Skip to main content

Автор: инфодеск

Натпревар стрелање

Во Охрид се одржа Меѓународен турнир со воздушно оружје

Post Views: 46 Во организација на Стрелачкиот клуб “Охрид” денес на стелиштето Бејбунар се одржа Меѓународниот турнир со воздушно оружје. Во име на Општина Охрид организаторите и учесниците ги поздрави советникот Наум Јамандиев и го прогласи турнирот за отворен.Ги упатувам моите честитки до Стрелачкиот Клуб „Охрид“ и Македонската стрелачка федерација за успешното организирање на денешната спортска манифестација, во која сите ќе уживаме.Ние како локална самоуправа, остануваме доследни на нашите заложби за континурано помагање на спортот и спортистите. Верувам дека...

Продолжи со читање

Промоција на книгата “Авантурите на Космонаутко“ во Охрид

Post Views: 41 Во понеделник (07 август) од 19.00 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата „Авантурите на Космонаутко“. Се работи за првото прозно дело од авторот Денис Јанкуловски, познат во јавноста како Космонаутко.Со авторот Јанкуловски за книгата ќе разговара издавачот, Дејан Трајкоски.Јанкуловски ги објавува неговите приказни од Ковид времето, а тие се топли, искрени, секојдневни и вистинити, полни со надеж. За многумина, Јанкуловски е еден од најголемите и најискрените хуманитарци од Македонија. Како медицинско лице и...

Продолжи со читање

Вечерва концерт за виолина и пијано на „Охридско лето“

Post Views: 56 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт на американско-рускиот виолинист Игор Пикајзен и македонската пијанистка Илинка Манова. Тие ќе настапат во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Игор Пикајзен е роден во Москва и е внук на легендарниот виолинист Виктор Пикајзен. Дипломира на „Џулијард“ во Њујорк, а магистрира и се здобива со уметничка диплома на престижниот Универзитет „Јеил“. Во 2019 година е назначен за професор по виолина на Музичката школа „Ламонт“ при универзитетот во Денвер. Наградуваниот виолинист...

Продолжи со читање

Вонредна состојба во Словенија

Post Views: 61 Во Словенија издадена е црвена тревога од поплави. Долготрајни поројни дождови и излевање на реките се очекуваат и денеска, објави Агенцијата за животна средина.Земјата е во вонредна состојба поради невремето кое предизвика досега невидени поплави. Потврдено е дека досега загинаа три лица, од кои двајца холандски државјани. Илјадници луѓе се евакуирани.Хидролозите најавуваат смирување на ситуацијата со реките во текот на утрешниот ден.Министерот за одбрана на Словенија, Марјан Шарец, изјави дека земјата ќе побара меѓународна помош заради справување...

Продолжи со читање

облачно

Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Post Views: 30 УХМР издаде метео предупредување за дестабилизација на времето на целата територија на државата во попладневните часови .“Под влијание на атмосферски фронт во попладневните и ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.” – објавија од управата.Во Охрид претпладне сончево и топло со засилен југоисточен ветер. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми...

Продолжи со читање

Чипс

АХВ проверува дали чипсот со акриламид влегол на македонскиот пазар

Post Views: 52 Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) врши проверки дали чипсот произведен во Србија за кој алармира Европската комисија го има на македонскиот пазар. Проверките следат по алармот дека во чипсот е откриено високо ниво на акриламид кој го зголемува ризикот од некои видови канцер.Ако се потврди дека го има во земјата, производот веднаш ќе биде повлечен од продажба.„Во Системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ сѐ уште не е нотирано дека овој производ е забранет и дека треба да се повлече од пазарите, а дали е кај нас влезен или не, веќе...

Продолжи со читање

Населба Христо Узунов

Со брза интервенција на ТППЕ изгаснат пожар во приземни простории во нас. Христо Узунов

Post Views: 53 Пожар денеска изби во деловни простории во комплексот згради во населбата Христо Узунов. Станари од блиската зграда до приземниот објект пријавиле во ТППЕ дека се издига чад. За среќа, противпожарната единица делуваше исклучително брзо и огнот веднаш беше изгаснат.Просториите во кои избувна пожарот не се користат, запуштени се и во вечерните часови претставуваат собиралиште на млади лица и бездомници. Жителите на оваа населба кажуваат дека во зимските месеци бездомници престојуваат во овие простории и дека повеќе пати таа појава ја пријавувале до...

Продолжи со читање

Касарна охрид

Во касарната приведени две лица од Косово кај кои бил пронајден кокаин

Post Views: 46 На 04.08.2023 во 00.05 часот од просторот на поранешната касарна во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги приведоа М.Р.(24) и Б.А.(23), двајцата од Косово, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање