Автор: инфодеск
Post Views: 165 Основното јавно обвинителство од Охрид поведе постапка за прекршување на изборниот процес, против лица кои наводно подготвувале поткуп на гласачи. Имено, возило било сопрено по оперативни сознанија на полицијата, дека во истото има лица кои вршат кривично дело поткуп при гласање, информираа вечерва од Јавното обвинителство на Република Македонија.– Возило беше запрено, легитимирани се три лица, а во автомобилот биле пронајдени 30 банкноти од по 2.000 денари и наводен список на лица кон кои требало да се даваат тие пари, информираат од обвинителството.Од...
ДИК: Излезноста во Охрид до 18:30 часот е 48,23% , во Дебрца 62,04%
Post Views: 120 Според официјалните резултати на Државната изборна комисија (ДИК), одзивот на локалните избори во Охрид до 18:30 часот е 48,23%, a на ниво на државата, до 18:30 часот гласале 46,65% од граѓаните. Во Општина Дебрца на гласање излегле 62,04% од вкупниот број избирачи.За кандидат за градоначалник да биде избран во првиот круг, тој мора да добие мнозинство гласови од гласачите кои гласале, но само доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список за соодветната општина. Доколку во првиот круг од гласањето за избор...
20 пријави за нарушување на изборниот молк во Македонија, 2 во Охрид
Post Views: 121 За време на предизборниот молк, од 18-ти октомври, до 07:00 часот на 19-ти октомври 2025 година, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк.– Од нив шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, три на подрачјето на СВР Велес, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и еден на подрачје на СВР Струмица. По преземени мерки не се потврдени пријавите за 15 настани. Покрај ова, регистрирани се 47 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се...
Изборите во Охрид и Дебрца се одвиваат непречено и без проблеми
Post Views: 115 Државната изборна комисија објави дека до 11 часот на Локалните избори во Охрид излегле 5213 граѓани со право на глас, односно 9,92% од вкупниот број запишани избирачи.Во општина Дебрца, пак, до 11 часот гласале 545 лица, или 13,8%.Oпштини со најголема излезеност се Чашка 22,60 проценти, Новаци 19,3, Крива Паланка 16,85, Берово 13,51 процент, Богданци 14,55, Бутел 10, Вевчани 16,02, Виница, 10,76, Гевгелија, 12,81, Градско 15,27, Дебрца 15,76, Демир Капија 15, Кратово 16,16, Крушево 16,97, Пробиштип 17,64, Ранковци 15,05, Струга 8,8%… Со најмала...
Локални избори 2025: Македонија избира градоначалници и општински советници
Post Views: 243 Во 7 часот денеска започна гласањето на осмите Локални избори од осамостојувањето на државата. Од Државната изборна комисија велат дека навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.На Локалните избори 2025 право на глас имаат 1.832.415 граѓани, а меѓу вкупниот број државјани со право на глас се и 112 илјади запишани во посебниот Избирачки список со лица во странство, како и 2.162 лица во затвор односно притвор и 450 гласачи од домовите за стари лица.52 580 охриѓани денеска гласаат на 87 избирачки места. Во...
Едриличарската Федерација на Македонија на 53-тото Балканско првенство во Бугарија
Post Views: 194Едриличарската Федерација на Македонија ќе ја претставува нашата земја на 53-тото Балканско првенство во едрење за олимписки класи и Оптимист, што ќе се одржи во Несебар, Бугарија.Настанот, во организација на Бугарската едриличарска федерација и Општина Несебар, ќе ги собере најдобрите едриличари од балканските земји кои ќе се натпреваруваат во класите Optimist, ILCA 4, ILCA 6 и Finn.Натпреварите ќе се одвиваат од 17-ти до 19-ти Октомври, планирано е одржување на максимум девет трки во секоја класа, а завршната церемонија и доделувањето на...
СВР Билтен: Сообраќајка на патот Охрид-Ресен, нападнат малолетник, приведен охриѓанец
Post Views: 143 На 17 октомври 2025 година, во 13:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица. Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 58-годишно лице од селото Речани, кичевско и товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 27-годишно лице од селото Беранци, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Рено“, а со телесни повреди се здобил возачот на товарното возило, констатирани во...
Прекин во водоснабдувањето во Пештани
Post Views: 153 Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 09:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците во село Пештани.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
Шајн на последниот прес пред изборниот молк: Ви ветувам работа, враќање на достоинството на Охрид и на охриѓани, ветувам отвореност, отчетност и искреност, без популизам и без манипулации
Post Views: 176 –Ви ветувам работа, враќање на достоинството на Охрид и на охриѓани, ветувам отвореност, отчетност и искреност, без популизам и без манипулации, кажа на последниот прес пред изборниот молк, Асен Шајн, кандидатот за Градоначалник на Охрид од СДСМ и коалицијата.-Изминатиов период бевме сведоци на нешто што навистина го потценува секој еден граѓанин на нашиот град. По години неработа, во последен момент започнаа проекти што одамна требаше да бидат завршени – без јасна визија и со единствена цел да се соберат политички поени. Иронијата е уште поголема...
Љутков: Мерко незаконски издал одобрение за градба
Post Views: 201 Градоначалникот на Струга незаконски издал одобрение за градба, кое веднаш по уривањето на Спомен куќата на Владо Малески, самиот го поништил. Ова го соопшти министерот Љутков, при денешниот увид на терен. Според него, проектот за кој позитивно мислење издала Управата за заштита на културното наследство бил приземје и еден кат, а општината издала одобрение за објект со дополнителни подрумски простории.Копајќи ги подрумите, со багер градежникот ги поткопал темелите на Старата струшка куќа и предизвикал уривање на ѕидот и покривот....
Јасен вид блиску до домот. Битола добива прва приватна очна болница — СИСТИНА ОЧНА БОЛНИЦА By ПРОМЕДИКА ОФТАЛМОЛОГИЈА
Post Views: 234 Граѓаните на Битола и целиот Пелагониски регион добиваат пристап до врвна очна здравствена грижа со отворањето на првата регионална очна болница — Систина очна болница By Промедика Офталмологија, која свечено ќе биде отворена на 21 октомври 2025 година.Оваа современа болница е резултат на долгогодишната посветеност и речиси десетгодишното успешно функционирање на дијагностичкиот центар на Систина Офталмологија во Битола, кој прераснува во комплетна очна болница.Систина очна болница By Промедика Офталмологија ќе обезбедува услуга за пациенти од сите...
Општинска изборна комисија Охрид известува за промена на локации на избирачки места
Post Views: 178 Општинската изборна комисија известува за промена на локации на гласачки места за претстојните локални избори 2025 година. На територија на Општина Охрид променета е локацијата на 7 избирачки места.Избирачките места 1254, 1254/1 и 1264/1 од Градски пазар- Нов објект се префрлени во О.С.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште.Избирачкото место 1264 од МЗ – Кошишта е префрлено во О.С.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште.Избирачкото место 1267 од приватен објект на ул. Железничка е префрлено во О.У. „Кочо Рацин“ – поранешна...