздушно оружје ,,Илинден 2023“ во организација на стрелачки клуб ,,Охрид” од Охрид, кој и оваа година беше под покровителство на Општина Охрид и Македонската спортска стрелачка федерација. И оваа година како и изминатите учество зедоа речиси сите клубови од државата и три стрелачки клубови од Бугарија: ,,Санел” од Сандански, ,,Пирин” од Благоевград и ,,Тракиа” од Пловдив со околу 60-ттина стрелци од сите возрасни категории. Од оправдани причини своето учество го откажаа клубовите од Србија,...

Продолжи со читање

Свр охрид

Охриѓанец пукал на свадба, двајца од гостите се здобиле со повреди

Post Views: 49 На 06.08.2023 околу 13.00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на свадбена веселба во двор на улицата „Петрино” охриѓанец, кој бил гостин, испукал неколку куршуми од пиштол „Застава” калибар 7,62 милиометри. Притоа, 39 годишен гостин и неговиот малолетен син се здобиле со повреди, констатирани во Општа болница во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид извршија увид, при што биле одземени пиштол „Застава м57″ калибар 7.62 мм, пиштол „ЦЗ 99, карабин „Југословенски маусер”, ловечка пушка „Бајкал” и  дозвола за оружјето, информираат од...

Продолжи со читање

Културно лето Пештани

Започна Културното лето во Пештани

Post Views: 45 Синоќа во селото Пештани со пригодна свеченост започна културното лето и ќе трае шест дена. Во име на Општина Охрид присутните ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиноски и воедно ја прими благодарницата што организаторите ја врачија заградоначалникот Кирил Пецаков, за континуираната поддршка.Љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во миксот од серенадите, сериозната и народната музика. Исто така присутните ќе бидат почестени со поезиа и проза како и доза на хумор.“Денеска со почеток во 20.00 часот ќе има гастрономска вечер, каде присутните...

Продолжи со читање

Waterfestival

Дефинирани деталите за организација на првиот OHRID WATER FESTIVAL

Post Views: 39 Дефинирани се сите детали и деновиве финишираат завршните подготовки околу организацијата на првото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival, која ќе се одржува во Охрид од 19-ти до 27-ми август.На денешниот заеднички состанок, организациониот тим на фестивалот и одговорните во клубовите за водени спортови го информираа градоначалникот Кирил Пецаков за поважните аспекти на предвидените спортски настани, како и за сите пропратни социјално-забавни содржини.Беше потенцирано дека за голем дел од спортските...

Продолжи со читање