Skip to main content

Автор: инфодеск

Села на продажба

Post Views: 256 Повеќе илјади напуштени села се на продажба, по цена на една просечна куќа во европските земји, во Шпанија. Рецесијата која ја зафати оваа земја ги натера жителите да распродаваат куќи и земјиште во руралните делови, а цените се движат од 60.000 до 240.000 евра. Евентуалните купци со издвојување на оваа сума би можеле да поседуваат куќа со три соби, пет помошни објекти, извор на вода и околното земјоделско земјиште. Спрема податоците за недвижнини, во Шпанија има 2.900 напуштени села. Кога започнала рецесијата во 2007 година, сопствениците на овие имоти се селеле...

Продолжи со читање

Трет ден ни трага од авионот

Post Views: 261 Судбината на патничкиот Боинг777-200ER и понатаму останува мистерија, рекол Азхарудин Абдул Рахман, шефот на малезиското цивилно воздухопловство. Рахман додава дека сите досегашни дојави за видени делови од авионот, остануваат непотврдени. И вчерашното јавување дека е пронајден дел во морето на околу 80 км, исто така е непотврдено. Роднините на патниците и на членовите на екипажот се припремаат на најлошото. Трагањето по авионот интензивно продолжува. „За жал, не пронајдовме ништо што би личело на делови од авионот“, рекол Рахман. Додал дека се вложуваат големи...

Продолжи со читање

Најден дел од исчезнатиот авион?

Post Views: 246 Воочен е фрагмент на околу 80 км од островот То Чу, но сеуште не е потврдено дали е тоа дел од исчезнатиот боинг 777. Истрагата продолжува за патниците со лажни пасоши. Виетнамски авион кој е вклучен во истрагата по исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс воочил во морето предмет кој плови. Се сомневаат дека тоа би можело да е дел од Боингот кој исчезна во саботата, пишува Wall Street Journal, но сеуште се чека да се пријде поблиску и да се утврди за што се работи. Поради мрак сеуште не може да се потврди дека станува збор за делови на исчезнатиот авион. Претходно...

Продолжи со читање

Уапсен, а кандидат за гувернер во Грција

Post Views: 236 Пратеникот на десничарската странка Златна зора ќе биде кандидат за гувернер на локалните избори во Грција во мај, иако се наоѓа во притвор и му претстои судење. Панајотис Илиопулус е еден од шестмината пратеници на Златна зора кои се уапсени во операцијата против таа екстремистичка десничарска партија, пишува AFP. Тој вчера ја прифатил кандидатурата, за гувернер на Тесалонија, преку телефон бидејќи се наоѓа во притвор во атинскиот затвор. Неонацистичката Златна зора е обвинета дека стои зад напади на емигранти и политички противници. Шест од 18 пратеници на...

Продолжи со читање

Дали знаеме што купуваме

Post Views: 216 Дали е некој производ опасен или запалив, колку трае откако ќе го отвориме, дали може да се рециклира, дали има повратна амбалажа, дали е органски или без глутен? Одговорите на сите овие прашања се наоѓаат на пакувањето од производот прикажан со слика или симбол, но поголемиот број на граѓани не ги разбира тие симболи.Еве неколку од нив: Ретко кој знае дека симболот „CE” значи дека производот е усогласен со сертификатите и правилата кои владеат во ЕУ. Симболот зајак означува дека козметиката и препаратите не се тестирани на животни. Отворена кутија со број во неа...

Продолжи со читање

Избори во Северна Кореја, излезност до 14 часот 91%

Post Views: 224 Гласањето за избор на претставници на Врховнато народно собрание се одвива според планот, објавила севернокорејската агенција KCNA, додавајќи дека одзивот до 14 часот по локално време изнесува 91%, пренесува агенцијата AFP. Освен тоа што граѓаните физички ќе гласаат, во овие избори нема ништо демократско бидејќи во секоја од 687 изборни единици има само по еден кандидат., наведува AFP. Како и неговиот татко пред него, Ким ЈонгИл е кандидат во единицата со број 111, во планинскиот реон Паект. Севернокорејците на таа планина и припишуваат боговски статус, бидејќи на...

