Автор: инфодеск
Post Views: 236 Повеќе од 10.000 луѓе се собрале во престолнината на Филипини, Манила, и пробувајќи да постават светски рекорд во формирање на симболот “жена“ на светскиот ден на жената. Случувањето го спонзорирала Комисијата за жени во владата на Филипини и локланиот производител на Кока-Кола, пренесува AFP. Во најголемиот парк во Манила се собрале 10.168 лица кои формирале огромен симбол на жената.Организаторите велат дека ќе биде потребно да помине една недела додека рекордот и званично ќе се потврди. До сега не е забележан ваков рекорд во формирање симбол на жената.
Храната со високо ниво на сол е штетна за здравјето
Post Views: 261 На иницијатива на компанијата Нестле одржана е округла маса за значењето од намалување на внесување на сол во храната. Целта била да се подигне свеста за штетноста од прекумерно внесување на овој минерал. Индустријата со поддршка на јавните институции имаат важна улога за решавање на овој проблем со прекумерно внесување на сол во организмот. Нестле уште во 2005 година ја дефинирала политиката на работа за намалување на здравствено осетливите нутриенти. Во склад со тоа Нестле го намалила нивото на сол во производите за 10% и во последните 8 години од кулинарското...
На учениците кои не платиле за храна им ѕвони аларм
Post Views: 227 Новиот начин на електронско пријавување за неплаќачите за храна во училиштата ги разлути родителите во Словенија. Имено,на неплаќачите, поточно на децата, во некои основни училишта им ѕвони аларм и тој начин на електронско пријавување и предупредување, разлути многу родители. Министерот за образование, Јернеј Пикало, најавил дека ќе го разгледа случајот. Предупреден е дека заради овој срамен начин на предупредување децата од сиромашните семејства ги дискриминираат, затоа што се изложени на потсмев од останатите. На ова реагирала и владината службеничка задолжена...
Светски милијардер крадел струја
Post Views: 239 “Dan” пишува дека инспекција открила неовластено крадење на струја на место каде се градат луксузни палати и вили. Се работи за екс воената база на р’тот Платамуна во Црна Гора и во близина на плажата Плоче која е во сопственост на милијардерот Олег Дерипаска. Затоа е исклучен од мрежата и му пресметале долг од 40000 евра. Спрема незванични извори, струјата на Дерипаска ќе му биде вклучена кога ќе го плати долгот. Дерипаска пред девет години на тендер ја купил воената база на р’тот Платамуна за 627 илјади евра. Изградбата на две големи палати и десетина помали...
Еве зошто се Швајцарија
Post Views: 224 Врз основа на извештајот од Европската канцеларија за патенти (OEB), Швајцарија го држи првото место во 2013 по број на патенти во однос на број на жители. Таа имала 7966 пријави за заштита на интелектуална сопственост, односно, 831 на еден милион жители, додека на второто место е Шведска со 402 пријави на еден милион жители, пишува швајцарскиот весник ,20 minutes. Понатаму во извештајот пишува дека спрема бројот на вкупно пријавени патенти, Швајцарија е на третото место, зад Германија (32.022) и Франција (12.417). На светско ниво Швајцарија е на седмото место....
„Ќе ги забранам Фејсбук и Јутјуб“
Post Views: 221 „Има нови мерки кои ќе ги превземеме по 30-ти март, вклучувајќи ја и забраната за користење на Фејсбук и Јутјуб“, изјавил Реџеп Таип Ердоган за приватната турска телевизија ATV. Турската опозиција бара оставка од Ердоган, од кога изби скандал во земјата, бидејќи редица функционери се уапсени поради сомнение за корупција. Минатата недела се објавени снимки од телефонски разговори кои Ердоган директно го поврзуваат со корупција. Во спорниот телефонски разговор, Ердоган наводно од својот син бара да прикрие голема сума на пари. Турскиот премиер во средата ги обвини...
