Skip to main content

Автор: инфодеск

Италијанска вечер на Охридско лето

Италијанска вечер на „Охридско лето“ со тенорот Лечезе и пијанистот Хаса

Post Views: 41 Традиционалната Италијанска вечер на фестивалот „Охридско лето“ вечерва нуди концерт на извонредните уметници,  тенорот  Џани Лечезеи пијанистот Екланд Хаса кои ќе настапат под акустичните сводови на црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин, од 21 часот.Лечезе е ученик на Вилијам Матеуци и Леоне Магиера.  Џани Лечезе дебитира  во операта „Палјачи“ од Р. Леонкавало во театарот во Пиза, по што настапува со истата улога  во Гросето, Пескара, Витербо  во рамки на театарските сезони и на фестивали. Неговата...

Продолжи со читање

УИНТ Св. Апостол Павле

Стипендии за странски студенти со македонско потекло да студираат на  УИНТ „Св. Апостол Павле“

Post Views: 73 На 176-та владина седница, на предлог на Министерството за образование и наука, е донесена Одлука за доделување стипендии на странски државјани, од државен интерес. Станува збор за предвидени 50 стипендии за странски државјани, студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот полуостров, а кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети, меѓу кои и на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во студиската 2023/2024 година.Исто така, на владината седница е донесена одлука за давање согласност на...

Продолжи со читање

споменик Илинденци

Поклон пред Илинденците

Post Views: 46 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, советници во Советот на Општина Охрид, претставници на политички партии, установи и здруженија утрово во Паркот на Револуцијата положија букети свежо свеќе пред спомен – обележјата на Илинденците. Делегациите се поклонија и оддадоа почит пред херојските дела на борците за слобода и независна татковина од 1903 и 1944-та.Синоќа во Велгошти пред спомен обележјето на Илинденците се одржа свеченоста „Ноќ спроти Илинден“.„Денес, чувствата се силни, дамарите бијат зошто со мислите се враќаме во едно...

Продолжи со читање

изложба Илинденско востание

На видео бим на охридскиот плоштад изложба „120 години од Илинденското востание – архивска меморија“

Post Views: 110 Денеска на големиот празник Илинден на плоштадот Св Климент Охридски во Охрид на видео бим ќе биде презентирана изложбата „120 години Илинденско востание – архивска меморија“ со која Државниот архив се приклучува кон одбележувањето на 120-годишнината од илинденската епопеја.Изложбата беше отворена во рамките на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, пред Македониумот во Крушево, а вечерва во 19 часот ќе имаат можност да ја погледнат и охриѓани и гостите.Изложбата содржи над 300 архивски документи и фотографии прикажани на 20...

Продолжи со читање

мечкин камен

Македонија го празнува Илинден – Денот на републиката

Post Views: 83 Под слоганот „120 години Илинден – Огниште на татковината“, денес, се одбележува 2-ри Август, Денот на Републиката – Илинден. Македонија ги празнува двата Илиндени, 1903-та и 1944-та година, 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ. Илинден е потсетник на концептот на Крушевскиот манифест и идејата водилка на АСНОМ за слободна, независна и просперитетна држава и сите знајни и незнајни жртви положени за таа кауза.Во 1903 година почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти...

Продолжи со читање

Св Пророк Илија

Св. пророк Илија рeвнитeл за вeрата Бoжја-Илинден

Post Views: 53 Денеска православните верници го слават Св. пророк Илија-Илинден, кој има посебно значење за Македонците, бидејќи се слави и како верски и како национален празник, Ден на Републиката.Бoгoвидeц, чудoтвoрeц, рeвнитeл за вeрата Бoжја, св. Илија бил рoдум oд плeмeтo Арoнoвo oд градoт Тeсвит, пoради штo бил нарeчeн Тeсвиќанeц. Кoга сe рoдил Илија, нeгoвиoт таткo Савах видeл ангeли Бoжји oкoлу дeтeтo какo сo oган гo пoвиваат и пламeн му даваат да јадe. Тoа билo прeдзнак на oгнeниoт карактeр на Илија и нeгoвата oд Бoга дадeна oгнeна сила.Сeта свoја младoст ја...

Продолжи со читање

Сончево и топло со температура до 32 степени

Post Views: 40 Времето денеска во Охрид сончево и топло. Максималната дневна температура ќе се искачи до 32 степени.Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. UV=8.До петок во Македонија ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа и во форма на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.

Продолжи со читање

Промовирана книгата “Охридскиот XIX век“

Post Views: 42 Денес во големата сала на Општина Охрид, беше промовирана книгата  „Охридскиот XIX век“, на авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски, со што официјално започна програмата за одбележување на 120 годишниот јубилеј од Илинденското востание. Од името на локалната самоуправа пред присутните се обрати советникот Перчо Божиноски.” Без сомнение, се работи за литературно дело, кое преку магијата на зборовите гради цврст мост помеѓу сегашноста и минатото и затоа треба да го прочита секој вљубеник во македонската книжевност и несомнено секој...

Продолжи со читање