Skip to main content

Автор: инфодеск

Фотографии како од друга планета

Post Views: 215 Ова е втор пат зимава во североисточниот дел на САД да има голем студ при што замрзнаа и Нијагарините водопади, а 169.000 кубни метри вода кои во просек поминуваат низ нив секоја минута, се претворени во мраз. Протокот на вода на Нијагарините водопади во принцип е доволно силен да може да одолее на температурите како што се оваа зима, но во понеделникот рекордно ниската температура од -13 го застана водопадот – а фотографите ја искористија оваа прилика да направат фасцинантни фотографии каде водопадите се осветлени со рефлектори во разни бои. И во јануари се случи...

Продолжи со читање

Долгови ја притискаат Пиварата Лашко

Post Views: 325 Водечката словенечка пивара Лашко Група, проценува дека нејзините минатогодишни приходи од продажба на производи и услуги изнесуваат 248 милиони евра. Истовремено добивката (EBIT) е околу 21 милион евра. Споредбено од 2012 година групацијата отстварила 271,4 милиони евра приход, а EBIT изнесувал 22,2 милиони евра, пренесува регионалниот портал Seebiz. Како што истакнуваат во компанијата, главниот проблем останува високиот долг кон банките. Словенечките банки се незадоволни од темпото на раздолжување на пиварата која им должи 398 милиони евра, а фирмата ќе остане...

Продолжи со читање

Моќниот „Huracan” под рефлектори во Женева

Post Views: 220 Иако „Huracan” имаше интернет презентација уште на крајот од 2013 година, ова е првото појавување пред публика на некој светски саем на автомобили. На фабричките фотографии можеше да се види дека е во прашање автомобил со современ дизајн во однос на претходниот модел, но и дека не е нарушен препознатливиот стил на Ламборџини. Светло жолтиот примерок го краси штандот на овој производител во Женева.Предниот дел на „Huracan”, со новиот дизајн на фаровите, спуштениот нос и огромните издувни цевки, придонесуваат автомобилот да изгледа поагресивно во однос на...

Продолжи со читање

НАТО фрлил 10т. осиромашен ураниум

Post Views: 245 Порталот Gazetaexpress пишува дека Обединетите нации го прикриле извештајот на шефот на мисијата за просторна програма на ОН, по кој НАТО на Косово има фрлено 10 тони осиромашен ураниум. Во извештајот на Бакари Канте се наведува дека бомбардирањето се случило за време на жетва, а осиромашениот ураниум влијаел на квалитетот на воздухот, водата и земјата, што резултирало со последици на комплетниот ланец на исхрана. Како последица на тоа идните генерации се изложени на зголемен број на оболени од рак, леукемија, абортуси, деформации на новороденчиња, пишува...

Продолжи со читање

Забрана за увоз на Месо од САД

Post Views: 228 Од 10-ти март се воведува повторна забрана за увоз на масо од САД, рекол потпаролот на земјоделската инспекција на Русија Алексеј Алексејенко. Интерфакс укажува дека оваа вест стигнала неколку часа по објавата на Пентагон дека ја прекинува воената соработка со Русија поради случувањата во Украина. „Ние ја ставаме ад акта донесената одлука (за слободен увоз на свинско), бидејќи постоечкиот систем на испорака не гарантира безбедност“, рекол Алексејенко. Русија го забрани увозот на свинско месо во февруари 2013 година заради користење на рактопамин, а на 24-ти...

Продолжи со читање

Милијарда за Украина

Post Views: 222 Пакетот за помош на Украина го поддржале и републиканците и демократите, а парите од околу милијарда долари ќе се употребат за украинската економија. Надворешно политичкиот одбор на американскиот Сенат припрема закон за осигурување на поддршката на Украина, а администрацијата на претседателот Обама се консултира за можните санкции против поединци, Руси и Украинци, со кои соработуваат. Истовремено, агенцијата Reuters пренела дека, во тек е состанок на Барак Обама во белата куќа со истакнати воени и советници за национална сигурност. Состанокот е посветен на...

Продолжи со читање

Видео: Стравична несреќа на Марк Вебер

Post Views: 273 Во Бразилскиот Интерлагос се возеше трката од WEC првенството на FIA (Светско првенство во издржливост) кога Марк Вебер во Порше имаше контакт со Матео Кресони во Ферари. Стравично изгледаше несреќата на Марк Вебер, но за среќа нема тешки повреди. Австралиецот при голема брзина удри во оградата по што автомобилот беше потполно уништен, а на крај и се запали. Вебер е изнесен на носила, но од тимот јавија дека е сѐ во ред со нивниот возач. Тоа беше трката “6 часа Сао Паоло”, осма и последна во сезоната од која најпозната е онаа “24 часа Ле Ман”.{loadposition...

Продолжи со читање

Небесен ровер во атмосферата

Post Views: 231 Научниците планираат да дознаат повеќе за „сестринската планета“ на нашата, но за тоа би требало да користат летало кое го направиле инженерите на компанијата „Norhorp Grumman и L’Garde.  Venus Atmospheric Maneuverable Platform или VAMP, е голем, но изузетно лесен ровер на надувување, кој нема да има човечки екипаж и би требало да ја истражува атмосферата на Венера во тек на една година. VAMP е сеуште во фаза на дизајнирање, но по се изгледа нема да бара премногу компликувана технологија, велат истражувачите. Во орбитата на Венера ќе го однесе вселенско...

Продолжи со читање

Русија: Украинци, предајте се

Post Views: 219 Руската војска им дала ултиматум на украинските сили да се предадат до 4 часот во вторник, по средноевропско време, пренесува BBC. BBC пишува, повикувајќи се на украински одбранбени извори, дека руската војска им порачала на украинските сили на Крим да се предадат или ќе се соочат со “бура”. Сите украински воени бази на Крим се и понатаму под контрола на украинската војска, но се опколени со проруските трупи, потврдил денес функционер од регионалното министерство за одбрана на Крим Владислав Селезнов. “Немаше пукање, освен еден предупредувачки испукан куршум кои...

Продолжи со читање

Пореметување во испораката на гас?

Post Views: 238 Рускиот џин, за производство на гас, Гаспром објавил денес дека не ја исклучува можноста за пореметување во испораката на гас кон Европа поради политичката ситуација во Украина. „Политичката ситуација на напнатост во Украина, додатно ја загрозува и влошува и економската ситуација, која би можела да предизвика пореметувања во испораката на гас кон Европа“, пренесува Itar-Tass, повикувајќи се на извештаите од Гаспром. Од Гаспром порачуваат дека ќе вложат максимални напори како би се намалиле ризиците за извоз, пренесол порталот Seebiz. „Ќе продолжиме да вложуваме во...

Продолжи со читање

Свикан итен состанок на Советот на Европа

Post Views: 202 Австрија, моментално претседавач на Советот на Европа, свикала вонреден состанок на барање на Украина. Министерот за надворешни работи на Австрија Себастијан Курц соопштил, преку својот фејсбук профил, дека званична Виена свикала вонреден состанок на Советот на Европа, со кој претседава. Тој оценил дека ЕУ, Советот на Европа, Организацијата за европска безбедност, како и Обединетите Нации, мораат заеднички да делуваат за пронаоѓање на мирољубиво решение и за смирување на ситуацијата во Украина. Имено, австриските банки, минатата недела, на барање на министерството...

Продолжи со читање

Голема полициска акција во БиХ

Post Views: 219 Од утринските часови полициските сили на Босна и Херцеговина водат голема акција против организираниот криминал под името „Сигурност“, во која спрема неслужбени информации, се приведени над сто лица. Приведените се под сомнение за организиран криминал за трговија со дрога, уцени, лихварство, и други казниви дела, јавува Дневен Аваз. Полицијата извршила претрес на над 250 локации, а нa терен се повеќе од 2000 полицајци. Оваа акција е резултат на повеќемесечна истрага. Обвинителството на БиХ, кое е исто така вклучено во акцијата, објавило дека очекува по апсењето,...

Продолжи со читање