Автор: инфодеск
Post Views: 207 Меѓународниот суд во Хаг констатирал дека Шешељ не е виновен за убиство, мачење, сурово постапување, протерување, нечовечки дела, несовесно разорување и грабеж на имот. За време на образложението судот утврдил дека обвинителството не успеало да ги докаже наводите против Шешељ, а притоа ја истакнало наводната пристрасност на обвинителството при изнесувањето на доказите. Тринаесет години по предавањето на Воислав Шешељ на хашкиот суд Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија денес ја изрече првостепената пресуда на лидерот на српските радикали обвинет...
Renault повлекува повеќе од 10.000 е-автомобили
Post Views: 205 Францускиот производител на автомобили објави повлекување на преку 10.000 електрични возила поради опасноста од пукање на цревото за течност на сопирачките. Возилата кои се вклучени за повлекување, 10.649, се произведени во периодот кога се пуштени во производство во 2012 до октомври 2014 година во фабриката на Renault во Flins во близината на Париз. Во оваа фабрика до сега се произведени 42.300 електрични автомобили на моделот Zoe. Од Renault соопштиле дека сакаат превентивно да ги прегледаат позициите и состојбата на поедини црева за сопирачките и да ги...
Нова средба во Брисел за решавање на политичката криза
Post Views: 259 Лидерите на четирите најголеми политички партии од Република Македонија, Никола Груевски (ВМРО-ДПМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Мендух Тачи (ДПА) и Али Ахмети (ДУИ), во Брисел ќе се обидат да постигнат договор со кој би се решила политичката криза во Македонија.Во Брисел се наоѓаат и амбасадорите на Европската унија и на Соединетите Американски Држави, Аиво Орав и Џес Бејли. Најавено е дека ќе се договараат принципите, а потоа и деталите за транзицискиот период до изборите во април идната година. Европската Комисија веќе предупреди доколку не биде постигнат договор...
Киднапиран е авион на EgyptAir на Кипар
Post Views: 212 Авион на египетската авио-компанија EgyptAir е киднапиран по полетувањето од аеродромот во Александрија и слетал на Ларнака во Кипар. Сеуште не е познато кој го киднапирал авионот, ниту причината за киднапирањето. Аеродромот во Ларнака е затворен, а другите летови се пренасочуваат. Спрема пишувањата на порталот SigmaLive, киднаперот ги пушта жените и децата и побарал војската и полицијата да не се приближуваат до авионот. Новинските агенции наведуваат од извори на компанијата и египетската влада дека авионот кој летал кон Каиро го киднапирал најмалку едно...
Икер Касиљас испиша нова страница во историјата на фудбалот
Post Views: 209 Настапувајќи во пријателскиот натпревар против Романија, голманот на Шпанија, Икер Касиљас (34) запиша 166-ти настап за репрезентацијата со што стана играч со најмногу репрезентативни настапи во Европа. Касиљас така го престигна досегашниот рекордер Виталиј Астафјев кој во кариерата одигра 165 натпревари за репрезентацијата на Латвија. “Среќен сум и горд што собрав толку настапи за репрезентацијата. Сите овие години имаше многу убави, но и лоши моменти. Но, ги памтам само позитивните”, рекол Касиљас додавајќи дека “свесен сум дека се приближува и крајот на...
Технологија која предупредува за замор кај возачите
Post Views: 187 Еден од проблемите со кои се борат голем број на возачи се заморот и поспаноста, а некои истражувања покажале дека бројот на сообраќајни несреќи е често зголемен по менувањето на времето на часовникот кога луѓето спијат еден час помалку и треба малку време за навикнување. Иако нема прецизни податоци за сообраќајни несреќи кои настанале поради замор, сигурно е дека заморот делува негативно на возачите и влијае на намалување на концентрацијата и ги успорува реакциите. Како решение за намалување на сообраќајни несреќи кога се работи за замор кај возачите, неколку...
Zara има тајно оружје со кое ги победува конкурентите
Post Views: 237 Zara има ефикасен ланец на добавувачи и многу брзо ги полни полиците со артикли кои можат да се видат на модните писти, а компанијата често ја фалат дека има и најдобар модел на работа во бизнис секторот. “Уверени сме дека Inditex, компанија во сопственост на Zara, има најдобар бизнис модел кога станува збор за продажба на облека и очекуваме двоцифрен раст на заработка на Inditex во периодот од следните пет години”, објавено е во анализта која ја носи Wall Street Journal. Како што се чини овој беспрекорен успех не е случајност. Zara во својот ракав има оружје...
Пилот ги спасил животите на патниците и екипажот
Post Views: 209 Пилот на компанијата JetBlue, на кого сеуште не му е откриен идентитетот, успеал во саботата попладне безбедно да го спушти авионот и покрај тоа што пред слетувањето имал проблеми со предното подвозје. Имено, поради технички проблем предното тркало едноставно не било можно да се отвори и спушти така што пилотот бил принуден да го приземји авионот Embraer 190 на нос. Како што ќе видите на видео записите на Youtube, тој тоа го направил на најдобар можен начин, но и покрај тоа веднаш интервенирале противпожарните единици поради контакт на авионот со земјата. Сите...
Исламска држава поразена во древниот град Палмира
Post Views: 212 Сириските владини сили повторно ја презедоа контролата врз древниот сириски град Палмира, објавија државните медиуми и групата за мониторинг.„По жестоките судири во текот на измината ноќ, војската потполно го контролира градот Палмира, вклучително и древната знаменитост и истоимената станбена населба. Џихадистите се повлекоа од таму“, изјавил воен сириски извор за француската новинаска агенција AP. „Денеска утрото уште се водеа борби. Меѓутоа, терористите коишто беа останати во градот се ликвидирани. Уништени се последните џихадисти“, изјавил за руската...
Печатеното издание на The Independent замина во историјата
Post Views: 213 Вработените на британскиот дневник The Independent чија продажба беше во голем пад веќе неколку години, во петокот за последен пат ги пуштија во печатење весниците кои се спремаат во потполност да преминат во дигителен формат. Новинарите на овој дневник основан пред помалку од 30 години објавиле фотографии на социјалните мрежи кои ги прикажуваат екипите како тропаат по масите што претставува традиционален поздрав при заминување на колеги. Во последниот уводник, The Independent пишува како ќе се сеќаваат на храброто преминување во 100% дигитален формат како...
Facebook тргнува во борба против лажни и двојни профили
Post Views: 235 Во борбата против онлајн насилието Facebook тестира нова алатка која ќе предупредува ако се појави нов профил кој го користи вашето име и фотографија. Алатката почнале да ја тестираат уште во октомври и веќе е поставена на 75% од корисниците. Ова функционира така што сопственикот на оригиналниот профил ќе биде известен штом дупликатот ќе биде деактивиран, а тој потоа може да го означи тој профил. Инженерите на facebook потоа рачно ги прегледуваат тие двојни профили. Иако ова можеби и не е толку проблем на Facebook, може да биде голем проблем за оние кои се...
Еврокомесарот Јоханес Хан доаѓа повторно во Скопје
Post Views: 229 Еврокомесарот Јоханес Хан од понеделник ќе има заедничка средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и на СДСМ Зоран Заев, а по оваа средба ќе биде одржана и лидерската средба во вообичаениот формат – лидерската четворка со амбасадорите на САД и ЕУ.Не се знае дали на оваа средба и Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) ќе испрати олеснувач, наместо како што претходно се очекуваше, Спцецијален претставник за Македонија на Европската унија. Портпаролот на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска изјави за МИА, дека Високиот претставник Федерика...