Skip to main content

Автор: инфодеск

Воведување на посебна валута е ризик

Post Views: 239 Воведување на посебна валута би претставувало потенцијален ризик, затоа што се слаби валути и често предмет на напади, рекол милијардерот Џорџ Сорос, и додава дека Шкотска не би трбало да ја задржи фунтата. Валутниот спор се повеќе се актуелизира со приближувањето на референдумот за независност на Шкотска, кој е закажан за 18-ти септември, пренесува Reuters. Националистичките партии во Шкотска сакаат да ја задржат фунтата и услугите на Централната банка на Англија, но трите клучни партии во Британија се противат на тој план, наведувајќи дека доколку Шкотска ја...

Продолжи со читање

Продажбата на WhatsApp под истрага

Post Views: 219 The Electronic Privacy Information Center (EPIC) и Center For Digital Democracy бараат од федералната трговска комисија (FTC) да спроведат истрага за продажбата на WhatsApp. Тие бараат ако треба продажбата и да се стопира. Главна причина зошто FTC би требало да ја истражи продажбата е загрозеноста на приватноста на корисниците. Познато е дека добар дел од финансискиот колач  Фејсбук отстварува преку реклами, но  исто така е познато дека WhatsApp до сега ништо не прикажувал внатре во апликацијата а уште повеќе гарантирал дека нема да објавува лични податоци на...

Продолжи со читање

Хемикалиите од амбалажите штетни?

Post Views: 209 Забрзаниот начин на живеење ги принудил луѓето да конзумираат храна од разновидни пакувања кои се направени од широк спектар на синтетички хемикалии. Со време, споевите од амбалажата завршуваат во храната која луѓето ја конзумираат а кои можат да доведат до акумулирање на токсини во организмот. Студијата објавена во списанието „The Journal of Epidemiology and Community Health” предупредува на потенцијалните штетни ефекти, кои долгорочните споеви на храната со амбалажата можат да ја имаат, по здравјето. Некои од тие контроверзни хемикалии се...

Продолжи со читање

1 премиер, 1 работен ден и 100 илјади евра

Post Views: 219 Медиумите тврдат дека бил вработен во министерството за надворешни работи на Франција само еден ден и на таа основа добил шестоцифрен бонус. Екс премиерот на Франција и шефот на дипломатијата Доминик Де Велпен наводно добил бонус од 100 илјади евра за пензија благодарејќи на само еден работен ден. Како што пишува Дејли телеграф, повикувајќи се на извори блиски од министерството за надворешни работи, Де Велпен во септември бил ангажиран на едно работно место на само еден ден, но тоа му било доволно за бонус. Тој ден му овозможил право на бонус од 100 илјади евра....

Продолжи со читање

Што ќе му се одземе на Санадер

Post Views: 207 Голем дел од пишаната пресуда покрај затворската казна, на екс премиерот на Хрватска, се однесува на уметничките дела во негова сопственост и на сумата распоредена на 16 сметки. Од вкупно 26 страници напишана пресуда во случајот Фима Медиа, која ја објавил загрпскиот суд, 10 од нив биле попис на уметнички дела во сопственост на Санадер, а кои по правосилноста на пресудата ќе бидат во рацете на хрватската држава. Од куќата на Санадер во Козаревачка улица се запленети дела вредни најмалку 833.360 евра, а од куќата во Маломлачка улица уметнички дела вредни 315.700...

Продолжи со читање

Мирисот на телото знак за болест

Post Views: 258 Мирисот на телото и здивот можат да бидат знак за болест, тврдат научниците во две засебни студии на шведскиот Институт Каролинска и американскиот центар за сетила Монел. Здивот на луѓето со дијабетес мириса на ацетон, додека на оние со заболувања на црниот дроб мирисаат на свежа риба, воспаление на лимфните жлезди мириса на застоено пиво а тифусот на свежо печен леб, пишува Daily Mail. Луѓето најчесто не можат тоа да го намирисаат, но можат да ја препознаат прекумерната работа на имунолошкиот систем. Научниците веруваат дека мирисот на болеста во иднина ќе го...