Статуси и мислења кои Фејсбук веднаш ги брише
Post Views: 201 Социјалната мрежа Фејсбук е место каде им се овозможува на корисниците да разговараат за што сакаат, но се покажало дека луѓето многу пишуваат за оружје, па Фејсбук одлучил да се воведат некои ограничувања. Социјалната мрежа е еден од најголемите пазари за оружје. „Имаме повеќе од 550 парчиња оружје и ни треба купувач“, е еден од огласите. Под притисок на законот, фејсбук превземал одредени чекори за да се регулира продажбата на оружје на своите страници, како и на Инстаграм. Страниците кои огласуваат продажба на оружје ќе мора да воведат ограничување за...
Уефа потврди: Од 2018 година стартува Лига на нациите
Post Views: 266 Европската фудбалска федерација (Уефа) потврдила во четврткот на заседанието на Извршниот одбор во Нион дека од 2018 година ќе стартува Лигата на нации која ќе ги замени многуте пријателски натпревари. Вкупно 54 репрезентации ќе бидат поделени во четири дивизии рангирани по јачина (А,Б,Ц и Д) на основ постигнат успех, а секоја дивизија ќе биде поделена во четири групи со по три или четири репрезентации. Во најсилната дивизија ќе бидат 12 репрезентации поделени во четири групи, а победниците на тие групи ќе изборат пласман на завршниот турнир на Лигата на нации во...
Пет “трикови” со кои се служат трговците
Post Views: 210 Не е никаква тајна дека се што се наоѓа на полиците од продавниците – од дизајнот на ентериерот, преку начинот на кој се наредени артиклите до распоредот на производите – наменето е само за една цел, да се потрошат што повеќе пари. Иако совеста на купувачот во последните години поприлично е подобрена, сепак ниту трговците не седеле со скрстени раце. Триковите од трговците сепак се сведуваат во пет основни правила: 1. Две за едно Дали ние сме свесни или не, мнозинството од нас не може да одолее на бесплатните работи, а тоа трговците многу добро го знаат. Од...
Екстремен потез на воен пилот
Post Views: 233 Минатиот викенд се сруши Твитер поради историските самофотографирања (selfie) од Оскарите на Ellen DeGeneres, Bradley Cooper, Meryl Streep, Brad Pitt, Angelina Jolie, Julia Roberts и останатите холивудски ѕвезди, но интренетот доби уште една ѕвезда на самофотографирањето а тоа е воениот пилот од Данска Thomas Kristensen кој станал вистинска интернет сензација откако направил “selfie” во момент кога исфрла ракета за време на една воена вежба. Тој ги објавил фотографиите на Фејсбук и станале вистинска сензација. Kristensen е еден од најискусните дански пилоти, кој...
Блокирани сите бази на Крим
Post Views: 229 Премиерот на Автономната Република Крим Сергеј Аксјонов изјавил дека проруските сили ги контролираат сите стратешки приоди на полуостровот и дека се блокирани сите украински бази. Аксјонов рекол дека на безбедносните сили и на полицијата им се приклучиле 11000 припадници на самоодбраната. Се верува дека ако не се сите, тогаш мнозинството од нив се Руси, иако рускиот претседател и министерот за одбрана демантираа дека упатиле воени сили на Крим, пишува агенцијата АР. Аксјонов исто така рекол дека неговата влада е во постојан контакт со руски функционери. Кримските...
Санкции за Јанукович и соработниците
Post Views: 220 ЕУ соопштила дека санкции ќе има спрема 18 лица, функционери од екс режимот во Украина и дека ги замрзнува средствата кои ги проневериле. На листата се, покрај Јанукович, неговите најблиски соработници, меѓу нив екс министерот за внатрешни работи, правда, државниот обвинител, шефот на безбедносните служби и синот на Јанукович. Санкционирани се и екс премиерот на Украина Mикола Азаров и неговиот син, пренесува АР. ЕУ наведува дека овие функционери се идентификувани дека се вмешани во проневера на државни средства и дека санкциите вклучуваат мерки за обид на враќање...