Skip to main content

Автор: инфодеск

Крваво утро на железничката станица во Минхен

Post Views: 216 Најмалку четири лица се тешко повредени откако засега неименуван маж ги нападнал со нож на железничката станица во Минхен. “По инцидентот, наводниот сторител е совладан и уапсен”, изјавил портпаролот на полицијата за германскиот Bild. Полицијата ги проверува изјавите на сведоците кои рекле дека напаѓачот извикувал “Alahu akbar”, а потоа нападнал. Reuters јавува дека повредените лица се во животна опасност.

Продолжи со читање

Деца ќе можат да тужат родители за објавување нивни фотографии на Facebook

Post Views: 241 Социјалните мрежи за многумина станаа своевиден сурогат за реалниот живот, а најмногу тоа се однесува на најпопуларната мрежа на светот Facebook. Парадоксално е тоа што сите се згрозуваме од нарушувањето на приватноста и воајеризмот на интернет, а во исто време со забрзан ритам се објавуваат постови кои се однесуваат на интимата, вклучувајќи ги и фотографиите. Но, тоа е цената на лудите технолошки времиња во кои се живее и границата помеѓу виртуелното и реалното е тешко приметлива и тоа што ниту во лудило не се прави во реалниот живот се прави на социјалните...

Продолжи со читање

Пожарот во Канада проголта 20% од градот Fort McMurraay

Post Views: 233 Една петтина од куќите во канадскиот град Fort McMurray е уништена во големиот пожар кој веќе цела недела беснее во тој дел на Канада, изјавиле официјални извори од тој град за BBC. Откако го посетил делот со пожари, пратеникот на локалниот парламент, David Yrdiga, рекол дека би можело да биде и полошо и ќе поминат години за градот да биде во можност повторно да профункционира нормално. “Проценката е дека 20% од куќите изгореле но и дека поголемиот број се во ред, без никаква штета”, рекол Yurdiga, “тоа е многу подобро од она што се надевавме”, додал тој. ...

Продолжи со читање

Уапсени седум осомничени соработници на терористичката група од Диво насеље

Post Views: 247 Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција поведува истрага против нови седум лица, осомничени за инволвираност во настаните од 9 и од 10 мај годинава, во кумановското Диво Насеље, соопшти Јавното обвинителство. Осомничените се теретат за сторени кривични дела терористичка организација и тероризам  и се изведени пред судија на претходна постапка , а на предлог на надлежниот јавен обвинител им е определена мерка притвор. Лицата се приведени во акцијата на Министерството за внатрешни работи која се организираше утрово со голем број полициски сили...

Продолжи со читање

Крај за една од највредните банкноти

Post Views: 227 Европската централна банка (ЕСВ) одлучи до крајот на 2018 година да престане во промет да емитува банкноти од 500 евра со кои најчесто се користат криминалците. Советот на гувернери на монетарната институција одлучи да го прекине производсвото на банкноти од 500 евра, а дистрибуцијата на преостанатите резерви ќе биде прекината околу крајот на 2018 година, соопшти ECB. Банкнотата која ја нарекоа Бин Ладен претставува само 3% од бројот на банкноти евра кои се во промет, но 28% од нивната кумулативна вредност, или 300 милијарди евра спрема статистиката на ЕСВ....

Продолжи со читање

10-годишно дете пронашло пропуст на Instagram и е наградено со 10.000 долари

Post Views: 220 Jani e дете од Финска кое има само 10 години и спрема правилата на Facebook сеуште е премлад за користење на Facebook и Instagram, но него компанијата неодамна го наградила бидејќи пронашол пропуст со кој можел да ги брише сите коменатри на Instagram. Тој со промената на кодот на серверите на Instagram можел да ги брише коментарите на сите корисници на оваа мрежа и за медиумите во Финска изјавил: “Можев да избришам било кого, дури и Justin Bieber”. Со оглед дека Facebook, како и бројни други компании ги наградуваат безбедносните истражувачи кои пронаоѓаат и...

