Автор: инфодеск
Post Views: 14 Во Охрид се одржува Третиот состанок на Мрежата на Монтреалскиот протокол за земјите од Европа и Централна Азија (ECA). Целта на мрежата е редукција и елиминација на супстанциите контролирани од Протоколот кои го осиромашуваат озонскиот слој.Во рамки на настанот, на Министерството за животна средина и просторно планирање му беше доделена награда за успешно координирање на активностите поврзани со имплементација на Монтреалскиот Протокол.Со состанокот на земјите од Европа и централна Азија, се одбележува 20 годишнината од првиот состанок на Мрежата,...
Денеска во Охрид сончево со умерена облачност
Post Views: 11 Сончево со мала до умерена локална облачност ќе биде денеска времето во Македонија. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Минималните температури во интервал од -3 до 8 степени целзјусови. Максималните дневни ќе се движат од 9 во Маврово до 19 степени во Гевгелија.Во Охрид сончево со мала облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. По свежото утро со температура до 2 степени , дневната ќе се искачи до 16 степени.
Експертите ќе му објаснуваат на Мерко што значи да се биде дел од заштитен регион
Post Views: 17 Состојбата во Струга е полоша отколку во Охрид, смета експертот од Бернската конвенција д-р Андреј Совинц. Утре претставниците на Рамсарската , Бернската и Унеско конвенцијата ќе се обидат на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко да му го објаснат значењето на конвенциите кои се однесуваат и на Струга како дел од Охридскиот регион.„Може да има развој, може да има туризам но ќе мораме сите да се потрудиме подрачјето да опстане како светска исклучителна природна и културна вредност . Оние кои гледаат напредок само во вид на развој на...
Туристичките работници очекуваат плодна туристичка сезона
Post Views: 14 Четирите продолжени празнични викенди во април навестуваат плодна туристичка сезона. Голем број гости го посетија главниот туристички центар. Покрај домашните, изминатиот продолжен викенд забележително беше присуството на туристи од соседството. Најбројни пролетва се групите од Србија, Албанија, Грција и Бугарија.Хотелиерите очекуваат најголема исполнетост за престојниот Првомајски продолжен викенд.„Очекуваме доста солидна исполнетост, како и секоја година претходно. Хотелските капацитети ќе бидат исполнети сигурно, така што се надеваме на добар прилив на...
Утре без вода жителите на неколку улици во Охрид
Post Views: 13 Поради поправка на уличен шибер со профил ф2″, утре ќе има прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид.„На ден 27.04.2023 година (Четврток) од 10:00 до 12:00 часот, без вода ќе бидат корисниците на улиците: “Коста Абраш”, „Цар Самоил“, „Самоилова“ , „Петар Чауле“ и дел од „Илинденска”. “- информираат од ЈП Водовод – Охрид.
Охриѓанец нападнат во угостителски објект за наводен долг
Post Views: 17 На 25.04.2023 во 18.45 часот во СВР Охрид,33-годишен маж од Охрид пријавил дека околу 17.20 часот во угостителски објект во Охрид, три лица, сите од Скопје и уште неколку лица физички го нападнале и му го одзеле клучот од неговото патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки.„Според пријавеното, при нападот бил удиран со пиштол. Како што е пријавено, лицата му барале пари за наводен долг, за кој изјавил дека го вратил, а откако не им дал пари го нападнале“ – вели портпаролот ан СВР Охрид, Стефан Димоски и додава дека се преземаат...
Кривични пријави за трговците кои не го почитувале замрзнувањето на цените
Post Views: 18 Кривични пријави за трговците кои не ги почитувале владините одлуки за замрзнувањето на цените и за изложување на залихите во продажба до 70%, најави Министерот за економија, Крешник Бектеши.Во текот на вчерашниот ден биле оземени над 15 тони овошје и зеленчук од страна на надлежните институции, пришто поднесени се прекршочни пријави и за управителите на Кванташки пазар. Казни има и за увозници на овошје и зеленук, како и компании кои се занимаваат со малопродажба, посочи министерот.Бектеши ги обелодени и имињата на некои од поголемите маркети кои ја...
Акција за собирање зелен отпад во населба Бараки
Post Views: 11 Во сабота (29.04.2023) Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ќе реализира акција за подигнување зелен отпад во У.З.12 „Гоце Делчев” (населба Бараки).Отпадот од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) граѓаните од У.З.12 „Гоце Делчев” (населба Бараки) треба уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 29.04.2023 година и претходно локацијата да ја пријават во Ј.П.”Охридски Комуналец” на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часотЗелениот отпад треба да е...