Продолжи со читање

Исчезнувањето на авионот на Малезија Ерлајнс – тероризам?

Post Views: 244 Вниманието на истрагата посебно го свртеа четирите патници кои имале украдени пасоши од европски земји. Министерот за сообраќај Хишамудин Хусеин рекол дека е утврден идентитетот на некои од потенцијалните осомничени. „Четири имиња се на мојата маса“, рекол Хусеин Во истрагата учествуваат малезиските разузнувачки служби, а во Малезија е пратена и екипа на Федералното истражно биро (FBI). Една од претпоставките е дека авионот набрзо по полетувањето се завртел и тргнал назад кон Куала Лумпур. Поради тоа е проширена областа во која спасувачките екипи го бараат...

Продолжи со читање

Истражување за познавање на технолошки термини

Post Views: 259 Истражувањето за познавање на технолошки термини кое е спроведено во САД, покажало интересни резултати – на пример дека таблетите се компјутери кои луѓето ги потсетуваат кога треба да се напијат апчиња. Компанијата Vouchercloud го направила истражувањето на околу 2.400 интернет корисници од САД, и тоа истражување покажало дека, иако се повеќе се користи модерната технологија, голем број на луѓе не го знаат значењето на термините кои често ги користат. На лицата кои учествувале во истражувањето им било понудено да одговараат на термини поврзани со технологијата и...

Продолжи со читање

“Тешки” се 507 милијарди долари

Post Views: 238 Пред неколку дена е објавена најновата листа на Форбс на најбогати луѓе во светот, а на прво место повторно е сопственикот на Микрософт милијардерот Бил Гејтс, јавува Anadolu Agency (AA). Имено, со своите 76 милијарди долари на првата позиција го заменил Мексиканецот Карлос Слим кој поседува 72 милијарди долари. Гејтс опстанал на врвот иако последните неколку години ги поминал делејќи пари на организации кои се борат против глад и сиромаштво ширум светот. Мексиканецот Карлос Слим се занимава со телекомуникации, финансиска индустрија па се до трговија со...

Продолжи со читање

Тајни сметки во 278 банки и сума од 200 милиони долари

Post Views: 218 Некои од најголемите банки во Британија се нашле на удар од обвинителството дека отвориле повеќе десетици сметки во банки надвор од Британија, но дека вистинскиот сопственик на тие сметки е всушност екс премиерката на Украина Јулија Тимошенко или некој од нејзиното семејство. Само британските банки за неа отвориле 85 банкарски сметки, а истрагата кој ја води обвинителот Лоренс Грахам покажала дека во 26 земји постојат 276 сметки чии корисници се Јулија Тимошенко и фамилијата. Оваа истрага започнала во февруари минатата година, а ја наредил украинскиот претседател...

Продолжи со читање

Германија со недостаток од работна сила

Post Views: 246 Податоците од институтот за истражување на пазарот за работна сила и вработеност на Германија во последните три месеци покажувале дека има 1,06 милиони работни места. Тоа е 20.000 повеќе отколку во 2012 година. Во преработувачката гранка бројот на работни места е зголемен во целата земја за 20% на годишно ниво. Во градежништвото бројот е пораснат за 50%.. Од друга страна во земјоделството, шумарството, рибарството и во секторот осигурување, бројот на работни места е намален. Институтот за истражување на пазарот на работна сила и вработеност наведува дека...

Продолжи со читање

Заврши првиот дел од Лигата на шампиони

Post Views: 271 Извлекувањето на паровите од осминафиналето од Лигата на шампиони е на 15-ти декември во Нион. Завршен е првиот дел од Лигата на шампиони. Од осум групи добивме 16 учесници во првата рунда од нокаут фазата. За многумина возбудувањата почнуваат токму сега бидејќи право на кикс нема никој. Во осминафиналето ќе се сретнат победниците на групите со второпласираните состави. Клубови од иста земја, и клубови кои играле во иста група во првата фаза од натпреварувањето не можат да играат помеѓу себе во осминафиналето. Така на пример, на ждрепката во понеделник не можат да...

Продолжи со читање