Продолжи со читање

Google Chrome стана најпопуларен пребарувач на светот

Post Views: 476 Иако одредени специјализирани портали, кои се занимаваат со статистика, уште пред четири години тврдеа дека Google Chrome е попопуларен од Internet Explorer, Microsoft тие резултати не ги признаваше поради наводна склоност кон пребарувачот на Google. Конкретно, се работело за податоци кои ги објави StatCounter, но за компанијата од Redmond тие податоци не биле релевантни. Сега, најверојатно дојде времето Microsoft да признае дека нивната досегашна доминација со Internet Explorer заминува во историјата. Спрема најновите податоци на компанијата Net Application во...

Продолжи со читање

Северна Кореја за прв пат во историјата истражува грабеж на банка

Post Views: 230 Кражбата во локалната филијала на Централната банка на Северна Кореја се случила во градот Chongjin на границата со Кина, ноќта на 4 април, пишува UPI. “Ова е прв пат да е ограбена банка од основањето на државата и многу жители љубопитно ја следат ситуацијата”, рекол изворот за Радио Слободна Азија, кој побарал да остане анонимен. Банката е сместена во близина на театарот Dorip и обично околу неа кружат стражари. Меѓутоа, се чини дека чуварите за време на кражбата не биле на работните места. Крадците го разбиле влезот и украле кеш од 70 милиони...

Продолжи со читање

Охрид и Македонија отсега на популарниот Google Street View

Post Views: 286 На Google му требаше една година откако прв пат го забележавме нивниот автомобил во земјава, да ги додаде градовите и патиштата во Google Street View. Наместо од птичја перспектива на Google Maps, сега со Street View може да се спуштите директно на улиците на Охрид, Скопје, Битола и други и да ги разгледате одблиску со панорамски фотографии во 360 степени.Во областите каде што Street View е достапен, можете да пристапите до поглед на ниво на улицата со зумирање на најниско ниво на Google Maps со кликнување на сликата Street View на левата страна под полето...

Продолжи со читање

Внимавајте што објавувате на социјалните мрежи

Post Views: 288 Иако на хакерите и сајбер криминалците најважни податоци им се оние за банкарските картички кои ги искористуваат за продажба на разни форуми на dark web или за кражба на пари од сметките, сѐ поинтерени им се и личните податоци за корисниците како што се адресите, датумите на раѓање, имињата на сопружниците, домашните миленичиња… “Ако имате број на кредитна картичка, име и некои додатни приватни информации кои би можеле да се искористат за погаѓање на лозинката, тогаш можете да дојдете до сите информации до кои сакате”, коментирала за ZDnet Apoline...

Продолжи со читање

Од денес на сила новиот закон за безбедност во сообраќајот

Post Views: 256 Од денеска стапува на сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот според кој низ населено место не смее да се вози над 50 километри на час. Најниската казна е 20 евра, или 10 негативни поени, во случаите кога се вози со брзина поголема за десет километри на час од дозволеното. Точно 45 евра или 25 негативни поени, пак, ќе се казнуваат оние што возат со брзина до 30 километри на час повеќе од дозволената, односно ако возат од 60 до 80 во населено место, или од 140 до 160 на автопат.  Досегашните 300 евра казна важеа во случаите кога возачите ќе ги надминат...

Продолжи со читање

Застана со работа најголемата машина на светот

Post Views: 240 Најголемата машина на светот вредна 4,6 милијарди долари, големиот хадронски удирач или трагач по таканаречената божја честичка, која се наоѓа во швајцарскиот CERN застана со работа откако мала ласица се вовлекла во неа и го прегризала струјниот кабел. При тоа ласицата настрадала од ударот на 66.000 волти напон од трансформаторот кој ја покренува машината. LHC бил под полн напон кога научниците забележале сериозна електрична пертурбација во раните утрински часови во петокот. Пратена е инспекција која го открила несреќното животно во одделот за енергетика кој ја...

Продолжи со читање