Автор: инфодеск
Post Views: 18 Одлуката за времено одземање на лиценцата за работа на анестезиологот д-р Ваљтон Дервиши, кој снимаше и на социјалната мрежа ТикТок емитуваше пациенти и медицински персонал, ја донесе Судот на честа при Лекарската комора кој заседаваше денеска.Специјалистот анестезиолог нема да смее да работи во струката седум години, што согласно правните прописи е максимална казна што може да се изрече за етички прекршок во работењето.„Судот на честа утврди дека докторот сторил повреда на Кодексот на медицинска деонтологија на ЛКРСМ, како и Меѓународниот кодекс на медицинска...
Општина Струга воведува интегрирано образование
Post Views: 20 Струга воведува интегрирано образование. Преку проектот „Градиме нови мостови” во градинките, основните и средните училишта во струшко започнаа со работа мешани мултиетнички паралелки.Целта е создавање на воспитно образовна клима која ги негува интеркултурните и интеграциските процеси за надминување на културните разлики. Преку заеднички наставни и вон наставни активности се постигнува меѓусебно зближување.Мешани групи ученици, под ист покрив заеднички следат настава.„Во нашето училиште почнаа да се реализираат тие мултиетнички паралелки,...
„Влези, не се соблакај“ на 5-ти мај пред охриѓани
Post Views: 12 На 5-ти мај на сцената на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ гостува познатата актерка Весна Петрушевска со стендап-претставата „Влези, не се соблакај“.Претставата е исповед за животот на Петрушевска, во која во час и половина низ солзи и смеа се раскажуваат нејзините подеми и падови, како и најзначајните моменти од нејзиниот живот, детството, младоста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар.Актерката низ хумор раскажува како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче, со кого...
На 3-ти мај ќе се прска против комарци
Post Views: 11 На 03.05.2023 година (среда) ќе се изврши теристична дезинсекција против ларви од комарци на територија на Општина Охрид на површина од 500 хектари. Се работи за реализација на првиот дел од ларвицидниот третман во рамки на годишниот план за дезинсекција.Активностите се одвиваат согласно склучениот Договор за набавка на услуга за превентивна дезинсекција против возрасни комарци и ларви од комарци во соработка со Министерството за транспорт и врски. Прскањето ќе го спроведе Центарот за јавно здравје од Охрид.
УЈП го продолжи рокот за ДДВ-04
Post Views: 10 Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите за три работни дена. Крајниот рок за поднесување на овие даночни пријави за даночните периоди од 01.01.2023 – 31.03.2023 и за 01.03.2023 – 31.03.2023 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ наместо 25 ќе се смета 28 април.Поместувањето на терминот е направено поради повеќето неработни денови во текот на овој месец. Според објаснувањето од УЈП, рокот е продолжен согласно Законот за даночна постапка, а со цел да се...
Охриѓанец нападнат и ограбен во кругот на општа болница
Post Views: 12 На 24.04.2023 во СВР Охрид било пријавено дека во кругот на ЈЗУ – Општа болница Охрид, П.К.(25) од Охрид бил физички нападнат од едно лице, кое му одзело пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Одбележани 118 години од смртта на Христо Узунов
Post Views: 22 Во рамки на чествувањата по повод одбележување на годишнината од херојската погибија на Христо Узунов, денес делегација на Општина Охрид положи свежо цвеќе пред неговата спомен- биста во градскиот парк.Делегација на општината присуствуваше и на панихидата и се поклони на гробот на познатиот охридски револуционер во Цер – Кичево.Деновиве со културно уметничка програма ООУ „Христо Узунов“ го одбележа патрониот празник.
Нова водоводна линија на крак од Абас Емин
Post Views: 13 ЈП ВОДОВОД Охрид започна со изведба на нова водоводна линија на крак од улицата „Абас Емин“.Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, ќе се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 мм во должина од 83 метри, информираат од јавното претпријатие.Изминатава недела екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 17ти до 23ти Април, покрај редовните проверки и теренски активности , интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување.Отстранети беа дефекти на следните...