Автор: инфодеск
Post Views: 16 Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава, изнесувала 33 720 денари и во однос на истиот месец лани е поголема за 13 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.Зголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната нето-плата во секторите: Градежништво (21.3 %), Информации и комуникации (18.5 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.5 %).Вработените во секторот Компјутерско програмирање повторно имаат највисоки плати во земјава. Вработените во оваа бранша во текот на месец февруари земале и над 90 илјади...
До среда ќе потрае нестабилно време со услови за дожд
Post Views: 12 Во најголем дел од земјава ќе преовладува променливо време со услови за нестабилност и дожд.Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степени.Во Охрид денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за дожд. По утринската температура од 6 степени максималната дневна ќе се искачи до 16тиот степен.До средината на следната седмица во...
Хуманитарна забава „ЖУРКАЈ СЕ ВО БОИТЕ НА ПХВ“
Post Views: 13 Финализираат активностите од овогодинешниот циклус Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ).Вредните и креативни младинци на Црвен крст Охрид секојдневно изнаоѓаат начини да соберат финансиски средства потребни за успешна реализација на овие проекти. За таа цел е и организирање на хуманитарната забава под мотото „ЖУРКАЈ СЕ ВО БОИТЕ НА ПХВ“ која ќе се реализира во Le Petit Bistro Lichnidos на 23.04.2023 г. (недела) со почеток во 20 ч.„Ве очекуваме во недела, да се забавуваме со DJ Shoke, да бидеме хумани и да донираме!“-порачуваат...
Охрид домаќин на меѓународен фолклорен фестивал
Post Views: 11 На платото пред ЦК „Григор Прличев“ во Охрид синоќа започна меѓународниот фолклорен фестивал „Велигденски фестивалски денови во Охрид“. На фестивалот учествуваат 6 фолклорни ансамбли од Македонија, Србија, Грција и Бугарија со 200 учесници.На отворањето на настанот се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски.– Задоволство и чест е да се присуствува на отворањето на меѓународниот фестивал „Велигденски фестивалски денови во Охрид“ што се одржува седма година по ред во нашиов град една недела по големиот христијански празник Велигден....
Во Охрид ќе се одржи републички Мастерс квиз
Post Views: 18 Охридско струшкиот огранок на Македонска квиз асоцијација на 7-ми мај е домаќин на републички Мастерс квиз.Од асоцијацијата имаат важно соопштение за јавноста, кое не замолија да го пренесеме без да го менуваме „литературно“.Ви го пренесуваме соопштението интегрално и без корекции.Браќа земјаци и мили комшии!Мије – вашите роднини, другари и комшии од Македонска квиз асоцијација – запрепастени од монотонијата што владејт околу нас, волни да додајме некоја културно-забавна содржина и решени знаењето да го напрајме фраерлак – ве каниме на...
Две години се одолговлекува судскиот процес за струшката депонија
Post Views: 22 Две години се одолговлекува судскиот процес за струшката депонија. Постојано се одлагаат рочиштата, за судот не е приоритет загадувањето на животната средина и штетите по здравјето на луѓето, велат од Здружение на млади правници, кои ја поднесоа првата граѓанска тужба за дивата депонија.Екологистите алармираат, проблемот со струшката депонија бара итно решавање, бидејки иминативе пет години нема никакво подобрување на состојбите со управувањето со отпадот. Се загадува почвата, воздухот и водата.„Одложени се над 80 илјади тони смет на таа депонија, Како...
НАТГ „Аматер“ одбележува јубилеј со „Чернодрински се враќа дома“
Post Views: 18 Независната аматерска театарска група „Аматер“ од Охрид одбележува 10 години постоење. По повод годишнината премиерно ќе ја изведе театарската претстава „Чернодрински се враќа дома“ на текст на Горан Стефановски.Премиерата е закажана за 26.04.2023 (среда), со почеток од 20:00ч, на малата сцена при НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид.Режијата е на Јован Цветкоски, а улогите ги играат Томе Укоски, Леа Новеска-Цекиќ, Димитар Назифоски, Јован Цветкоски, Илија Трале Левески, Глигор Велјаноски, Ема Алекс. Светло мајстор е Борис Велјаноски, музика Јане Тодороски, Христијан...
Југозападен регион создава најмногу комунален отпад
Post Views: 17 Вкупното количество на создаден комунален отпад во земјава во 2022 година изнесува 856 766 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител е 467 килограми, што е за 3.3 % повеќе од 2021 година.Рекордер по создаден комунален отпад во 2022 год. е Југозападниот регион со 183 521 тони. Собран комунален отпад 56 499тони што значи од отпадот кој се создава се собираат само 30%.Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот регион – 172 288 тони или 28.4 % од вкупното собраното количество отпад во државата. Во скопскиот...