Продолжи со читање

Пет најголеми „воени профитери“

Post Views: 224 .Воениот бизнис и понатаму е на врвот од пирамидата, а 100-те најголеми производители и вршители на услуги во воениот бизнис, спрема податоците отствариле профит во 2012 година од 395 милијарди долари. Како што пренесува „24/7 Wall Street”, и покрај повлекувањето на американските трупи од Ирак и Авганистан, главен играч е и понатаму американскиот Lockheed Martin, кој држи пазар тежок 36 милијарди долари. Стокхолмскиот меѓународен истражувачки институт ги издвоил најголемите пет воени профитери: – Lockheed Martin Продажба на оружје во 2012 – 36 милијарди...

Продолжи со читање

Убиен новинар насред улица во Кабул

Post Views: 210 Две вооружени лица утрово, пред либанонскиот ресторан сместен во една од најбезбедните улици во Кабул, го убиле шведскиот новинар Нилс Хорнер, известила полицијата. „Во моментов добивме потврда дека се работи за Нилс Хорнер, дописник на шведското радио“, рекол за Frans Press, шведскиот амбасадор во Авганистан Петер Семнеби, а портпаролот на кабулската полиција, Хашиматулах Станкзаи, рекол дека Хорнер подлегнал на повредите задобиени од пукањето. Хорнер стоел пред ресторанот во Кабул заедно со својот возач и преведувач. Изненадно им пришле двајца непознати мажи во...

Продолжи со читање

ФИФА одбива да ја објави за јавност истрагата за корупција

Post Views: 265 Светската фудбалска федерација (ФИФА) ја одбила жалбата на иследникот Michael Garcia на извештајот на Етичката комисија, со која Русија и Катар се ослободени од обвиненијата за корупција при изборот за домаќин на светските првенства во 2018 и 2022 година, оценувајќи ја за неприфатлива. Michael Garcia спроведе опсежна истрага за можни коруптивни работи во процесот на изборот на Русија и Катар за домаќини на светските првенства во 2018 и 2022 година, и објавил извештај на 430 страници кој заврши пред Етичката комисија со која претседавал судијата Hans-Joachim...

Продолжи со читање

Од марихуана два милиони долари

Post Views: 220 Како што е соопштено, во првиот месец од почетокот на слободна продажба на марихуана во Колорадо, во околу 160 акредитирани продавници, направен е промет од 14,02 милиони долари. Имено, американската држава Колорадо од 1-ви јануари ја легализира марихуаната и првиот месец ја дополни државната каса за околу 2 милиони долари. Продажбата на марихуана „во рекреативни цели“ се оданочува со стапка од 12,9%, и додатни 15% данок на промет, а Колорадо додатен приход има и од издадени лиценци кои ги издава на компаниите во оваа гранка. Освен тоа заработка пристигнува и од...

Продолжи со читање

Грчки острови на тотална распродажба

Post Views: 228 Цените на недвижностите на грчките острови осетно опаднале во последните неколку години, овозможувајќи на тој начин значајни инвестициони можности, пишува грчкиот дневен весник Катимерини. Просечна цена на куќа на популарните острови е намалена за 33% во однос на 2008 година, додека цените на големите имоти и луксузни палати паднале дури за 40 до 50%, велат агентите за продажба на недвижнини во Грција. Претседателот на грчката федерација на агенти за недвижности, Јанис Ревитис, рекол дека просечните цени за квадратен метар на следните острови чинат: Миконос 3000...

Продолжи со читање

Пад кој сериозно ја уништува компанијата

Post Views: 211 Првиот ден, по падот на авионот на Малезија Ерлајнс, акциите на оваа компанија биле во опаѓање за 16% и продавани за 0,21 рингит во однос на 0,25 рингити во петокот, а подоцна малку се опоравиле на пад од 10%, пренесува агенцијата Frans Press. Авионот на Малезија Ерлајнс на летот MH370 од Куала Лумпур за Пекинг исчезнал над водите помеѓу Малезија и Виетнам во саботата наутро. Иако е во тек голема потрага по авионот од воздух и вода, ни трет ден не е пронајдена никаква трага од авионот. Малезија Ерлајнс во последното минатогодишно тримесечие забележала загуба од...

Продолжи со читање